Промовирани огласи »

Маски се купуваат секој месец, исто и средства за дезинфекција. Мора да се издвојат пари за ковид-тестирања доколку сакаме или мораме да излеземе или влеземе во земјава, или, не дај Боже, се разболиме. Мора да имаме пари на страна, за витамини и терапија кои воошто не се евтини, велат голем број граѓани.

Граѓаните се погласно реагираат дека, за разлика од западноевропските земји, како кои се стреми да биде и Македонија, кај нас државата не обезбедува бесплатни заштитни медицински маски, уште помалку бесплатни брзи тестови за влез во институции.

- Навистина ме интересира дали кога учениците ќе тргнат во училиште ќе имаат обезбедено бесплатни заштитни маски, или тоа повторно ќе биде обврска и трошок на родителите, прашува еден родител.

Голем дел од граѓаните, на социјалните мрежи, реагираат дека кога се воведуваат радикални мерки за заштита од корона пандемијата, државата мора да понуди барем минимална помош и поддршка во трошоците кои ги подразбира оваа борба.

-За влез во културни институции во Австрија самата институција има обезбедено брзи тестови, услуга која е бесплатна, додека кај нас доколку сакаш да купиш тест за сам да се тестираш на корона вирус, мора да одвоиш 500 денари, пишува една граѓанка која додава дека, поради немањето термини за тестирање на државно, најчесто граѓаните се приморани да се тестираат на приватно каде цените се над 1.000 денари.

-Додека држави како Франција, Германија...имаат радикални мерки да, но и прават напори да се олесни движењето на жителите и во услови на пандемија, кај нас се е поинаку. Поради немањето избор за вакцина, многумина беа приморани на свој трошок да патуваат во соседна Србија да се вакцинираат, сами да плаќаат тестирања, гласи друг коментар.

Промовирани огласи »

Заостанатите долгови кон „Водовод и канализации“ граѓаните ќе можат да ги подмират почнувајќи од 23 август, па се до 1 октомври, извести директорот на претпријатието, Душко Весковски. 

ЈП Водовод и канализација - Скопје продолжува да работи во интерес на своите корисници и граѓаните на град Скопје. Во таа насока, ЈП Водовод и канализација – Скопје ја известува јавноста и граѓаните на град Скопје, дека повторно се спроведува акцијата за наплата на долговите без пресметка на камата. Акцијата за наплата на долговите на рати без камата за физички и правни лица е со определен временски рок, почнувајќи од 23.08.2021 заклучно до 01.10.2021. Ги повикуваме сите корисници кои имаат заостанат долг во овој период да аплицираат за склучување на договори за исплата на долговите на најмногу 24 рати, во зависност од висината на долгот, без пресметка на камата за задоцнето плаќање. По истекот на овој период одлуката престанува да важи, известува Весковски.

Притоа, тој нагласува и дека имајќи ја предвид ситуацијата со корона вирусот, заради заштита на сопственото здравје и здравјето на другите, како и превенција од ширење на вирусот, повикуваме на разбирање и почитување на сите протоколи кои ќе се спроведуваат од страна на ЈП Водовод и канализација – Скопје, при посетите на претпријатието од страна на корисниците за склучување на договорите.

Промовирани огласи »

Балансот помеѓу семејните обврски и потребата за економска независност го прават претприемаштвото предизвик за иновации и истрајност. Постојат четири столба кои може да ги подготват сите луѓе кои размислуваат да одат во насока кон претприемништво,без разлика дали имате искуство од претходно или пак почнувате од нула.

Обуката претставува еден од најважните столбови за претприемач. Треба да бидете во тек со прашањата кои што најмногу го засегаат бизнисот,а тоа ќе ви овозможи да генерирате нови идеи и да го подобрите донесувањето на одлуките. Важно е да имате добар маркетинг или промоција на производи и услуги,операции или процесот на производство,изработка на производите како и финансиите кои на крајот ќе бидат најобјективен показател за перформансите на вашиот бизнис и продажба,бидејќи без продажба нема да има приход.

Следниот столб е да бидете поврзани со многу луѓе. Бизнисот никогаш неможете да го водите сами. Треба да бидете опкружени со искусни луѓе кои би  можеле да придонесат нешто за вашиот бизнис и да имате мрежа на  сојузници за она за што сметате дека сте помалку добри.

Третиот столб е рекламирање на вашиот бизнис на специјализирани страници наменети за истото,кои што ќе може да одговорат на прашањата што всушност вие правите, зошто го правите тоа,каде може да ве најдат и какво мислење имаат останатите клиенти за вас.

Четвртиот столб се однесува на начинот на плакање. Убаво би било доколку прифатите повеќе начини на плаќање,од готовина па се до електронско плаќање,бидејќи електронскиот начин на плаќање дава пристап до повеќе клиенти.

 

 

Промовирани огласи »

Најнова здравствена студија во Обединетото Кралство покажала дека во рок од три месеци опаѓа заштитата што ја обезбедуваат вакцините на „Фајзер“ и на „Астра зенека“ против доминантниот делта-сој на коронавирус, пренесуваат медиумите во регионот.

Откриено е дека оние што се инфицирале откако ги примиле двете дози на вакцината, може да претставуваат поголем ризик за другите луѓе.

Студијата на Универзитетот во Оксфорд, заснована на повеќе од три милиони примероци земени од нос и грло низ Британија, покажала дека 90 дена по втората доза од вакцината на „Фајзер“ или на „Астра зенека“, нивната ефикасност во спречувањето на инфекцијата била намалена на 75 и на 61 проценти.

Притоа падот на ефикасноста на вакцините бил поизразен кај луѓе на возраст од 35 години и другите повозрасни лица, отколку кај помладите луѓе.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »