Промовирани огласи »

Со последната одлука на Република Бугарија донесена на 27 август, односно пред една недела, на македонските граѓани од 1 септември до 30 ноември им се забрани влез во Бугарија затоа што Македонија влезе меѓу државите во Црвената зона, односно во земји кои се најпогодени од коронавирусот.

Граѓаните кои изутринава тргнале кон Бугарија преку граничниот премин Деве Баир наишле на блокада од бугарските гранични службеници кои не им дозволиле да влезат во земјата и покрај тоа што имале вакцинален сертификат, односно негативен ПСР-тест или брз антиген тест.

-Вакцинирани сме и направивме ПЦР, бидејќи знаевме дека Бугарија тоа го бара, но не знаевме дека поради тоа комплетно ни е забранет влез. Да знаевме немаше ниту да тргнеме, ни рекоа дел од патниците.

Граѓаните не биле информирани за одлуката донесена од пред седум дена, а за ова не знаеле ниту полициските служби на граничниот премин Деве Баир.

“Не знаеме дали некои државјани биле вратени назад. Ние не сме добиле никаков допис ниту од Република Бугарија ниту од МНР дека има таква забрана за македонските државјани и затоа колегите не можат да  спречат некој граѓанин на македонскиот дел од границата ако тој уредно поседува ковид документи за патување“, рекоа за ММС од одделот за гранични работи и миграции за ММС.

Министерството за надворешни работи исто така не знаеше дали некои граѓани биле вратени назад поради некомплетни документи или поради тоа што ниту МНР ниту министерството за здравство не ги информирале граѓаните за новите услови за патување во Бугарија иако одлуката е стара седум дена.

Интернет-страницата на МНР со информации за ковид-19 е ажурирана и може да се види одлуката на Бугарија, „Обновена Заповед РД-01-733“ која ќе важи во следните три месеци.

Исклучок од забраната за влез во Бугарија се: бугарските граѓани, граѓани на државите членки на ЕУ, ЕЕЗ и на државите од Шенгенскиот договор и Конфедерација Швајцарија, членови на семејства (странци) на бугарски граѓани, странски државајни со привремено и постојано место на живеење во Р. Бугарија, медицински специјалисти, членови на државни делегации и дипломати, лица кои патуваат по хуманитарни причини, сезонски земјоделски и туристички работници, странци кои треба да земат бугарско државјанство, странски студенти со виза „Д“, лица со посебно одобрение на министерот за здравство или од него овластен.

Овие лица влегуваат во Бугарија под следните услови: со ковид сертификат за извршена вакцинација со две дози вакцини и 14 дена минати од последната примена вакцина или документ за прележан КОВИД 19, за период од 15 до 180 дена заедно со документ со негативен резултат од ПЦР тест, направен 72 часа, пред влегувањето во Бугарија.

Доколку не се исполнети условите или еден од нив, лицето се става под 10-дневен карантин дома или на наведена адреса, кој може да се разреши доколку се направи ПЦР тест со негативен резултат во првите 24 часа од пристигнувањето.

Исклучоци од поседување на горенаведените услови и документи имаат: транспортни работници и членови на екипажи за железнички, патен, авио и морски сообраќај, погранични работници, ученици и студенти кои живеат во државите во регионот, меѓу кои и Република Северна Македонија и кои патуваат најмалку еднаш неделно во Република Бугарија или, пак, ученици и студенти кои живеат во Бугарија и патуваат најмалку еднаш неделно во државите во регионот, меѓу кои и Македонија, лица кои минуваат транзитно, како и деца до 12 годишна возраст.

Македонските граѓани кои може да патуваат во Република Бугарија ги користат сите 3 граничните премини „Деве Баир’ – „Ѓуешево“, „Делчево“ – „Станке Лисичково“ и „Златарево“ – „Ново Село“.

Извор – www.mmks.mk

Промовирани огласи »

Amazon им дава бонус од 50 фунти на работниците кои не доцнат на работа. 

Се нуди седмичен бонус од 50 фунти за постојаните работници во Велика Британија доколку навреме да дојдат на работа, пренесува во четвртокот BBC. Наградата ќе важи за работниците кои се јавувале на работните места секој ден во седмицата, исклучувајќи ги боледувањата поради инавлидност или коронавирус. Од Amazon изјавиле дека наградата ќе ѝ помогне на компанијата да ги исполни своите летни и божикни деловни цели. Интернетскиот малопродажен гигант минатата седмица понди бонус од 1.000 фунти за работниците во складиштата кои ќе почнат да работат пред 18-ти септември. Ваквите поттикнувања се нудат во периодот на закрепнување на британскиот пазар на трудот, порад што бројот на слободни работени веста во август бил рекордно висок.

Промовирани огласи »

Невработеноста во ЕУ и еврозоната се намалува. 

Oва го покажуваат податоците на европската статистичка служба Еуростат.  Невработеноста кај жените во ЕУ се намали на 7,3 отсто во јули од 7,5 отсто во јуни, покажуваат податоците. Невработеноста кај мажите беше 6,5 отсто во јули, што опадна од 6,7 отсто во јуни. За еврозоната, невработеноста кај жените се намали на 8,1 отсто од 8,3 отсто и кај мажите на 7,1 отсто од 7,3 отсто во јули.  Земјите со најголема невработеност во ЕУ се Грција (14,6 отсто) и Шпанија (14,3 отсто). И двете земји водат по невработеноста кај младите – 37,6 отсто и 35,1 отсто, соодветно.

Промовирани огласи »

Многу кратко време по активирањето, страницата на Германската амбасада во Скопје за работни визи била речиси блокирана поради огромниот интерес и дури 50 илјади прегледи, соопштија од амбасадата.

Како што се посочува на официјалната фејсбук страница на Амбасадата, поради ова само еден дел од заинтересираните можеле да добијат можност да аплицираат. 

Амбасадорката Анке Холштајн вели дека изминатите денови добиле многу повратни реакции за доделувањето на термини за визи за Западен Балкан. За жал, како што посочува, реакциите биле претежно негативни. Како што објаснува Сојузната влада на Германија овозможи за државјани од Северна Македонија (како и од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Србија) привилегиран пристап кон германскиот пазар на труд. Ова и понатаму се однесува на секој тип на работа – независно од признатата квалификација.


Согласно германската законска регулатива, во целиот регион на Западен Балкан смее да се доделат 25.000 визи годишно, од нив Северна Македонија добива годишна квота од 4.750 визи. Гледано според бројот на жители, на граѓаните од Северна Македонија, исто така поради Вашиот голем интерес, им стои јасно надпропорционален удел на располагање“, вели Холштајн.
„Но, бидејќи истовремено интересот за оваа програма е огромен (објавата од понеделникот само за неколку часа имаше над 50.000 прегледи), се разбира дека знаеме дека само еден дел од заинтересираните може да добие прилика, додава таа. 


Сегашниот систем на доделување на термини, кој се користи во сите шест земји од регионот, треба да ѝ овозможи на Амбасадата, ограничената понуда на термини за поднесување на барања по можност да ја реализира широко распространето.


Затоа ве молам за Вашето разбирање и Ви ветувам истовремено, дека постојано работиме на подобрување на доделувањето на термините, за истото да биде потранспарентно за Вас, се вели во објавата на амбасадорката Холштајн на Фејсбук профилот на амбасадата.

Дојче веле пишува дека на заинтересираните граѓани од Северна Македонија им беа издадени рекордни 6.425 работници визи во 2019. година, но постапките речиси запреа во текот на 2020 година поради пандемијата на коронавирусот, односно лани работна виза добиле само 1.291 луѓе.

Според шефот на Сојузната агенција за вработување, Детлев Шеле на Германија и се потребни околу 400.000 доселеници годишно за да се пополнат сите неопходни работни места и тоа од сите профили: негуватели, преку техничари за климатизација, до логистичари и факултетски образовани луѓе.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »