Промовирани огласи »

Од утре по пауза од 19 години стартува националниот попис на населението, а прашалниците како акти од Заводот за статистика се донесени уште во февруари. Меѓу најстандардните прашања се оние за број на деца, брачната состојба и дали живеете во вонбрачна заедница, етничката припадност, вероисповест и мајчиниот јазик. Од попишувачот ќе бидете прашани и каде сте се родиле и каде сте живееле претходно пред да дојдете на постојната адреса.

Ќе следува и прашање за какво државјанство поседувате и дали вашето домаќинство живее во земјата или поголемото време во странство. Доколку некое лице од вашето домаќинство е отсутно за време на прашалникот, ќе треба да одговорите зошто не е тука и каде се наоѓа во моментот, односно дали е во странство и колку време и зошто се наоѓа таму. Ќе бидете прашувани и за зградата, станот и за вашата улога во заедницата со која живеете.

Во статистичката операција ќе треба да одговорите и каков е вашиот економски статус и највисокото завршено образование, како и за тоа која е вашата професија, односно занимање, или во која дејност работите.

На пописот ќе има и прашања за начинот за загревање на домот и за доводот на вода. Ќе бидете прашани и дали објектот во кој ќивеете е ваш, односно на вашето домаќинство или не. 

Ќе бидете прашани и какви физички и здравствени потешкотии имате, доколку потврдите дека се соочувате со таков проблем. Ќе следуваат и прашања кое превозно средство најчесто го користите, дали сте барале работа во последните четири години и кои се вашите главни извори на приходи за живеење. Има и сет на прашања каков вид на земјиште и стока поседувате, доколку одговорите потврдно.

Промовирани огласи »

Годинава се очекува раст од 4,1 и инфлација од 2,1 отсто. 

Државата годинава излегува од криза и влегува во раст и заздравување, велат од Министерството за финансии. 

Годинава нема да биде лесна и свесни сме за сите предизвици и за проекциите на Светска банка и ММФ за ковид и очекувањата на инвеститорите. Од аспект на приходите на буџетот се позитивни и очекување веќе во вториот квартал да излеземе од кризата, наведоа од Министерството за финансии на денешниот брифинг.

Од Министерството за финансии потврдуваат дека цврсто стојат на својата заложба за стабилизирање на долгот и негово позиционирање ниво од 60 проценти од БДП. 

Состојбата со јавниот долг заклучно со 30 јуни оваа година, е дека изнесува 64,4 проценти, додека состојбата на државниот долг заклучно со 31 јули, што е последен податок, е дека тој изнесува 52 проценти.

Промовирани огласи »

Скопје се поврзува со рускиот град Санкт Петербург со директна авиолинија. 

Авиопревозник „Нордвинд ерлајнс“ ќе отвори нова авиолинија од Скопје за Санкт Петербург месецов. По авиолинијата Скопје-Москва, ова ќе биде втора редовна линија, а летовите за Санкт Петербург ќе стартуваат на 21 септември и ќе се реализираат еднаш неделно, секој вторник. Летот на оваа релација ќе трае 3 часа и 25 минути.

Промовирани огласи »

Најмногу се бараат работници во услужни дејности и продажба

Во второто тримесечје од 2021 година стапката на слободни работни места во Македонија изнесува 1,78%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Вкупниот број на слободни работни места во земјава за второто тримесечје изнесува 8.977, а според секторите на дејности, најголем број слободни места има во преработувачката индустрија (1.948), трговијата на големо и трговијата на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (1.6901) и во секторот објекти за сместување и сервисни дејности со храна (995).


Фото: Државен завод за статистика (printscreen)

Истовремено, највисока стапка на слободни работни места од 4,64% има секторот објекти за сместување и сервисни дејности со храна, додека најмала е стапката во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, во кој изнесува 0,16%.

Деловните субјекти со број на вработени од 3 до 9 имаат највисока стапка на слободни работни места, која изнесува 2,54%.
 


Фото: Државен завод за статистика (printscreen)

Југозападниот Регион има највисока стапка на слободни работни места, која изнесува 2,72%.

Сепак, ако погледнеме во кој регион колку работници се бараат, паѓа в очи тоа што повеќе од половината од слободните места се во Скопскиот Регион, каде што се слободни 4.812 работни места. Во сите други региони бројот е троцифрен.
 


Доколку, пак, ги анализираме податоците според занимањата, можеме да заклучиме дека во второто тримесечје од годинава најмногу се барале работници во услужните дејности и продажбата, каде што биле слободни вкупно 3.690 работни места. Потоа следуваат техничарите и сродните занимања (1.444 слободни места), службениците (1.006 слободни работни места), ракувачите и составувачите на машини и постројки (1.002) итн.


Фото: Државен завод за статистика (printscreen)

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »