Промовирани огласи »

На кејот на реката Вардар во Општина Карпош вчера беше отворен Адреналинскиот парк, финансиран од ЕУ и локалната самоуправа. Овој Спортско рекреативен парк е прв од ваков вид во главниот град.

Зоната е на површина од 10.000 метри квадратни има адреналински дел, игралиште за фудбал и одбојка на песок со трибини, реконструиран скејт парк, сквер, детско игралиште, а поставена е и соодветна урбана опрема. Во склоп на паркот и неговата околина засадени се нови 80 високоизраснати дрвја, нова тревна површина, а поставен е и систем за неговор наводнување и одржување.

На отворањето на Адреналинскиот парк, единствен во градот Скопје, присуствуваа премиерот Зоран Заев, заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи и градоначалниците на главниот град Петре Шилегов и на Карпош Стефан Богоев.

Адреналинскиот парк е изграден со грант од ЕУ преку Светска банка во рамки на проектот за „Локална и регионална конкуретност, а финансиско учество има и Општината Карпош.

Премиерот Зоран Заев изрази, како што кажа, воодушевување од овој Спортско – адреналискиот парк. За Адреналинскиот парк, кажа дека, станува збор за модерна атракција која може да конкурира на вакците паркови во другите земји.

-Овој современ простор ќе даде одлична можност за релаксирање на љубителите на авантуризмот и адреналинските спортски доживување, рече Заев посочувајќи дека ќе можат да го користат не само Скопјани туку и граѓани од целата земјата и туристи.

Владата, како што рече премиерот, останува на определбата за поддршка на локалната самоуправа и да поддржува политики кои се однесуваат на создавање подобри услови на граѓаните.

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи информираше дека Андреланскиот парк е реализиран во рамки на проектот за „Локална и регионална конкуретност“ кој е во вкупна вредност од 21 милиони евра, а е поддржан од Делегацијата на ЕУ и Владата на РСМ. Ова е еден од 57-те подпроекти што се одвиваа изминатите години во десет туристички дестинации низ државата, а со кои директно се влијае на атрактивноста на нашата држава како туристичка дестинација и за домашните и за странските туристи.

-За реализација на овој потпроект беше одобрен буџет од 907 илјади евра, од кои прекку проектот се обезбедени 85 отсто од средствата или 770 илјади евра, додека Општина Карпош партиципира со околу 140.000 евра, истакна Битиќи.

Првиот човек на градот Петре Шилегов,  изрази задоволство што главниот град добива вакво место кое ќе биде не само за Скопјани, туку и за туристите што ќе го посетат.

-Продолжуваме посветено да работиме на унапредување на животната средина на нашите сограѓани и што ќе значи истовремено и повеќе зеленило и повеќе содржини за спорт и рекреакција што се неоподни услови за водењето на здрав живот во вакци услови, рече Шилегов.

Градоначалникот на Општина Карпош Богоев информираше дека за Адреналинскиот парк задолжен е субјектот Адвенчр сајд и нивните претставници се дел од Спортско – качувачката федерација, а поминаа и посебна обука со цел правилно функционирање и поголема безбедност за сите посетители на Адреналинскиот парк. За другите делови од паркот, како одбојкарското и фудбалското игралиште ќе бидат задолжени од општинското оделение за спорт.

-Сите заинтересирани граѓани ќе можат да закажуваат термини преку мејл и телефон што дополнително ќе бидат објавени. Реализацијата на овој проект е потврда за нашата заложба за зелен Карпош, рече Богоев. 

Промовирани огласи »

Учебната година започна со физичко присуство на сите ученици од основните и средните училишта и доследно почитување на сите мерки за заштита од Ковид-19, Министерството за образование и наука (МОН).

Според податоците на МОН, добиени од раководствата на училиштата на 2 септември, меѓу учениците, само 0,01 процент се активни случаи на Ковид-19. Ист е процентот и кај наставниот кадар.

-Во училиштата строго се почитуваат планот и протоколите за заштита. Учениците, наставниците и другиот помошно-технички персонал во училиштата задолжително носат заштитни маски во затворен простор, задолжително се мери телесна температура на влез во објектите и се прави дезинфекција на рацете. Исто така, постојано се проветруваат училниците и се прави честа дезинфекција на клупите и подовите, информираат од МОН.

Од министерството потенцираат дека брзата реакција и почитувањето на мерките е најдобрата заштита.

-Ги повикуваме наставниците, родителите и раководствата на училиштата доколку се сомневаат за позитивен случај веднаш да алармираат до здравствените установи и епидемиолошките служби кои ќе постапат согласно алгоритмите, нагласуваат од МОН.

Од Министерството за образование и наука апелираат на доследно почитување на протоколите за заштита, бидејќи минатогодишното искуство покажало дека со практикување на мерките, училиштата не се трансмитери на заразата. Секако, велат од МОН; неопходно е одговорно однесување и надвор од училишните објекти.

-Само така ќе спречиме ширење на вирусот и ќе овозможиме квалитетна едукација за младите, преку настава со физичко присуство која нема подобра алтернатива, истакнуваат од министерството.

Во учебната 2021-2022 година, настава во основните и средните училишта посетуваат околу 257 илјади ученици. 

Промовирани огласи »

Од утре по пауза од 19 години стартува националниот попис на населението, а прашалниците како акти од Заводот за статистика се донесени уште во февруари. Меѓу најстандардните прашања се оние за број на деца, брачната состојба и дали живеете во вонбрачна заедница, етничката припадност, вероисповест и мајчиниот јазик. Од попишувачот ќе бидете прашани и каде сте се родиле и каде сте живееле претходно пред да дојдете на постојната адреса.

Ќе следува и прашање за какво државјанство поседувате и дали вашето домаќинство живее во земјата или поголемото време во странство. Доколку некое лице од вашето домаќинство е отсутно за време на прашалникот, ќе треба да одговорите зошто не е тука и каде се наоѓа во моментот, односно дали е во странство и колку време и зошто се наоѓа таму. Ќе бидете прашувани и за зградата, станот и за вашата улога во заедницата со која живеете.

Во статистичката операција ќе треба да одговорите и каков е вашиот економски статус и највисокото завршено образование, како и за тоа која е вашата професија, односно занимање, или во која дејност работите.

На пописот ќе има и прашања за начинот за загревање на домот и за доводот на вода. Ќе бидете прашани и дали објектот во кој ќивеете е ваш, односно на вашето домаќинство или не. 

Ќе бидете прашани и какви физички и здравствени потешкотии имате, доколку потврдите дека се соочувате со таков проблем. Ќе следуваат и прашања кое превозно средство најчесто го користите, дали сте барале работа во последните четири години и кои се вашите главни извори на приходи за живеење. Има и сет на прашања каков вид на земјиште и стока поседувате, доколку одговорите потврдно.

Промовирани огласи »

Годинава се очекува раст од 4,1 и инфлација од 2,1 отсто. 

Државата годинава излегува од криза и влегува во раст и заздравување, велат од Министерството за финансии. 

Годинава нема да биде лесна и свесни сме за сите предизвици и за проекциите на Светска банка и ММФ за ковид и очекувањата на инвеститорите. Од аспект на приходите на буџетот се позитивни и очекување веќе во вториот квартал да излеземе од кризата, наведоа од Министерството за финансии на денешниот брифинг.

Од Министерството за финансии потврдуваат дека цврсто стојат на својата заложба за стабилизирање на долгот и негово позиционирање ниво од 60 проценти од БДП. 

Состојбата со јавниот долг заклучно со 30 јуни оваа година, е дека изнесува 64,4 проценти, додека состојбата на државниот долг заклучно со 31 јули, што е последен податок, е дека тој изнесува 52 проценти.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »