Промовирани огласи »

На повидок е нова глобална финансиска криза. 

Светот би можел да се соочи со финансиска катастрофа која може да се спореди со кризата од 2008 и 2009 година. 

Ова би било кулминација поради проблемите  во последните 18 месеци, и борбата со коронавирусот. 

Централната банка на Русија предвидува дека ќе има нова криза. Светската економија би можела да влезе во криза поради зголемувањето на глобалниот долг во земјите и сѐ поголемиот број на фирми со слаба финансиска сила.

Руската економија страда од високата инфлација, која моментално изнесува 6,5 отсто. 

Пандемијата донесе многу рестрикции и затворања ширум светот. Сето тоа се одрази на економијата. 

Промовирани огласи »

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека согласно со Законот за празниците, 8 Септември (среда), Денот на независноста, е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните во Република Северна Македонија им го честита Денот на независноста, стои во соопштението. 

Промовирани огласи »

Над 100.000 граѓани го посетиле Дино паркот во рамките на скопската Зоолошка градина изминативе три месеци. Директорот Ѓорѓи Галетановски за порталот СДК вели дека голем број од посетителите се качуваат на опашките и ги јаваат диносаурусите, па дел од нив се оштетени и напукнати.

Моравме да санираме дел од динасаурусите, бидејќи опашките им беа оштетени. Во паркот има редари кои ги опоменуваат посетителите дека не треба да се качуваат врз нив, но поради големиот интерес не можеа да ги контролираат сите. Сите штети се поправени и уште еднаш апелирам до родителите да не ги качуваат децата на диносаурусите и да ги почитуваат правилата, вели директорот Галетановски за порталот СДК. 

Во наредниот период, како што вели Галетановски, ќе се работи на проширување на Дино паркот за плус 700 квадратни метри. Со проширување ќе се постават нови содржини за децата, односно игротека и тобогани во јура стил. Проширувањето ќе се врши кон делот каде сега се наоаѓаат шталите на коњите од кочијата за Скопје 2014, кои ќе се префрлат на друга локација во Зоолошката градина. 

Промовирани огласи »

Од утринава, кога почна најголемата статистичка операција во земјава, нема информации за одбивање за попишување од страна на граѓаните или за каков било технички проблем, изјави директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски по попишувањето на едно домаќинство во Ѓорче Петров.

Првиот човек на Статистика ги повика граѓаните да соработуваат, за да се добијат релевантни податоци и да не подлегнуваат на иницијативите кои повикуваат да не им се отвара врата на попишувачите. Повтори дека попишувањето е безбедно во однос на ширењето на вирусот и нагласи дека попишувачите имаат соодветни легитимации со кои мора да се излегитимираат.

После 20 години го дочекавме денот да започнеме со најважаната статистичка операција во државата – Пописот на населението, домаќинствата и становите. Посакувам оваа операција да ја завршиме успешно во интерес на сите. Да се приберат доволен фонд на информации за сите граѓани, за станбениот фонд и сите податоци што се важни за државата. Пописот не служи на ниту една политичка партија, ниту на поединци, служи на оние кои треба да го градат развојот на државата, изјави Симовски.

Тој посакува успешно да заврши оваа операција. 

Ве повикувам сите да се вклучите во оваа операција бидејќи податоците се заради вас и поради вас. Не собираме податои за да ги чуваме во архивите, туку да бидат употребени. Не подлегнувајте на притисоци, иницијативи, да не се отвора врата и да се бојкотира пописот бидејќи им правите штета на себеси и вашите деца, истакна Симовски.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »