Промовирани огласи »

Украина е петта земја во изминатите неколку недели која воспостави некои основни правила за пазарот на криптовалути.

Украинскиот Парламент речиси едногласно усвои закон со кој се легализираат и регулираат криптовалутите. Законот, кој беше донесен во 2020 година, сега треба да го потпише претседателот Володимир Зеленски.

Досега, криптопазарот во Украина функционираше во сивата зона, при што на граѓаните им беше дозволено да купуваат и разменуваат виртуелни монети, но компаниите и берзите кои се занимаваат со криптовалути честопати беа под контрола на финансиската полиција.

До 2022 година, Украина планира да отвори пазар за криптовалути за компаниите и инвеститорите, пишува „Киев пост“.

Новиот закон предвидува одредени мерки за заштита од измама за иматели на биткоин и други криптовалути, а пратениците во Врховната рада ја дефинираа и основната терминологија во светот на криптовалутите, како што се термините виртуелна сопственост, дигитален паричник, приватни клучеви, итн.

За разлика од Ел Салвадор, кој оваа недела го усвои биткоинот како легално средство за плаќање, украинскиот крипто-закон не значи воведување на биткоин како платежно средство, ниту пак го става на еднакво рамниште со националната валута на земјата – гривна

Промовирани огласи »

Tinker Labs едукацијата е иновативен образовен систем кој ги опфака сите области од СТЕАМ едукацијата (наука, технологија, инжинерство, математика и уметност) интегрирајќи ги заедно преку интердисциплинарен пристап на учење. Интердисциплинарниот пристап на СТЕАМ концептот комбиниран со уникатниот Tinker Labs метод и пристап на учење, кој користи иновативни и напредни методи и техники на едуцирање на децата, создаваат извонредна синтеза на совршен едукативен модел кој гарантира интелктуален и социо – емоционален развој кај децата, покрај стекнувањето на квалитетно и функционално академско знаење.

Магијата на Tinker Labs едукацијата се состои во посебниот метод на учење, каде што децата учат во училници, кои изгледаат на мали иновативни лаборатории и сето знаење го стекнуваат преку работа на реални проекти, експерименти, истражувања, наоѓање на иновативни решенија и изработка на модели и прототипови.

Сакате да ја почуствувате магијата на Tinker Labs едукацијата?

Вратите на трите Tinker Labs училишни центри во Скопје, Струмица и Радовиш се отворени за сите заинтересирани деца и родители. Повелете на бесплатен пробен час и направете разлика.
Регистрирајте се на тел:

Tinker Labs Skopje – 075 387 485
Tinker Labs Strumica – 071 242 476
Tinker Labs Radovish – 070 226 489

За повеќе информации: https://tinkerlabs.mk/

Промовирани огласи »

На отворено кај Аква паркот во близина на А1 Арена во Скопје денеска почнува Саемот на книга 2021. Покрај изложбено-продажниот дел, организаторите во текот на саемските денови од 8 до 14 септември, најавуваат и 33 промоции на нови дела и автори.

Во Промотивниот центар во рамките на Саемот на книга ќе се реализираат промоции на нови изданија од  Државниот Архив на РСМ, Книгохоличари, Бата Прес, Арс Ламина, Топер, Полица, Едука Мак, Издавачки центар ТРИ, Деа Балкански, Паблишер, Библиски Центар Божилак, Издавачки Центар Јени Балкан.

Во рамките на работната програма ќе се одржи и традиционалното доделување на награди од страна на Македонската асоцијација на издавачи (МАИ) и доделување на награди од Здружението на издавачите и книжарите на Македонија (ЗИКМ).

На саемот ќе учествуваат над 60 издавачки куќи кои најавија претставување на своите најнови изданија, а покрај промоциите, ќе има и големи саемски попусти до 70отсто.

Саемот на книга е организиран во соработка со Македонската асоцијација на издавачи, Здружението на издавачите и книжарите на Македонија – ЗИКМ, Здружението на албанските издавачи од Македонија и Сојузот на албански издавачи во Македонија и е поддржан од Министерството за култура на Република Северна Македонија.

Програмата и распоредот на промоции можат да се видат на следниот линк: https://bit.ly/3DTDPUs

Саемот за книга ќе се одвива на отворено, согласно сите здравствени протоколи за заштита на јавното здравје (носење маска, држење дистанца од 2 метра и дезинфекција), со тоа што при влез на саемот потребно е посетителите да прикажат сертификат за вакцинација или сертификат за прележан КОВИД-19 за сите лица над 18 години.

Билети за саемот на книга ќе може да се купат преку on-line електронскиот систем www.karti.com.mk или на билетарите пред саемот. За најбројната публика, млади лица до 18 години билетот чини само 20 денари.

Работното време на саемот во периодот од 8 до 11 септември е од 10.00-21.00 часот, на 12 и 13 септември од 10.00-20.00 часот, а на 14 септември од 10.00-17.00 часот. 

Промовирани огласи »

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов, на својата фејсбук страница објави фотографија од речиси споениот мост „Генерал Михајло Апостолски” во општина Аеродром.

Мостот „Генерал Михајло Апостолски” во општина Аеродром е еден од капиталните проекти на Град Скопје, за кој Шилегов зборуваше и на вчерашното гостување во ТВ Канал 5:

Имате булевар АСНОМ кој долги години беше рак рана на граѓаните на Аеродром, и јас очекувам некаде до почетокот на кампањата ќе го пуштиме и мостот таму во употреба...

изјави Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов во емисијата „Жешко политичко лето“.
 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »