Промовирани огласи »

Протекоа нови информации за карактеристиките на OnePlus 5

Карактеристики на новиот OnePlus 5 се појавија на интернет

Делумните информации околу карактеристиките на долгоочекуваниот смартфон OnePlus 5, неодамна се појавија на Интернет.

Новиот OnePlus 5, според сè уште непотврдените информации, ќе биде опремен со Snapdragon 835 процесор, ќе содржи 6GB RAM меморија, 128GB за складирање на податоци и вертикално поставени dual-lens камери. 

Телефонот, најверојатно ќе има фиксирана батерија од 3600mAh, која ќе се одликува со 25% пократко време за полнење отколку моделот OnePlus 3T, кој беше претставен во ноември минатата година.  

Засега сè уште нема информации за верзијата со 8GB RAM, за која кружеа гласини.

Промовирани огласи »

Утринава на берзите во Азија еврото зајакна во однос на главните светски валути по изборот на проевропскиот либерален кандидат Емануел Макрон за нов претседател на Франција и неговата победа над кандидатката на крајната десница Марин ле Пен, јавија француските медиуми.

Непосредно по објавувањето на резултатите, еврото зајакна до 1,1023 долари, во споредба со 1,0999 долари во петокот вечерта во Њујорк. Со ова, еврото го достигна својот највисок курс од ноември минатата година.

Утринава едно евро се продава за 124,59 јени, во споредба со 124,05 јени на крајот од минатата недела и го достигна својот највисок курс кон јапонската валута по повеќе од една година.

Девизните берзи „колективно воздивнаа со олеснување“, но оваа позитивна реакција веројатно кратко ќе трае, оцени австралискиот банкарски експерт Фил Боркин.

– Прашање е дали Макрон ќе добие мнозинство на парламентарните избори следниот месец, додаде тој.

Сметаме дека во следните неколку недели еврото може да зајакне, бидејќи Европската централна банка ќе покаже поголема самоувереност по намалувањето на ризиците во еврозоната, изјави Реј Атрил од Националната банка на Австралија.

Промовирани огласи »

Државата дава 4.000 неповратни евра, еве како може да ги земете

Агенцијата за вработување доделува 4.000 евра неповратни грантови за невработени лица, кои ќе покренат сопствен бизнис

Агенцијата за вработување доделува 4.000 евра неповратни грантови за невработени лица, кои ќе покренат сопствен бизнис, а со оваа мерка предвидено е да се вработат 1.050 невработени лица и да се отворат околу 1.000 нови микро претпријатија.

Сите невработени лица кои се регистрирани во АВРМ, во наредните 10 дена ќе може да аплицираат во 30-те центри за вработување низ Македонија за добивање грант од 4.000 евра. Од оваа година, неповратите средства за отворање на сопствен бизнис се зголемени за 1.000 евра.

Министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими истакна дека програмата за самовработување вклучува обука за претприемништво, помош при развивање одржлив бизнис план и регистрирање на дејност, неповратни грантови во форма на опрема и материјали и менторство за време на започнување на бизнисот.

Промовирани огласи »

Која е најбогатата држава на Балканот?

Македонија меѓу најбогатите 100 земји во светот

Верувале или не, Македонија се наоѓа на високото 77 место во светот на ранг листата на земји кои имаат најголеми резерви на злато. Оваа информација ја објави Светскиот совет за злато.

На прво место во светот се наоѓаат САД, со 8.133,5 тони, додека пак втора е Германија со 3.377,9 тони злато. На третото место се наоѓа Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) со 2.814 тони.

Меѓу десете најбогати се и Италија, Кина, Русија, Швајцарија, Јапонија и Холандија. На Балканот, највеќе злато има Србија 18,8 тони, а Македонија има 6.9 тони злато. На 88 место се наоѓа Словенија со 3 тони злато. Босна и Херцеговина исто така со 3 тони се наоѓа на 91 место. На 98 место се наоѓа Албанија со 1.6 тони. Најмалку злато во Светот има Монголија која е на 100 место.

Интересно е што во првите 100 земји ги нема Хрватска и Црна Гора.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »