Промовирани огласи »

Голем број на аналитичари очекуваат Zoom, Plug Power, Roku и многу други компании кои се издигнаа за време на пандемијата, да пријават раст на продажбата од 20% повеќе за најмалку 3 години од сега.

Зголемете ја вашата продажба преку добри вести. Можеби многу пати сте ја сретнале оваа фраза, најчесто кога една компанија ќе објави резултати многу подобри од што очекувале аналитичарите, бидејќи некои инвеститори почнуваат да веруваат дека работите ќе се влошат. Таквото размислување може да доведе до продавање или пропуштање на многу профитабилни добивки.

Платформата Zoom беше еден од најголемите победници за време на пандемијата, бидејќи успеа да ја направи работата од далечина неопходна за милиони луѓе, кои можеа да се служат и со платформата за видео конференција. Акциите на оваа компанија се зголемиле за 411% од крајот на 2019 година па се до 30ти август оваа година.

Секогаш е важно да правите сопствени истражувања за каква било инвестиција, посебно кога станува збор за акции за да знаете дали компанијата може да биде конкурентна во следните години.

 

Промовирани огласи »

Сите менаџери кои што се одговорни за вработување знаат дека фазите на интервјуирање на еден кандидат можат да бидат навистина тешки. Кандидатите кои сте ги избрале може да бидат навистина одлично квалификувани и вешти на хартија, но сепак начинот на кој што ќе се претстават за време на интервјуто често претставува одлучувачки фактор.

Личното интервју со кандидатот може да открие многу работи, од карактерот па се до нивните мотиви за работа. Иако многумина може да кажат слични работи за нивната работна позадина и професионални цели, некои кандидати може да дадат уникатен и импресивен одговор што ќе докаже дека тие се вистинската личност за таа позиција. Неколку менаџери советуваат за тоа шо е правилно да се зборува за време на едно интервју.

1. Докажете го она за кое зборувате

Секој кандидат за работа сака да направи да звучи одлично, но понекогаш тие знаат да ја прошират вистината или пак да даваат нејасни одговори. Важно е да може да го потврдите она што е напишано во вашата апликација за работа и да дадете проверени резултати за да ги поткрепите своите тврдења.

2. Определете која е вашата цел за работното место за кое аплицирате

На интервју за работа може да ви постават многу прашања, но менаџерите секогаш имаат неколку клучни прашања кои може да одлучат дали вие сте соодветен кандидат за таа позиција. Едно од тие прашања може да биде кои се вашите цели за вработување во компанијата. Секогаш менаџер би сакал да има кандидат кој што ќе биде посветен на работата и ќе може да создава големи вредности за компанијата.

3. Бидете смели да кажете што не ви се допаѓа

Кога ќе разговарате со менаџерот за време на вашето интервју, покажете му дека сте смел кандидат кој има свои ставови и дека би можеле да ја подобрите компанијата со тоа што ќе го известите кога нема да се согласувате со неговите ставови и одлуки.

4. Дадете им до знаење дека сте спремни да учите нови работи

Ниту еден менаџер нема да биде согласен со кандидат кој мисли дека знае се. Доколку не го знаете целосно одговорот на некое прашање за време на вашето интервју, подобро е да се обидете да размислите на таа тема и да не го лажирате својот одговор. Тоа може да му даде до знаење на менаџерот дека размислувате и сакате да учите нови работи

5. Бидете запознаени како функционира компанијата во која аплицирате

За секоја компанија е важно новиот вработен да може културно да се вклопи со останатие колеги. Затоа, убаво би било доколку прашате какви вредности има компанијата или пак ќе ги откриете самите преку истражувања на нивната веб страница.

Промовирани огласи »

Француската престолнина во овој случај, по исклучок, не е предводник туку само ги следи Лил и Гренобл. Овие градови порано воведоа максимално дозволена брзина од 30 км на час.

Таксистите се лути, велосипедистите слават: социјалистичката градоначалничка на Париз, Ана Идалго го одржа своето изборно ветување. Од вчера  на повеќето улици во француската престолнина важи ограничување на максималната брзина на 30 километри на час. Само на обиколницата, периферниот булевар, кој ги опкружува 20-те арондисмани на Париз и со тоа вистинската урбана област, може да се продолжи да се вози со брзина од 70 километри на час. Освен тоа на поголемите оскти, како светски прочуениот булевар Шанзелизе дозволени се 50 километри на час.

Наспроти распространетите предрасуди, изгледите за преживување без повреди при возење велосипед низ Париз веќе беа поволни: Околу 60 проценти од центарот на градот веќе се сметаа за зони со ограничување на 30 километри на час. Еколошкиот транспорт сега станува уште поатрактивен. Привремените велосипедски патеки поставени за време на пандемијата на коронавирусот, ќе бидат претворени во постојани велосипедски патеки.

Fahrradfreundliche Stadt Kopenhagen

Заменик -градоначалникот на Париз, Дејвид Белијард од редовите на Зелените, при претставувањето на плановите во јули годинава рече дека сака да го обезбеди главниот град „за најслабите“ . Освен учесниците во сообраќајот на две тркала, ова се главно пешаците, особено децата и постарите граѓани.

Меѓутоа, секојдневните патници од околината не се премногу воодушевени од сообраќајниот пресврт на Сена - исто како и комерцијалните возачи, односно таксистите или добавувачите. Покрај подолгото време на патување, исто така станува потешко да се паркира автомобилот на дестинацијата, бидејќи многу места за паркирање сега се укинати.

Метрополата која инаку сака да се презентира себе си како трендсетер, овојпат само следеше други во однос ограничувањето на максималната брзина на 30 км на час: Градовите како Гренобл на Алпите, Нант на западот и Лил на северот на земјата беа предводници во областа на смирување на сообраќајот.

Промовирани огласи »

Министерот за здравство Венко Филипче денеска на прес конференција соопшти дека вакцинираните граѓани од Македонија можат да патуваат насекаде низ Европа со тоа што треба да приоложат документ дека се вакцинирани, односно треба да го приложат ковид сертификатот.

Потсетуваме, од неодамна, македонскиот вакцинален сертификат издаден од Министерството за здравство на Република Северна Македонија е валиден во цела Европска Унија. Граѓаните единствено треба да се информираат во однос на државата каде патуваат, дали и на кој начин е регулирана вакцината која ја примиле.

Одлуката што ја донесе Европската Унија и нам ни оди во прилог, односно на нашата политика, а тоа е да има што поголем број вакцинирани граѓани. Токму со тие сертификати за вакцинација нема никакви рестрикции, не се бараат ни ПЦР, нема ни карантин. И тоа доказ дека целиот свет оди во тој правец, да се нормализира животот, целосно свесни дека само така може да се врати нормалниот живот  и движењето на луѓето кои се целосно вцакцинирани. И во Европа само вакцинирани луѓе може да влегуваат секаде и на разни настани. За патување во  земјите од ЕУ, на пример Германија на вакцинираните лица не им се потребни ПЦР тестови и карантин. Исто така,  знам конкретно за Германија, потребен е ПЦР на оние кои не се вакцинирани, но задолжителен е 5-дневен карантин, потоа тестирањето ќе се повтори. На тој начин се обезбедува земјата од ширење на вирусот - истакна министерот.

Министерот додаде дека само вакцинирани луѓе и таму во европските земји може да влегуваат и на настани и во угостителски објекти. Секаде како критериум, како што рече, се бара вакцинацијата и затоа сме спремни со тие сертификати. Тој посочи дека му е драго што интензивната работа на тимот се исплатела, сега се признаени тие сертификати за вакцинација.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »