Почнувајќи од оваа година, па наредните седум години годишното поскапување на цигарите, предизвикано од повисоката акциза, ќе изнесува четири денари по кутија.
Ново поскапување на цигарите за 5 денари. Цигарите Бонд кои се продаваа по 65 денари, сега се продаваат по цена од 70 денари. Повисока цена имаат и цигарите Бренд, која од 65 скокна на 70 денари, Ориентал од 65 на 70 денари, Малборо лајт од 130 на 140 денари, Сан слим, од 80 на 85 денари, Честерфилд, од 75 на 80 денари.
Моментално не се поскапени цигарите од типот Малборо тач, Малборо кор и Малборо слим.
Неодамна за пет денари поскапеа и цигарите: West silver, West red, West white,Walter Wolf,Ronhill Black и Gold.
Според календарот на зголемување на акцизите од јуни 2017 година цигарите ќе бидат поскапи за четири денари.
Почнувајќи од оваа година, па наредните седум години годишното поскапување на цигарите, предизвикано од повисоката акциза, ќе изнесува четири денари по кутија.