Германскиот производител на автомобили „Volkswagen-VW“ е прв во светот според инвестициите во истражувањето и развојот, покажаа податоците не Европската комисија (ЕК).
„VW“ минатата година за истражување и развој издвоил 9,5 милијарди евра.
Второто место го зазема јужнокорејскиот производител на електроника „Samsung“, со инвестиции во вредност од 8,3 милијарди евра. Меѓу првите десет има пет компании од САД, две од швајцарија и една од Јапонија.
Вкупните инвестиции на европските компании во истражувањето и развојот минатата година, според истражувањето, се зголемени за повеќе од шест проценти.
Комисијата, сепак, ја предупреди Европа дека и понатака заостанува зад САД, каде инвестициите пораснале за повеќе од осум проценти. ЕК укажа на недоволните инвестиции на европските компании во врвната технологија, како што е биотехнологијата и софтверите.
„Volkswagen“ е најголемиот европски производител на автомобили, со амбиции до 2018 година да стане најголем и во светот.