Промовирани огласи »

Е-трговијата претставува купување на стоки и услуги преку интернет во замена за пари и податоци за завршување на трансакција. Првенствено е-трговијата се спроведува преку десктоп компјутер или мобилен телефон. Но, на кој начин всушност  функционира е-трговијата?

Иако е-трговијата може да се одвива преку повеќе електронски уреди,сепак мобилната верзија изнесува скоро две третини од сообраќајот во последните две години. Нешто повеќе од половина од реалната продажба се случила преку телефон.

Во зависност од видот и големината на платформата за е-трговија,клиентите може да имаат можност да пребаруваат по категории за оној производ што сакаат да го купат. Со тоа тие можат да направат и споредба помеѓу неколку продукти пред да одлучат што ќе купат. Откако клиентот ќе се одлучи што ќе купи,патот до купувањето треба да биде прилично лесен.

Голем дел од страниците за е-трговија нудат “Кошничка“,односно електронска количка која што клиентите можат да ја полнат со производите што ќе ги изберат и кога ќе завршат можат да платат за сите продукти наеднаш.

Секој што има пристап до интернет и средства за плаќање по електронски пат може да учествува во е-трговија. Е-трговијата функционира одлично поради нејзината погодност,големиот избор на производи,споредбата која може да се прави помеѓу производите,лесната и брза трансакција и испораката.

Промовирани огласи »


ТАВ Македонија го смени Протоколот за управување со аеродромите во време на пандемија откако Владата донесе нови мерки и препораки за заштита од Ковид-19. Според новите правила од вчера од 21 часот влез во аеродромската терминална зграда ќе биде дозволен само со приложување на еден од три сертификати односно пропусници. 


Граѓаните кои сакаат да влезат можат да го сторат тоа со сертификат за извршена вакцинација, односно примена најмалку прва доза на вакцина против заразната болест Ковид-19. За влез може да се приложи и потврда за прележан Ковид-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето или медицинска потврда со негативен резултат од PCR, не постар од 72 часа. Влезот е овозможен и со брз антиген тест не постар од 48 часа, пред влегување.
„Ова не се однесува на лица под 18 години. Влезот во аеродромската терминална зграда е на вратата Заминување С, додека излезот е на вратата Пристигнување , стои во изветсувањето од ТАВ Македонија.

Промовирани огласи »

Водечката технолошко-финансиска компанија „MasterСard“ објави дека одлучила да престане со издавање картички со магнетни ленти, пренесува „ВВС“.

До 2033-та година, ниту една од дебитните или кредитните картички на „MasterСard“ нема да имаат магнетна лента, а банките во многу региони, вклучувајќи ја и Европа, ќе можат да издаваат картички без ленти веќе од 2024-та година.

Веќе во 2006-та година, Обединетото Кралство се префрли на плаќање со картичка со помош на чип и ПИН, кој е широко користен низ остатокот од Европа, но магнетните ленти сѐ уште се користат во САД.

„MasterCard“ тврди дека чип картичките како и новите биометриски картички кои користат отпечатоци од прсти нудат поголема сигурност.

Магнетната лента беше развиена во 1960 -тите како дел од проектот на „IBM“ за создавање лични карти за персоналот на ЦИА.

Пандемијата, вели „MasterСard“, го истакна апетитот за различни начини на плаќање, а бесконтактните плаќања што можат да се извршат преку картичка или телефон се зголемија за повеќе од една милијарда трансакции во првиот квартал од 2021-ва година во споредба со истиот период од минатата година.

Промовирани огласи »

Почнувате со работа во нова фирма или пак си заминувате? Тоа значи дека треба да се пријавите или одјавите од работен однос, односно од задолжително социјално осигурување. Во некои компании таа работа ја извршуваат административни асистенти или сметководители, но некаде треба да го направите тоа сами.

Пријавување во работен однос

Работодавачот, како што наведува Агенцијата за вработување на Македонија, е должен да го пријави секое засновање и престанок на работен однос.

Пријавувањето на работен однос, работодавачот може да го изврши по електронски пат (само за приватниот сектор) или непосредно на шалтерот во центарот за вработување. Пријавувањето на работен однос рабодотодавачот е должен да го изврши најдоцна еден ден пред работникот да стапи на работа, со поднесување на потребната документација до центарот за вработување на чие подрачје се наоѓа седиштето на компанијата, односно местото на работење на работодавачот.

Меѓу потребните документи за пријавување работен однос се:

  • ППР образец, во којшто рокот за пријавување не може да биде пократок од три работни дена,
  • Овластување на овластеното лице со список на лица кои ги пријавува
  • Исечок од објавениот оглас во дневен печат, доколку огласот бил таму поставен или фотокопија од договор за користење на услуги доколку се користени услуги на Агенција за посредување при вработување
  • Известување, односно согласност доколку се пријавува работен однос во државна или јавна институција.
  • Штом се приложат овие документи, се евидентира пријавувањето на работниот однос во електронскиот образец М1/М2 во системот на Агенцијата за вработување.
  • Одјавување на работен однос
  • Одјавувањето од работен однос се врши со поднесување на потребната документација до центарот на вработување во местото каде што бил пријавен работникот. Одјавувањето од работен однос во приватниот сектор може да се врши и по електронски пат, само доколку и пријавувањето е направено на тој начин.
  • Одјавувањето од работен однос го врши работодавачот во рок од осум дена од денот на престанок на работниот однос.

Потребни документи за одјавување на работен однос:

  • Овластување на овластено лице со список на лица кои ги одјавува
  • Електронски образец М1/М2 испечатен од системот.
Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »