Промовирани огласи »

Бројот на работниците во индустријата во јули 2021 година е намален за 0,8 отсто во однос на јули 2020 година, а  во периодот јануари – јули 2021 година во однос на истиот периодот лани покажува пад од 2,2 процента.

Според Државниот завод за статистика, бројот на работниците во секторот Рударство и вадење камен во јули 2021 година, во однос на јули 2020 година, бележи опаѓање од 7,5 отсто, во секторот Преработувачка индустрија опаѓање од 0,2, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација намалување за 2,7 проценти.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во јули 2021 година, во однос на јули 2020 година, бележи опаѓање кај Енергија за 3,9 отсто, Интермедијарни производи, освен енергија за 1,5 и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 6,2 отсто, додека пораст бележи кај Капитални производи за 12,2 и Tрајни производи за широка потрошувачка за 5,6 отсто.

Промовирани огласи »

Премиерот Зоран Заев денеска пред медиумите, пред почетокот на пописот на населението на 5 септември, рече дека постои можност доколку одредено домаќинство не сака да прими невакциниран попишувач, на истата адреса да биде испратен вакциниран.

Разговарав и со министерто за правда како и со директорот на Државниот завод за статистика и за време на пописот ќе се потрудиме  да има максимална флексибилност тие граѓани што ќе одбијат невакцинирани попишувачи да бидат попишани од вакцинирани попишувачи, рече на денешната прес-конференција, рече Заев.

Премиерот смета дека мал е бројот на таквите граѓани кои ќе побараат промена на попишувачот.

Кога ќе се случат вакви ситуации може да се направи рокада на попишувачите, односно кај тие граѓани да бидат испратени вакцинирани попишувачи. Голем дел од попишувачите се вакцинирани, а мал е бројот на граѓаните кои одбиваат да бидат попишани од невакцинирани попишувачи. Имајќи предвид дека пописот е 25 дена може да ги собереме сите податоци за граѓаните, кажа Заев.

Промовирани огласи »

Не постои одредено правило за тоа колку мора да заработувате во животот за да живеете убаво, но едно од најчесто користените правила во буџетирањето е правилото 50/30/20, односно половина од вашиот буџет ќе оди за оние работи кои што се најопходни, 20% за заштеди и инвестиции и 30% за ваше уживање и забава.

Но, колку навистина приходи би ви требале за да живеете во некоја од поголемите метрополи на Соединетите Американски Држави?

1. Лас Вегас

За да живеете во Лас Вегас како просечен приход би ви биле потребни околу 53,159 илјади американси долари, доколку сте сопственик на куќа потребни ви се $91,684, а доколку сте изнајмувач потребен ви е приход од $87,796. Сепак, за удобно живеење во Лас Вегас неопходни се повисоки приходи за разлика од другите американски градови.

2. Мајами

Мајами е еден од градовите во кој приходот за удобно живеење надминува 100.000 американски долари. Просечните приходи во Мајами се околу $33,999, додека пак како сопственик на куќа ви се потребни $104,965 и како изнајмувач $109,525.

3. Њујорк

Иако Големото јаболко важи за еден од поубавите градови во Америка, сеепак потребно е да се заработуваат околу 150,000 илјади американски долари за удобно живеење. Заработката на просечен приход во овој град седвижи околу $57,782, како сопственик на куќа ќе ви треба приход од $148,448 и приход од $128,552 како изнајмувач.

4. Филаделфија

И покрај просечниот приход од околу $40,000 годишно, платата која е неопходна зза удобно живеење е двојно поголема од просечната. Сепак, како сопственик на куќа тука се потребни околу $82,439 и како изнајмувач $92,639.

5.Сан Франциско

Сан Франциско може да се каже дека има еден од повисоките просечни приходи од речиси шест цифри. Но и покрај тоа просечните заработувачи кои поседуваат некаков имот  се подалеку од приходите кои што се неопходни за живеење. Доколку сте сопственик на имот потребни се околу $230,286 и како изнајмувач на имот потребни се $164,214.

6. Вашингтон

Главниот град на нацијата има еден од највисоките приходи за еден американски град, но исто има и високи трошоци. Просечниот приход се движи околу $77,649, а како сопственик на имот потребни се $142,230.

Промовирани огласи »

Сакале или не, начинот на кој работиме веќе еволуирал. Оваа борба наликува на тековна дебата за далечинско работење во индустрии како што се технологијата и финансиите. Работата од дома открива многу брутални проблеми со кои директорите не сакаат да се справат, бидејќи лошо се одразуваат на лидерите и на оние што ги ангажирале. 

Ја отстранува можноста да изгледате продуктивно (ако седите на маса гледате серија или секогаш сте на телефон). Некои луѓе навистина треба да се појават лично. Не можете да миете садови преку апликацијата Зум. Не можете да ги смените постелнините преку Slack

Додека многу директори и менаџери ги поминаа првите месеци од пандемијата, кажувајќи им на своите вработени дека „работата од дома нема да трае долго“, тие сега се принудени да прават лажни контрадикторни изјави како „Ќе ни недостасува канцелариската култура и соработка“.

Сега, со тоа што варијантата Делта на коронавирусот се заканува да ги одложи плановите за враќање на многу луѓе во канцелариите, вредноста на личната работа се соочува со уште поголем тест. Ако имате невакцинирани деца ја ризикувате безбедноста на вашето семејство.

Причината за работа од дома е толку кошмарна за многу менаџери и директори поради тоа што голем дел од модерниот бизнис е изграден на лична работа.

Како општество, ние имаме тенденција да го сметаме менаџментот за титула, а не за вештина. Кога ќе го отстраните физичкиот канцелариски простор - местото каде што луѓето се издвојуваат на состаноци - станува многу потешко да ги заплашувате луѓето како тип на менаџмент. Всушност, вашата позиција во компанијата станува потешко да се оправда ако се што правите е делегирање и грижа за луѓето.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »