Промовирани огласи »

 Поради подготовки за настанот по повод Денот на независноста денеска почнувајќи од 11:00 часот во централното градско подрачје ќе има изменет сообраќааен режим.

Затворени за сообраќај ќе бидат: ул.„11 Октомври” и ул. „Димитрие Чупоски” во правец на движење од ул.„Васил Главинов”  до ул.„Филип Втори Македонски”, додека спротивниот правец ќе биде отворен за сообраќај, а од 15:00 часот сообраќајот ќе биде затворен во двата правци, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Од МВР информираат дека од 23 часот на 07.09.2021 до 11:00 часот на 08.09.2021 година  дополнително затворени за сообраќај ќе бидат ул.„Даме Груев” на потегот  од крстосницата со ул.„Македонија” до крстосницата со ул.„11-ти Октомври” и ул.„Филип Втори” на потег од „Кеј13 Ноември” до ул.„11 Октомври” и ул.„11 Октомври” на потегот од бул. „Кочо Рацин” до ул. „Даме Груев”.

Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по горенаведените улици, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

Се апелира граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот, со цел безбедност на сите учесници во сообраќајот. 

Промовирани огласи »

На повидок е нова глобална финансиска криза. 

Светот би можел да се соочи со финансиска катастрофа која може да се спореди со кризата од 2008 и 2009 година. 

Ова би било кулминација поради проблемите  во последните 18 месеци, и борбата со коронавирусот. 

Централната банка на Русија предвидува дека ќе има нова криза. Светската економија би можела да влезе во криза поради зголемувањето на глобалниот долг во земјите и сѐ поголемиот број на фирми со слаба финансиска сила.

Руската економија страда од високата инфлација, која моментално изнесува 6,5 отсто. 

Пандемијата донесе многу рестрикции и затворања ширум светот. Сето тоа се одрази на економијата. 

Промовирани огласи »

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека согласно со Законот за празниците, 8 Септември (среда), Денот на независноста, е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните во Република Северна Македонија им го честита Денот на независноста, стои во соопштението. 

Промовирани огласи »

Над 100.000 граѓани го посетиле Дино паркот во рамките на скопската Зоолошка градина изминативе три месеци. Директорот Ѓорѓи Галетановски за порталот СДК вели дека голем број од посетителите се качуваат на опашките и ги јаваат диносаурусите, па дел од нив се оштетени и напукнати.

Моравме да санираме дел од динасаурусите, бидејќи опашките им беа оштетени. Во паркот има редари кои ги опоменуваат посетителите дека не треба да се качуваат врз нив, но поради големиот интерес не можеа да ги контролираат сите. Сите штети се поправени и уште еднаш апелирам до родителите да не ги качуваат децата на диносаурусите и да ги почитуваат правилата, вели директорот Галетановски за порталот СДК. 

Во наредниот период, како што вели Галетановски, ќе се работи на проширување на Дино паркот за плус 700 квадратни метри. Со проширување ќе се постават нови содржини за децата, односно игротека и тобогани во јура стил. Проширувањето ќе се врши кон делот каде сега се наоаѓаат шталите на коњите од кочијата за Скопје 2014, кои ќе се префрлат на друга локација во Зоолошката градина. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »