Промовирани огласи »

Почитувани,

Водени од фактот дека една од главните цели на секоја компанија, комерцијалист или продажен менаџер е Како да се зголеми продажбата во 2017 на 12 Мај го организираме специализираниот семинар Sales Leaders Day со легендарниот David Tovey кој ќе им помогне на современите менаџери да се справат со најважните деловни проблематики:

  • Како да се зголеми продажбата, приходот и наплатата од постоечките клиенти
  • Како да се заштитите од нападите на конкуренцијата
  • Како до нови и сериозни клиенти кои ќе прават големи нарачки
  • Ефективно контролирање и менаџирање на продажниот тим

Настанот SALES LEADERS DAY е високо препорачлив за сите:

  • Менаџери и директори на продажба
  • Комерцијалисти, агенти и акаунт менаџери
  • Регионални менаџери и супервизори
  • Раководители на деловна мрежа
  • Директори, преприемачи и сопственици на бизниси

David Tovey, освен што е еден од најпознатите светски експерти за продажба и бизнис автори, во изминатите неколку години има одржано повеќе специјализирани обуки во Македонија, Бугарија, Романија, Србија и Косово и истите се оценети со просечна оценка 4,9 од над 1000 менаџери, директори и HR професионалци.

Сите детали на програмата, препораки од други учесници и бенефити можете да видите на нашиот вебсајт: http://smartevents.mk/sales-leaders-day-skopje/  

Цената на котизацијата изнесува 7.790 ден. + ДДВ што вклучува: целодневно учество, ручек и освежување, работни материјали и цертификат.

Акцијата 2+1, каде за 2 купени карти добивате 3 трае до 30 април.

Слободно контактирајте не на +389 2 3060077 или [email protected] за било какви прашања и резервации.

Срдечен поздрав,

Maja Popova | Project Manager | Smart Events International

Mob: +389 (0)78 262 192 | Office: +389 (0)2 30 60 077 | E-mail: [email protected]

 

Промовирани огласи »

KARIERA.mk, заедно со уште десеттина организации и фирми, е учесник на меѓународниот настан за социјални иновации во врабтоувањето. Настанот се одржува во Подгорица, Црна Гора на 5ти и 6ти мај.

Настанот е организиран од ADP-Zid како дел од You See платформата и проектот „Regional Platform of civil society organizations to advocate for social innovation in the field of employment of young people who are at risk of social exclusion“, a има за цел да направи регионална балканска соработка помеѓу невладини организации и фирми кои на некој начин се поврзани со вработување на млади луѓе.

KARIERA.mk очекува да размени позитивни искуства од регионот, да оствари сорабока со организации и фирми кои имаат сродна дејност и во блиска иднина да ги надогради своите услуги.

Промовирани огласи »

Форбс ги објави резултатите од истражувањето за најбогатите жени на светот. Во моментот најуспешните самостојни жени во Америка се вкупно 60 , тоа се 10 повеќе од минатата година . Некои од овие жени вредат до 53 милијарди долари.

Со помош на најиновативните жени на светот се создадени некои од најдобрите светски брендови како што се Gap, Spanx, Proactive, Vera Bradley и други. Голем број од нив, исто така, помогнаа да се изградат некои од најуспешните компании во тек, вклучувајќи facebook, eBay и Google, додека пак други се збогатија со милиони преку сопствени музика, книги или ТВ емисии.

Најбогатата претприемач жена во Америка е Дајен Хендрикс, којa e сопственик на ABC Supply, најголемиот дистрибутер на големо за кровни покриви во земјата. Таа потекнува од семејство на на сточари, и самостојно  започнала со бизнис во Висконсин во 1982 година со нејзиниот покоен сопруг Кен. Денес Хендрикс е во вредност од 4,9 милијарди долари, 1,2 милијарди повеќе од минатата година, кога таа беше на второто место. 

Mеѓу познатите екрански успешни имиња од женски род секако се вбројува и Oprah Whinfrey која котира високо на листите на Форбс секоја година.

Најмладата од најуспешните жени во светот е 26 годишната Taylor Swift, секако тука се Jessica Alba и Vera Bradley заедно со нејзината сосетка Patricia Miller со која станала најпрво пријателка па подоцна и бизнис партнер. Нивната приказна е најинтересна и истата започнала откако двете позајмиле по 250 долари од нивните сопрузи и започнале да работат во еден подрум. Денес Vera Bradley продава чанти во вредност од половина милион долари за само една година.

На овој свет му требаат нови иновативни жени и секогаш има простор за нови идеи. На вас останува да ја означите стартната линија и да започнете со вашите замисли. Форбс со години изработува анализи на најбогатите жени во светот, се надеваме дека една од вас некогаш ќе се најде на оваа прекрасна листа.

Промовирани огласи »

Брајан се пензионирал на 34 години, и дава совети како да се справиме со финансиите поуспешно. 

Во август 2016 година, Брајан постигнува финансиска независност на 34 година, и се пензионира.

Денес тој има свој блог, на кој пишува како да работите со парите. 

Првото и најважно нешто што треба да направите е да дознаете што е важно за вас, што ве прави среќни. Толку многу луѓе трошат пари за работи кои не придонесуваат за среќата. 

Не треба да купувате нова куќа само затоа што тоа е она што го прават сите ваши пријатели. Вие не мора да купувате нов автомобил, за да импресионирате некои од своите колеги.

Парите можат да ти купат слобода - слободата од 9 до 17, слобода од алармот на часовниците, слобода да не губам време, отстапив од илузии и почнав да штедам пари за да се насочам кон тоа - слободата, објаснува овој човек. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »