Промовирани огласи »

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, вели дека вчерашната одлука на Владата да им дозволи на угостителите со 30 отсто да работат во затворениот дел е доволно олеснување, но вели дека засега неприфатливи се нивните барања да се дозволи влез на невакцинирани посетители кои се прележани од Ковид-19 најмногу до шест месеци, ниту пак можноста тие да приложат негативен PCR-тест.

Битиќи вели дека ваквата одлука се темели единствено на препораките на Комисијата за заразни болести, но признава дека „во одреден период требало да има многу порестриктивни мерки“.

Единствено заради препораките на Комисијата за заразни болести, секоја нивна препорака се разгледува на седниците на Владата и се носи како одлука. Тоа беше препорака и така се постапи. Во одреден период требаше да има многу порестриктивни мерки, а сега сме во фаза на одреден пик кој треба да започне да се намалува.

Не можам да кажам лично мислење, тоа е одлука на Комисијата. Јас ги почитувам нивните одлуки и не можеме да се мешаме. Треба да имаме разум во одреден временски период, дополнителното ПЦР тестирање нема да го зголеми бројот на посетители. Во моментот кога Комисијата ќе каже дека нешто е возможно, јас прв ќе го поддржат тоа, рече вицепремиерот денеска пред медиумите.

Угостителите бараат промени на новите мерки за заштита од Ковид-19, откако уште во првите денови од нивната примена забалежаа пад на прометот од најмалку 30 проценти во однос на изминатите недели. Се откажуваат и веќе закажаните свадби и настани зашто со бројот на вакцинирани гости, не може да се организираат. 

Најавуваат протести, доколку нема можност за измени на мерките кај потврдата за прележан Ковид во последните 45 дена. Предлагаат таа да биде заменета со потврда за прележан вирус во последните шест месеци, како што е во поголем број од државите и што, како што велат, е согласно препораките на стручната јавност, или приложување на негативен PCR-тест.

Промовирани огласи »

15 милиони евра се издвоени за 40 000 студени за мерката субвенциониран оброк. Сепак, незаинтересираност од страна на студентите, кои досега се пријавиле над 12 600 на број.

Со оваа мерка на студентите ќе им се обезбедуваат средства од 2400 денари, кои ќе бидат префрлани директно на нивните трансакциски сметки .

Апликациите се поднесуваат електронски со прикачување на два документи со кои се наведуваат и податоци од трансакциска сметка на студентот кој аплицира.

Мерката важи за оние студенти кои не се во работен однос, не се регистрирани како индивидуални земјоделци и немаат месечен приход по кој било основ поголем од минималната нето-плата која годинава изнесува 15 194 денари.

Мерката се воведува за прв пат кај нас, а средствата кои ќе ги добијат студентите на сметка, ќе можат да ги користат за што ќе посакаат.

Промовирани огласи »

Премиерот Зоран Заев во своите настапи постојано укажува дека пописот нема да биде одложен и ќе се спроведе во утврдениот рок од 5 до 30 септември, иако ДЗС има проблем да обезбеди доволен број попишувачи.

Владата денеска донесе одлука со која ги задолжува сите министерства и органи на државната управа да ги разгледаат можностите за потребите на пописот да ги стават на располагање на Државниот завод за статистика времено вработените во овие институции.

Владата ова им го препорача и на единиците на локалната самоуправа, како и на институциите под нивна надлежност.

Премиерот Зоран Заев во своите настапи постојано укажува дека пописот нема да биде одложен и ќе се спроведе во утврдениот рок од 5 до 30 септември, иако ДЗС има проблем да обезбеди доволен број попишувачи.

Заев потенцира дека приходите за попишувачите се 25 000 до 45 000 денари за 25 дена анкетирање, апелирајќи граѓаните да се пријават како попишувачи, посебно во реоните каде што има дефицит.

Промовирани огласи »

Натпреварот започна во петокот во 10 часот, а Дубравка, Никола, Марко се уште лежат.

Се уште трае десеттиот јубилеен натпревар за лежење. Натпреварот се одржува во Етно село „Монтенегро“, а натпреварувачите оваа година во голема мера го соборија рекордот.

На натпреварувачите им е дозволено да читаат книги, да користат телефони, да јадат, да спијат и да стануваат по осум часа за да одат во тоалет.

Натпреварувачката го сподели своето искуство на овој натпревар, но исто така коментираше зошто одлучила да се обиде да легне што е можно подолго.

Можам да издржам сигурно најмногу ако сакам, но не сум сигурна дека ќе останам до крајот, бидејќи мојата цел беше да се дружам тука и да видам како изгледа сето тоа. Не ми е целта сега да останам до крајот за наградата.

Претходниот рекорд во конкуренција на лажење беше 52 часа, а Дубравка, Никола и Марко го соборија одамна. Кој од тројцата ќе издржи најдолго, односно кој ќе стане последен, ќе добие награда од 300 евра.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »