Промовирани огласи »

Извршителите во просек имале чиста индивидуална заработка од 1,516.728 денари минатата година според надзорот на работата на извршителите што го објави Министерството за правда за 2020. Toa значи дека месечно имал личен приход од нешто повеќе од 2.000 евра.

Тоа, според министерството, е најмала заработка во изминатите години и единствена до сега што е помала од 2 милиони денари на годишно ниво е онаа една година претходно, во 2019, кога чистиот приход по извршител бил 2.298.097 денари што инаку пак бил најмал претходно. Споредбено, според овој извештај, падот на приходот за една година е 34 отсто. Најголем бил во 2018, во просек 3.251.272, што е далеку поголем од сите останати години. Тогаш дома месечно извршителите носеле по 4.400 евра.

Вкупните приходи, ако се тргне настрана наплатата за доверителите, изнесувале околу 85.000 евра по извршителска канцеларија, а за министерството и ова е големо намалување.

Од добиените податоци, се констатира дека на сите подрачја на основните судови има намалувања на вкупно остварените приходи по извршители. Вкупно остварениот приход по извршител изнесува 5,234.581 денари, што во споредба со 2019 кога оствариле просечен приход од 7.160.292 денари, има намалување од 26 проценти, се вели во надзорот.

Ваквиот пад на приходите се должел по претходно преземените законски мерки со кои беа лимитирани наградувањата при присилните наплато. Вкупниот профит што останал кај извршителите, по приходите и расходите, изнесувал 187 милиони денари, или 3 милиони евра, што според евиденцијата е за 16 проценти помалку од една година претходно.

Промовирани огласи »

Бројот на работниците во индустријата во јули 2021 година е намален за 0,8 отсто во однос на јули 2020 година, а  во периодот јануари – јули 2021 година во однос на истиот периодот лани покажува пад од 2,2 процента.

Според Државниот завод за статистика, бројот на работниците во секторот Рударство и вадење камен во јули 2021 година, во однос на јули 2020 година, бележи опаѓање од 7,5 отсто, во секторот Преработувачка индустрија опаѓање од 0,2, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација намалување за 2,7 проценти.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во јули 2021 година, во однос на јули 2020 година, бележи опаѓање кај Енергија за 3,9 отсто, Интермедијарни производи, освен енергија за 1,5 и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 6,2 отсто, додека пораст бележи кај Капитални производи за 12,2 и Tрајни производи за широка потрошувачка за 5,6 отсто.

Промовирани огласи »

Премиерот Зоран Заев денеска пред медиумите, пред почетокот на пописот на населението на 5 септември, рече дека постои можност доколку одредено домаќинство не сака да прими невакциниран попишувач, на истата адреса да биде испратен вакциниран.

Разговарав и со министерто за правда како и со директорот на Државниот завод за статистика и за време на пописот ќе се потрудиме  да има максимална флексибилност тие граѓани што ќе одбијат невакцинирани попишувачи да бидат попишани од вакцинирани попишувачи, рече на денешната прес-конференција, рече Заев.

Премиерот смета дека мал е бројот на таквите граѓани кои ќе побараат промена на попишувачот.

Кога ќе се случат вакви ситуации може да се направи рокада на попишувачите, односно кај тие граѓани да бидат испратени вакцинирани попишувачи. Голем дел од попишувачите се вакцинирани, а мал е бројот на граѓаните кои одбиваат да бидат попишани од невакцинирани попишувачи. Имајќи предвид дека пописот е 25 дена може да ги собереме сите податоци за граѓаните, кажа Заев.

Промовирани огласи »

Не постои одредено правило за тоа колку мора да заработувате во животот за да живеете убаво, но едно од најчесто користените правила во буџетирањето е правилото 50/30/20, односно половина од вашиот буџет ќе оди за оние работи кои што се најопходни, 20% за заштеди и инвестиции и 30% за ваше уживање и забава.

Но, колку навистина приходи би ви требале за да живеете во некоја од поголемите метрополи на Соединетите Американски Држави?

1. Лас Вегас

За да живеете во Лас Вегас како просечен приход би ви биле потребни околу 53,159 илјади американси долари, доколку сте сопственик на куќа потребни ви се $91,684, а доколку сте изнајмувач потребен ви е приход од $87,796. Сепак, за удобно живеење во Лас Вегас неопходни се повисоки приходи за разлика од другите американски градови.

2. Мајами

Мајами е еден од градовите во кој приходот за удобно живеење надминува 100.000 американски долари. Просечните приходи во Мајами се околу $33,999, додека пак како сопственик на куќа ви се потребни $104,965 и како изнајмувач $109,525.

3. Њујорк

Иако Големото јаболко важи за еден од поубавите градови во Америка, сеепак потребно е да се заработуваат околу 150,000 илјади американски долари за удобно живеење. Заработката на просечен приход во овој град седвижи околу $57,782, како сопственик на куќа ќе ви треба приход од $148,448 и приход од $128,552 како изнајмувач.

4. Филаделфија

И покрај просечниот приход од околу $40,000 годишно, платата која е неопходна зза удобно живеење е двојно поголема од просечната. Сепак, како сопственик на куќа тука се потребни околу $82,439 и како изнајмувач $92,639.

5.Сан Франциско

Сан Франциско може да се каже дека има еден од повисоките просечни приходи од речиси шест цифри. Но и покрај тоа просечните заработувачи кои поседуваат некаков имот  се подалеку од приходите кои што се неопходни за живеење. Доколку сте сопственик на имот потребни се околу $230,286 и како изнајмувач на имот потребни се $164,214.

6. Вашингтон

Главниот град на нацијата има еден од највисоките приходи за еден американски град, но исто има и високи трошоци. Просечниот приход се движи околу $77,649, а како сопственик на имот потребни се $142,230.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »