Промовирани огласи »

Четири нови авиолинии од скопскиот и охридскиот аеродром, до Италија, Германија и Данска, од декември 2021, најави Виз ер, најбрзо растечката авиокомпанија во Европа, информираат од ТАВ Македонија.Виз ер ќе воведе 3 нови дестинации од Меѓународниот Аеродром Скопје – Болоња и Торино, двете во Италија, како и Билунд во Данска, додека од Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, авиокомпанијата ќе почне да лета до Фридрихсхафен, Германија. Како што најавува авиокомпанијата, првите летови до сите дестинации ќе почнат во декември 2021 година. Визер почна со продажба на авиобилети, кои се достапни на wizzair.com и преку mobile app.Новите летови до Болоња, Торино, Фридрихсхафен и Билунд се воведуваат благодарение на поставувањето на петтиот авион во базата на Виз ер во Скопје, информираат оттаму.„Пресреќни сме што и покрај моменталната криза во авијацијата и рестрикциите за патување поради КОВИД-19, Виз ер најавува четири нови авиолинии од аеродромите во Скопје и Охрид и го позиционира за сообраќај петтиот авион во базата на Меѓународниот Аеродром Скопје. Се надеваме дека најавените нови дестинации – Болоња, Торино и Билунд од Скопје, како и Фридрихсхафен од Охрид, ќе бидат привлечни за нашите патници, па оттука и дека ќе ја искористат можноста да ги откриваат овие нови градови и да уживаат во незаборавно патничко искуство“, изјави Метин Батак, Генерален директор на ТАВ Македонија.

Како што информираат од Виз ер, овие нови дестинации се уникатни по нивната култура, природа и гостопримливост.„Среќни сме што најавуваме проширување на нашата мрежа на авиолинии од Северна Македонија до нови дестинации во Италија, Германија и Данска. Со новите услуги од Скопје до Болоња, Торино и до Билунд, како и од Охрид до Фридрихсхафен, Виз ер нуди уште повеќе различности во однос на дестинациите за Македонците. Секој може да ужива во ниските цени и да патува безбедно до омилената дестинација со цел да открива нови места со нашите модерни воздухоплови. Се радуваме што ќе ги пречекаме првите патници до овие нови возбудливи дестинации.“, изјави Паулина Госк, Менаџер за корпоративни комуникации на Визер.

ТАВ Македонија истакнува дека како аеродромски оператор тие имаат имплементирано строги мерки за здравје и безбедност со цел да се спречи ширењето на КОВИД-19 во аеродромските објекти. Меѓу другото, Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид се стекнаа со акредитација од страна на Меѓународниот совет на аеродроми (ACI) во рамки на Програмата за здравствена акредитација на аеродромите, што претставува нов меѓународен репер во однос на спроведени здравствени мерки на аеродромите ширум светот, креирана за да помогне да се увери патувачката јавност дека аеродромските објекти остануваат безбедни и дека се преземаат мерки на претпазливост за да се намали ризикот по нивното здравје.

Од ТАВ Македонија ги потсетуваат сите патници да ги почитуваат мерките за здравје и безбедност, што значи да не доаѓаат на аеродром доколку имаат симптоми на болест, да носат маска постојано, да одржуваат физичко растојание и да практикуваат високо ниво на лична хигиена.

Во исто време, од 19 август 2021 година, согласно новите владини мерки, ТАВ Македонија воведе нови правила за влез во терминалните згради на двата аеродрома: Приложување на сертификат за вакцинација, или сертификат за прележан КОВИД-19 во последните 45 дена, или медицинска потврда за негативен КОВИД-19 тест, PCR не постар од 72 часа, или брз антиген тест не постар од 48 часа. Овие правила не се однесуваат на лица под 18 години.

Виз ер ги советува патниците да ги проверат регулативите за патување пред да го почнат патувањето. Со најновите подобрувања на Картата за планирање патувања //Travel Planning Map// на Визер, патниците можат да ги проверат ажурирањата за ограничувањата за патување во рамките на нивната мрежа на дестинации. Веб-страницата со кодови во боја прикажува сеопфатна карта на можни дестинации до кои што патниците можат да патуваат, со соодветни линкови до владини веб-страници, страници со информации за патување и сите формулари што треба да се пополнат пред поаѓање.
Виз ер исто така им препорачува на патниците да додадат WIZZ Flex на нивната резервација, за дополнителна заштита. Со тоа, патниците можат да изберат да патуваат на друг датум, или на друга дестинација, како и да имаат можност да го откажат својот лет до 3 часа пред полетување без надомест и да добијат 100% од оригиналната цена веднаш надоместен во вид на кредит на авиокомпанијата за следни патувања.

Промовирани огласи »

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, денеска рече дека нема да има седми пакет на економски мерки во справувањето со економските последици од пандемијата.

На угостителскиот и туристичкиот сектор им најави дека во наредниот период нема да има државна помош за покривање на загубите со воведувањето на мерката со сертификатите и ограничувањето на бројот на посетители. Битиќи вели дека од досегашната помош добиле 14 отсто, а во креирањето на структурата на бруто домашниот производ учествуваат со помал процент.

- Ако треба да се прави компромис помеѓу економска мерка за угостители и здравјето на граѓаните и борбата за негово зачувување, тогашп здравјето на граѓаните е пред се. Сум кажал претходно, сме докажале дека секој еден изгубен денар, секој еден изгубен сектор, ќе се надополни кога тоа навистина ќе биде потребно. Тогаш ќе седнеме и ќе разговараме. Сметам дека во овој момент сите треба да сме подготвени нешто да жртвуваме во борбата што не чека сите, а тоа е борбата з аживот и зголемувањето на бројот на заболени, што ни е многу поважно.

Разговори ќе имаме, сметам дека угостителскиот и хотелско-туристичкиот сектор се погодени, но треба и да пресметаме колку загубиле, а колку добиле. Во изминатиот период овој сектор е потпомогнат со повеќе од 14 отсто од вкупната помош која е дадена во стопанството, наспроти нивниот придонес во бруто домашниот производ, рече вицепремиерот.

Дополнително, Битиќи рече дека периодот е предизборен и дека секоја позитивна одлука би се протолкувала негативно во моментов.

Промовирани огласи »

Последните американски воени авиони го напуштија Авганистан и со нивното заминување се означи крајот на една воена епоха. Претседателот на Америка се огласи со изјава со која им се заблагодарува на сите американски сили кои што служеле во Авганистан.

Во последните 17 дена извршен е најголемиот воздушен превоз во историјата на САД, каде што се евакуирани над 120.000 илјади американски државјани, како и авганистански сојузници на Соединетите држави. Целата оваа евакуација била направена со огромна храброст, професионалност и решителност.

Американските службеници соработуваа со талибанците, за да може да се воспостави одреден периметар околу аеродромот, со цел да има безбедна евакуација. Сепак и американските службеници и претседателот на Америка изјавија дека не им веруваат на талибанците.

Администрацијата на претседателот изјави дека ќе продолжат да соработуваат со талибанците на дипломатски начин, со цел да да ги извлечат преостанатите американци и авганистански сојузници кои сакаат да ја напуштат земјата.

 

 

Промовирани огласи »

Се расипал автобусот со кој сте доаѓале на работа, ви доцнеше возот, будилникот воопшто не се вклучил, сте помагале на постара личност да ја премине улицата и тоа траеше подолго отколку што очекувавте, се едни од многуте изговори кои што ќе ги кажете на вашиот директот кога доцните. Повеќето од нас доцнат и тоа може да му се случи на секого. 

Кога се извинувате што сте задоцниле, лицето кое ве чека нема да биде загрижено за причината поради која доцните, туку дали тоа ќе го направите повторно, па затоа внимателно избирајте ги вашите зборови.

Неколку директори споделија какви изговори слушале од своите вработени.

1. Секогаш кажувајте ја вистината

Директор на фирма за вебсајт оптимизација изјави дека сака секогаш неговите вработени да бидат искрени со него за причината поради која доцнат. Тој кажа дека и не го интересира толку причина за доцнење, туку самата приказна со лошо сценарио што ја смислуваат вработените. Доволно би било само да ја каќат вистината, бидејќи на секого може да се случи да задоцни, се додека тоа не се повторува константно.

2. Оставете ги настрана изговорите

Претседател на ИТ компанија во Америка кажа дека кога некој вработен ќе задоцни, се губи целиот редослед на работа бидејќи тие имаат посебна бизнис структура по која работат и се придржуваат. Убаво би било доколку некој од вработени знае дека ќе доцни или не планира да дојде на работа, да го најави навремено своето отсуство.

3. Не ги вознемирувајте останатите колеги

Откога ќе задоцните, поздравете ги вашите колеги и започнете го вашиот работен ден. Не треба да одите кај сите колеги и да им раскажувате зошто сте задоцниле со цел вашата приказна да ја знаат сите, туку треба да седнете на вашето место и да почнете со работа.

4. Бидете искрени дури и ако имате главоболка од синоќешната забава

Сите директори сакаат нивните вработени да бидат искрени со нив. На секого може да му се случи да има главоболка од забава на која што биле претходната вечер, најдобро би било тоа да го признаете, бидејќи директорот со сигурност ќе ја цени вашата искреност, но не дозволувајте тоа да ви стане навика.

5. Надоместете го времето за кое сте задоцниле

Доцнењето може да ви предизвика голем стрес. Сопственичка на фирма во Америка изјави дека нејзините вработени имаат флексибилно работно време, па така доколку задоцнат 20 минути нема потреба да ја трошат својата енергија во смислување на изговори, туку ќе останат 20 минути подоцна на работа.

6. Наместете го на време вашиот аларм

Доколку доцните од сабајле бидејќи не сте се разбудиле на време, тогаш станете малку поактивни. Наместете го на време вашиот аларм со цел да можете да ги завршите сите обврски што сте ги планирале  пред да одите на работа. Дозволете си да имате време да го испиете вашето утринско кафе дома, да имате време да ја изберете комбинацијата што ќе ја носите тој ден, па дури и одвојте време за разубавување.

7. Следете ја временската прогноза

Добро би било да ја следите временската прогноза, за да не бидете изненадени од ненадејни временски промени. Погледнете ја прогнозата пред спиење, па дури и откога ќе станете изутрина за да не се најдете во ситуација да мора да се вратите дома за да го земете вашиот чадор и тоа да биде вашиот изговор за доцнење.

8. Внимавајте на метеж во сообраќајот

Во утринските часови секогаш може да се најдете во сообраќаен метеж, па затоа убаво би било доколку ги слушате известувањата на радио или пак имате апликација која може да ве извести доколку има гужва во сообраќајот, бидејќи не би сакале ввашиот директор да мисли дека сте неодговорна личност.

9. Водете здрав начин на живот

Испланирајте го правилно вашето време, одете на прошетки во природа, хранете се здраво, вежбајте. Доколку не внимавате на овие работи, би можеле константно да бидете поспани и да се разболувате. Нема да му се допадне на вашиот директор доколку не сработите правилно некоја работа поради тоа што се сте многу уморни, па таков изговор може да биде лош за вашата кариера.

10. Извинете се на вашите колеги доколку доцните

Потрудете се да им се извините на вашите колеги доколку доцните, бидејќи тоа може да влијае и на нивната работа доколку работите тимски. Дајте им до знаење дека сте свесни дека вашето доцнење ги засега и нив, а убаво би било доколку вашиот директор види дека сепак сте одговорна личност и кон останатите.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »