Речиси секој основач на компанија на почетокот размислува за тоа како ќе биде интернет адресата, на која ќе може да ја изгради својата веб страница. Бидејќи постојат огромен број на имиња на компании, во поново време, се повеќе истите се дуплираат и е невозможно компанииите да одберат погодно име за својот домен.
Mногу од светските компании, сметаат дека доколку не поседуваат .com домен не изгледаат доволно професионално пред своите потрошувачи и конкуренција.
Меѓутоа, во поново време многу од модерните компании одбираат некои други назнаки за нивните домени да се брзо памтливи и истите да останат во меморијата на потрошувачите подолго.
Бидејќи многу од домените се зафатени, компаниите одбираат нова завршница наместо .com за да може да го имаат посакуваното име на доменот на пример findjobs.org наместо findjobs.com.
Една нова претприемачка куќа, на своите почетоци ангажирала IT експерт и маркетинг аналитичар за да им помогнат со промоција на новата компaнија и нормално едно од основните линии е оформување на веб страница за која треба да се одбере соодветен домен. Основачот на компнијата се присеќа како експертите му рекле дека одбрал ужасно име за својата компанија (Global) бидејќи околу 700 други компании од регионот го имале зборот global во името на својата компанија и истото природно го користеле во оформувањето на својот домен. Било речиси невозможно да се пронајде слободен домен со името кое им одговарало, па затоа на крајот морале да завршат со нешто друго наместо .com.
Според светските анализи, 67% од ново оформените демени за правни лица во првите месеци од 2017 биле со поинаква завршница од .com што зборува за нов тренд кој се шири со брзината на светлината.