Промовирани огласи »

За неколку дена следи неработен ден за православните верници. 

Министерството за труд и социјална политика објави дека Успение на Пресвета Богородица – Голема Богородица 28 август (сабота) е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед. Од МТСП на граѓаните од православна вероисповед им го честитаат празникот. 

Промовирани огласи »

Се зголемиле платите во Република Српска, каде просечната плата е 500 евра, објави тамошниот завод за статистика. 

Причината за зголемувањето на платата е тоа што од минатиот месец се пресметува поголем дел приход што не се даночи, објави Српска инфо. Од јули двојно е зголемен износот што вработените го имаат врз основа на поврат на данок за издршка на семејство. Највисока просечна плата има во сферата на финансиите и осигурувањето, а најниска во дејноста на сместување, подготовка и послужување храна. Цените на производите минатиот месец биле пониски за 0,1 отсто. Најголем раст на цените е регистриран кај превозот поради поскапувањето на горивата, а најголемо намалување на цените е забележан во трговијата со текстилни производи. Плати над 500 евра има и во Србија, и во Црна Гора. Словенија и Хрватска пак се земји кои од поодамна имаат повисоки плати.

Промовирани огласи »

Македонските граѓани можат слободно да патуваат во Албанија, но многу европски земји воведоа ограничувања за патувања. 

При влез во Австрија, потребно е да имате потврда за вакцинација или потврда за претходно прележан ковид или негативен тест (ПЦР или антиген), под услов лицето што влегува во земјата во претходните 10 дена да престојувало исклучиво во една од т.н. безбедни земји. За транзит низ Австрија не е потребен тест. 

За влез во БиХ е потребен негативен PCR тест, не постар од 48 часа.

Граѓаните можат да патуваат во Бугарија со документ за целосна вакцинација, негативен ПЦР тест, не постар од 72 часа или негативен брз тест за антиген (не постар од 48 часа) (сметајќи од датумот на тестирање внесен во документот) – оние кои го прележале вирус наместо тест можат да приложат документ што покажува позитивен ПЦР резултат или антиген тест извршен во периодот од 15 до 180 ден (сметајќи од датумот на тестирање).

За патување во Грција, потребен ви е електронски формулар ПЛФ што мора да се пополни најмалку 24 часа пред да влезете во Грција – негативен ПЦР тест, не постар од 72 часа (на деца под 5 години не им треба тест) или антиген (брз) тест (не постар од 48 часа)) – потврда за завршена вакцинација (најмалку 14 дена пред пристигнување во Грција) лица кои се заразиле со вирусот во претходните шест месеци пред патувањето, можат да влезат со потврда за болеста. Деца до 12 години слободно можат да влезат кај јужниот сосед. 

Патниците кои престојувале во Македонија, десет дена пред да влезат во Германија и се постари од шест години, се должни пред полетувањето да стават на увид: негативен тест за присуство на вирусот, потврда за ревакцинација или потврда за прележан ковид-19.

За влез во Црна Гора на странците има нови правила. Одлуката на Валдата на Црна Гора стапува на сила од денеска, а тоа значи дека непречен влез во земјата ќе бидат овозможени со еден од следните четири докази:

  • Да бидат целосно вакцинирани и/или вакцинирани со една доза на вакцина против ковид-19;
  • Да имаат негативен PCR тест за SARS-CoV-2, не постар од 72 часа;
  • Да има доказ дека лицето го прележало Ковид -19 (дека не поминале помалку од 14 дена и не повеќе од 180 дена од позитивниот ПЦР или брз антиген тест);

Да има негативен брз тест за антиген за САРС-КоВ-2 што не е постар од 48 часа.

Доколку странските државјани немаат ниту еден од четирите докази, тие се испраќаат на четиринаесетдневна самоизолација што може да се прекине по шестиот ден од влегувањето во Црна Гора со негативен PCR тест.

Промовирани огласи »

НЕПТУН ДОНAТОРСКА КАМПАЊА ПО ПОВОД СВЕТСКИОТ ДЕН НА ХУМАНОСТА

World Humanitarian Day -19.08.2021

Како дел од стратешко партнерство помеѓу СОС Детско село и НЕПТУН Македонија „Заедно за повеќе насмевки“, почнувајќи од 03.08.2021 НЕПТУН организираше хуманитарна кампања “Заедно донираме повеќе” која симболично заврши на светскиот ден на ХУМАНОСТА 19.08.2021. Со кампањата беа опфатени повеќе производи од сите брендови што се продаваат во мрежата од 25  продажни места во 21 град во Македонија, при што за секој купен производ вклучен во хуманитараната кампања, НЕПТУН МАКЕДОНИЈА донираше 1% од нето вредноста на продадените производи во тој период. Преку хуманитарната акција, компанијата упати повик до своите купувачи да се вклучат во истата, со транспарентна комуникација во текот на времетраењето на кампањата.

По повод Светскиот ден на хуманоста, од каде произлезе идејата за спроведување на акцијата, на 23.08.2021 во дворот на СОС Детско село беше врачен чек во износ од 100.000 денари, финансиски средства кои ќе се искористат за тековните потреби на децата и младите без родителска грижа поддржани од СОС Детско село, но истовремено и  ќе донесат многу насмевки на децата.

За да кампањата има поголем импакт НЕПТУН ја прошири активноста и со дополнителна донација во добра спрема потребите за тековно функционирање на згрижувачките семејства од СОС Детско село при што  на тој начин дополнително се достави и донација во добра на апарати за домаќинство во вредност од 100.000 денари од брендот Фуего за кој Нептун е ексклузивен застапник.

За оваа заедничка соработка генералниот директор Горан Цветинов на НЕПТУН Македонија изјави:

Во име на сите вработени во компанијата, сакам да изразам најискрена благодарност до сите наши купувачи кои активно се вклучија во поддршка на кампањата “Заедно донираме повеќе”. Секој купен производ значи доверба во Нептун и поддршка на корпоративната иницијатива, собирање средства за добротворни цели, осигурувајќи дека истите ќе бидат проследени на оние кои се наш мотив да придонесеме за витална разлика во заедницата. Делуваме со огромна страст за градење свест за поддршка на добротворни акции кај сите наши клиенти, соработници и партнери. Ние во Нептун сакаме да го направиме својот дел и ќе продолжиме да соработуваме и ќе се потрудиме да поддржиме што повеќе иницијативи во уникатната дејност што ја спроведува СОС Детско село. Оваа донација е на некој начин само интензивирање на соработката со Сос Детско село и секако истата продолжува во периодот што следува во духот на Нептун како општествено одговорна компанија.

За значењето на ова стратешко партнерство и донациите направени од страна на НЕПТУН Македонија изјава даде раководителката на секторот за собирање средства и комуникации од СОС Детско село, Силвија Димитрова:

“Она што е одлика на човекот е потребата да споделува, да помага, да дарува, да биде хуман. По повод Светскиот ден на хуманоста, нашиот стратешки партнер НЕПТУН Македонија ја препозна таа потреба и делуваше во насока на поддршка на нашата работа  - обезбедување топол дом, љубов и грижа во семејна атмосфера  и поддршка во подготовка за самостоен независен живот на деца и млади од ранливи категории. Работа која се одвива во континуитет, секој ден, недела, месец. Работа која не може да застане, да престане, да се откаже. Во тој дух, компанијата НЕПТУН ја препозна важноста на одржливоста на нашата работа и стана амбасадор на нашата мисија.

Им благодариме на НЕПТУН Македонија за хуманоста, донациите и стратешкото партнерство, и се надеваме дека ќе бидат инспирација  и на останатите компании да помагаат на ранливите категории – кауза полна со емоции.

Лепа Петровска (Бренд менаџер Фуего)

Александра Ивановски (Директор на приватна установа на СОС Детско Село)

Горан Цветинов (Генерален директор на Нептун Македонија)

Силвија Димитрова (Раководителка на секторот за собирање средства и комуникации)

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »