Промовирани огласи »

Филијалата на Мекдоналдс во Орегон нема доволно работна сила и ги повикува 14 и 15-годишниците да аплицираат за работа во ресторанот.

Франшизата „Бидл Роуд“ во Медфорд пред две недели поставиле транспарент пред својата продавница со кој ги повикуваат помладите граѓани да аплицираат за работа.

Филијалите што продаваат брза храна, како и другите ресторани во Соединетите држави, веќе некое време имаат проблеми со наоѓање вработени, и покрај олеснувањето на рестриктивните мерки, пишува Би -Би -Си.

Хедер Кенеди, шеф на ресторанот Медфорд, за Business Insider изјавила дека немало таков недостаток на работна сила во 40-годишната историја на нејзиното семејство, кое ја води франшизата Мекдоналдс.

Првично се обиделе да привлечат повеќе работници со зголемување на минималната плата во ресторанот на 15 долари на час, но тоа не предизвикало премногу интерес. Но, кога побарала работници на возраст под 16 години, веднаш добила повеќе од 25 нови апликации.

Мекдоналдс одбил да го коментира потегот на франшизата.

Американските закони за работни односи се разликуваат од држава до држава, но во Орегон е дозволено да вработува луѓе на возраст од 14 години и постари во не-физички опасни места, како што се работа во ресторани, се додека работното време им дозволува да го продолжат своето образование.

Во САД постои голем недостиг на работна сила поради стравувањата од инфекција со ковид. Покрај тоа, училиштата се уште се затворени и многу родители остануваат дома да се грижат за своите деца. Особено е тешко да се најдат работници за помалку квалификуваните и пониско платени работни места.

Промовирани огласи »

Министерството за здравство објави табела и информира дека за време на четвртиот ковид бран, во период од јули до крајот на август, епидемиолошките анализи покажуваат дека најголема смртност кај пациенти со ковид имало во градовите каде имало најнизок процент на вакцинирано население. 

Во градовите како Гевгелија, Кавадарци, Ресен и Берово кадешто опфатот со вакцинација е помеѓу 54-61%, бројот на починати е најмал, односно има по еден починат. Тетово, го пречека бранот само со 19%   вакцинирани граѓани во јули, таму имаше најголем притисок врз болниците, најголем број хоспитализирани пациенти и најголем број смртни случаи, 106 до крај на август. Последните недели драстично е зголемен интересот за вакцинација во Тетово и изнесува скоро 37%. Слична е состојбата и во Гостивар каде исто така имаше мал опфат на вакцинирано население, во овој град опфатот на вакцинирани полнолетни граѓани до крај на август е под 30%, а бројот на починати со ковид е 73, пренесуваат од министерството.

Од таму велат дека ова е доказ колку се значајни и ефикасни вакцините  и дека же се живее без ограничувања и без рестрикции само со целокупна имунизација на населението.

Промовирани огласи »

На кејот на реката Вардар во Општина Карпош вчера беше отворен Адреналинскиот парк, финансиран од ЕУ и локалната самоуправа. Овој Спортско рекреативен парк е прв од ваков вид во главниот град.

Зоната е на површина од 10.000 метри квадратни има адреналински дел, игралиште за фудбал и одбојка на песок со трибини, реконструиран скејт парк, сквер, детско игралиште, а поставена е и соодветна урбана опрема. Во склоп на паркот и неговата околина засадени се нови 80 високоизраснати дрвја, нова тревна површина, а поставен е и систем за неговор наводнување и одржување.

На отворањето на Адреналинскиот парк, единствен во градот Скопје, присуствуваа премиерот Зоран Заев, заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи и градоначалниците на главниот град Петре Шилегов и на Карпош Стефан Богоев.

Адреналинскиот парк е изграден со грант од ЕУ преку Светска банка во рамки на проектот за „Локална и регионална конкуретност, а финансиско учество има и Општината Карпош.

Премиерот Зоран Заев изрази, како што кажа, воодушевување од овој Спортско – адреналискиот парк. За Адреналинскиот парк, кажа дека, станува збор за модерна атракција која може да конкурира на вакците паркови во другите земји.

-Овој современ простор ќе даде одлична можност за релаксирање на љубителите на авантуризмот и адреналинските спортски доживување, рече Заев посочувајќи дека ќе можат да го користат не само Скопјани туку и граѓани од целата земјата и туристи.

Владата, како што рече премиерот, останува на определбата за поддршка на локалната самоуправа и да поддржува политики кои се однесуваат на создавање подобри услови на граѓаните.

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи информираше дека Андреланскиот парк е реализиран во рамки на проектот за „Локална и регионална конкуретност“ кој е во вкупна вредност од 21 милиони евра, а е поддржан од Делегацијата на ЕУ и Владата на РСМ. Ова е еден од 57-те подпроекти што се одвиваа изминатите години во десет туристички дестинации низ државата, а со кои директно се влијае на атрактивноста на нашата држава како туристичка дестинација и за домашните и за странските туристи.

-За реализација на овој потпроект беше одобрен буџет од 907 илјади евра, од кои прекку проектот се обезбедени 85 отсто од средствата или 770 илјади евра, додека Општина Карпош партиципира со околу 140.000 евра, истакна Битиќи.

Првиот човек на градот Петре Шилегов,  изрази задоволство што главниот град добива вакво место кое ќе биде не само за Скопјани, туку и за туристите што ќе го посетат.

-Продолжуваме посветено да работиме на унапредување на животната средина на нашите сограѓани и што ќе значи истовремено и повеќе зеленило и повеќе содржини за спорт и рекреакција што се неоподни услови за водењето на здрав живот во вакци услови, рече Шилегов.

Градоначалникот на Општина Карпош Богоев информираше дека за Адреналинскиот парк задолжен е субјектот Адвенчр сајд и нивните претставници се дел од Спортско – качувачката федерација, а поминаа и посебна обука со цел правилно функционирање и поголема безбедност за сите посетители на Адреналинскиот парк. За другите делови од паркот, како одбојкарското и фудбалското игралиште ќе бидат задолжени од општинското оделение за спорт.

-Сите заинтересирани граѓани ќе можат да закажуваат термини преку мејл и телефон што дополнително ќе бидат објавени. Реализацијата на овој проект е потврда за нашата заложба за зелен Карпош, рече Богоев. 

Промовирани огласи »

Учебната година започна со физичко присуство на сите ученици од основните и средните училишта и доследно почитување на сите мерки за заштита од Ковид-19, Министерството за образование и наука (МОН).

Според податоците на МОН, добиени од раководствата на училиштата на 2 септември, меѓу учениците, само 0,01 процент се активни случаи на Ковид-19. Ист е процентот и кај наставниот кадар.

-Во училиштата строго се почитуваат планот и протоколите за заштита. Учениците, наставниците и другиот помошно-технички персонал во училиштата задолжително носат заштитни маски во затворен простор, задолжително се мери телесна температура на влез во објектите и се прави дезинфекција на рацете. Исто така, постојано се проветруваат училниците и се прави честа дезинфекција на клупите и подовите, информираат од МОН.

Од министерството потенцираат дека брзата реакција и почитувањето на мерките е најдобрата заштита.

-Ги повикуваме наставниците, родителите и раководствата на училиштата доколку се сомневаат за позитивен случај веднаш да алармираат до здравствените установи и епидемиолошките служби кои ќе постапат согласно алгоритмите, нагласуваат од МОН.

Од Министерството за образование и наука апелираат на доследно почитување на протоколите за заштита, бидејќи минатогодишното искуство покажало дека со практикување на мерките, училиштата не се трансмитери на заразата. Секако, велат од МОН; неопходно е одговорно однесување и надвор од училишните објекти.

-Само така ќе спречиме ширење на вирусот и ќе овозможиме квалитетна едукација за младите, преку настава со физичко присуство која нема подобра алтернатива, истакнуваат од министерството.

Во учебната 2021-2022 година, настава во основните и средните училишта посетуваат околу 257 илјади ученици. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »