Промовирани огласи »

Од утринава, кога почна најголемата статистичка операција во земјава, нема информации за одбивање за попишување од страна на граѓаните или за каков било технички проблем, изјави директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски по попишувањето на едно домаќинство во Ѓорче Петров.

Првиот човек на Статистика ги повика граѓаните да соработуваат, за да се добијат релевантни податоци и да не подлегнуваат на иницијативите кои повикуваат да не им се отвара врата на попишувачите. Повтори дека попишувањето е безбедно во однос на ширењето на вирусот и нагласи дека попишувачите имаат соодветни легитимации со кои мора да се излегитимираат.

После 20 години го дочекавме денот да започнеме со најважаната статистичка операција во државата – Пописот на населението, домаќинствата и становите. Посакувам оваа операција да ја завршиме успешно во интерес на сите. Да се приберат доволен фонд на информации за сите граѓани, за станбениот фонд и сите податоци што се важни за државата. Пописот не служи на ниту една политичка партија, ниту на поединци, служи на оние кои треба да го градат развојот на државата, изјави Симовски.

Тој посакува успешно да заврши оваа операција. 

Ве повикувам сите да се вклучите во оваа операција бидејќи податоците се заради вас и поради вас. Не собираме податои за да ги чуваме во архивите, туку да бидат употребени. Не подлегнувајте на притисоци, иницијативи, да не се отвора врата и да се бојкотира пописот бидејќи им правите штета на себеси и вашите деца, истакна Симовски.

Промовирани огласи »

Поради генерална проба за настанот, денес, од 07.30 до 12.30 и од 15.30 до 20.00 часот затворени за сообраќај ќе бидат: булеварот Кочо Рацин на потегот од крстосницата со булеварот Кузман Јосифовски Питу до улицата Кирил и Методиј. Улицата 11 Октомври на потег од улицата Крушевска Република до улицата Димитрие Чуповски. Улицата Филип Втори на потег од булеварот Гоце Делчев до улицата 11 Октомври.

Кеј 13 Ноември на потег од улицата Филип Втори до булеварот Кочо Рацин. Улицата Мирче Ацев на потег од улицата Филип Втори до булеварот Кочо Рацин.

Улицата Димитрија Чуповски на потег од порта Македонија до булеварот Климент Охридски и улицата Даме Груев од крстосницата со улицата Македонија до улицата 11-ти Октомври.

Сообраќајната полиција ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по овие улици, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници. Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот, со цел безбедност на сите учесници.

Промовирани огласи »

По 20 години во државата се спроведува попис на население и објекти. Првпат освен прибирање на податоци директно од населението на терен, ќе се користат и податоци од таканаречената Претпописна база, каде со внесувањето на матичниот број на граѓанинот во пописната апликација, автоматски се повлекуваат сите податоци што за тоа лице постојат во базите во државата.

Ова го забрзува целиот процес, што значи дека до крајот на годинава, најдоцна во јануари 2022 треба да бидат објавени податоците – кои ќе бидат од интерес и важност за речиси секоја сфера од живеењето и работењето во државата. Ќе добиеме точна бројка колку не има во државата и каде сме точно распоредени, ќе се добие прецизна слика за половата, старосната, образовната, економската структура на населението, бројот на објекти и слика на условите за живеење на населението.

Директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски, во интервју за МИА, вели дека по успешно спроведениот попис овој септември, нашата држава, во наредниот циклус на пописи околу 2030 година, ќе може да спроведе попис целосно базиран на регистри.

„Комбинираниот модел подразбира одење на терен, односно попишување лице в лице и користење на податоци од бази. Вообичаено, овој комбиниран метод е преодна фаза меѓу класичниот попис и пописот базиран на регистри“, вели тој за МИА.

Симовски додава и дека според Законот за Попис, Заводот има обврска да ги објави податоците 6 месеци по  завршувањето на теренските активности, но верува дека ќе успеат да ги завршат обработките многу порано и до крајот на годинава, најдоцна во јануари 2022 да бидат објавени податоците.

„За разлика од претходно, кога имавме првични, па следеше долг процес на внесување податоци, со овој процес сега ќе објави само дефинитивни конечни податоци“, нагласува тој.

Промовирани огласи »

Варијантата Делта на коронавирусот не предизвикува потешки случаи на ковид-19 кај деца и адолесценти отколку другите варијанти на вирусот, според првите податоци од студијата објавена од американските здравствени власти во петокот.

Загриженоста за ефектите на варијантата делта врз младите расте неколку недели во САД поради зголемениот број хоспитализирани деца.

Центрите за превенција и контрола на болести (ЦДЦ), главната федерална агенција за јавно здравје во земјата, ги проучуваа податоците од пациентите хоспитализирани за „Ковид-19“ во 99 окрузи во 14 држави.

Агенцијата го спореди периодот од почетокот на март до средината на јуни со оној од средината на јуни до крајот на јули, кога делтата стана доминантна во Соединетите држави.

Помеѓу овие два периода, стапката на хоспитализација за деца и млади до 17 години се зголеми петкратно.

Меѓутоа, „процентот на деца и адолесценти примени во болница поради тешка форма на болеста“, како што се оние примени на интензивна нега, „беше сличен пред периодот кога варијантата на делтата стана доминантна и за време на истата“.

Покрај тоа, студијата покажува дека вакцините добро ги штитат адолесцентите од варијантата на делта, бидејќи стапката на хоспитализација е околу десет пати повисока за невакцинираните. Во САД, децата на возраст од 12 години можат да добијат вакцина Фајзер.

ЦДЦ, сепак, посочува дека бројот на тешки случаи на ковид-19 помеѓу средината на јуни и крајот на јули кај деца и адолесценти бил премногу мал за споредбите да бидат целосно релевантни. Тој нагласува дека е неопходно да се продолжи со следење на податоците.

Извор: Индекс.хр

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »