Промовирани огласи »

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов, на својата фејсбук страница објави фотографија од речиси споениот мост „Генерал Михајло Апостолски” во општина Аеродром.

Мостот „Генерал Михајло Апостолски” во општина Аеродром е еден од капиталните проекти на Град Скопје, за кој Шилегов зборуваше и на вчерашното гостување во ТВ Канал 5:

Имате булевар АСНОМ кој долги години беше рак рана на граѓаните на Аеродром, и јас очекувам некаде до почетокот на кампањата ќе го пуштиме и мостот таму во употреба...

изјави Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов во емисијата „Жешко политичко лето“.
 

Промовирани огласи »

 Поради подготовки за настанот по повод Денот на независноста денеска почнувајќи од 11:00 часот во централното градско подрачје ќе има изменет сообраќааен режим.

Затворени за сообраќај ќе бидат: ул.„11 Октомври” и ул. „Димитрие Чупоски” во правец на движење од ул.„Васил Главинов”  до ул.„Филип Втори Македонски”, додека спротивниот правец ќе биде отворен за сообраќај, а од 15:00 часот сообраќајот ќе биде затворен во двата правци, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Од МВР информираат дека од 23 часот на 07.09.2021 до 11:00 часот на 08.09.2021 година  дополнително затворени за сообраќај ќе бидат ул.„Даме Груев” на потегот  од крстосницата со ул.„Македонија” до крстосницата со ул.„11-ти Октомври” и ул.„Филип Втори” на потег од „Кеј13 Ноември” до ул.„11 Октомври” и ул.„11 Октомври” на потегот од бул. „Кочо Рацин” до ул. „Даме Груев”.

Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по горенаведените улици, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

Се апелира граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот, со цел безбедност на сите учесници во сообраќајот. 

Промовирани огласи »

На повидок е нова глобална финансиска криза. 

Светот би можел да се соочи со финансиска катастрофа која може да се спореди со кризата од 2008 и 2009 година. 

Ова би било кулминација поради проблемите  во последните 18 месеци, и борбата со коронавирусот. 

Централната банка на Русија предвидува дека ќе има нова криза. Светската економија би можела да влезе во криза поради зголемувањето на глобалниот долг во земјите и сѐ поголемиот број на фирми со слаба финансиска сила.

Руската економија страда од високата инфлација, која моментално изнесува 6,5 отсто. 

Пандемијата донесе многу рестрикции и затворања ширум светот. Сето тоа се одрази на економијата. 

Промовирани огласи »

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека согласно со Законот за празниците, 8 Септември (среда), Денот на независноста, е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните во Република Северна Македонија им го честита Денот на независноста, стои во соопштението. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »