Промовирани огласи »

Растот на цените пред се на прехранбените производи не треба да ги загрижува граѓаните, вели вицепремиерот за економија Фатмир Битиќи при денешната посета во Битола со цел увид во активностите на потпроектот „Зголемена туристичка понуда на Пелагонискиот регион преку реставрирање и адаптирање на Офицерски дом заедно со партерното уредување”.

Тој посочи дека ситуацијата е под контрола, и нема посериозни зголемувања на цените. Додаде и дека владата не сака да реагира со евентуални мерки за ублажување на ценовниот шок, се со цел пред избори да не биде погрешно разбрана.

Како што вели тој, според увидот на завршените работи во архитектонската убавина и импозантност во Битола треба да бидеме горди дека има ваков репрезентативен објект на кој многу можат да ни завидуваат.

Оваа инвестиција е само дел од реализираните активности при Проектот за локална и регионална конкурентност кој има за цел да ги подобри туристичките потенцијали во 10 различни дестинации во земјава. Реконструкцијата на објектот и неговата околина чини вкупно 58.792.610,00 денари, од кои 52.913.349,00 денари беа обезбедени од Проектот за локална и регионална конкурентност додека Општина Битола учествуваше со 5.879.261,00 денари, информираше Битиќи.

Промовирани огласи »

До неодамна беше можно да се купи пристоен компактен автомобил за околу 13.000 евра, а денеска се значително поскапи и базните модели.

Германскиот “Automobilwoche” проверил колку навистина поскапеле автомобилите. Според нивната пресметка, просечната цена за семеен компактен автомобил од 2002-ра до 2020-та година пораснала за неверојатни 63 проценти, додека во Б-сегментот растот е незначително помал, и натаму огромни 59 проценти. Вистина, автомобилите се помоќни, поопремени и побезбедни, но се поставува прашањето дали сето тоа го оправдува толкавиот раст на цените.

Според “Jato Dynamics”, просечната цена на компакт од Ц-сегментот, во кој влегуваат, на пример, “Ford Focus”, “Renault Megane” и “VW Golf”, во 2002-ра година била 18.400 евра. Во 2020-ра година тој износ се зголемил на дури 30.000 евра.

Без електрифицирани модели, цените на автомобилите со мотори со внатрешно согорување за овој период се зголемиле за 53%. На сето тоа можеме да ја додадеме и инфлацијата, според која 18.400 евра во 2002-ра година се како 24.576 евра денес. И натаму останува зголемување од 21 проценти, во кое може да се додадат низа фактори, од зголемени цени за развој, до подобра опрема и слично.

На пример, со “Golf” работите стојат вака. Неговата просечна цена од 2002-ра до 2010-та година пораснала за 22 проценти, а од 2010-та до 2020-та за уште 37 проценти. Ова главно се должи на различните хибридни варијанти на моделот, кои се продаваат доста добро, како и верзиите со високи перформанси како што се „GTI“, „GTD“, „GTE“, „GTI Clubsport“ и „R“.

Во иднина можеме да очекуваме и понатамошен раст на цените. Освен што моделите се поголеми и помоќни, факт е дека електрификацијата и се покомплексната опрема имаат се поголем удел во цената на автомобилот која на крајот ја плаќа купецот.

Промовирани огласи »

Полициски службеници од ЕВР Карпош, ЕВР Ѓорче Петров и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје вчера во 19:30 часот го лишиле од слобода Е. А. (39) од село Љубин, скопско, поради кражба на графички картички и електрична енергија.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени ‘битмаин’ и графички картички, кои потекнуваат од кривично дело „тешка кражба“ извршена на 14.03.2021 на ул.„Петар Драганов“, а биле користени за копање биткоини. При претесот, исто така, било утврдено дека Е.А. врши и кражба на електрична енергија, се вели во соопштението од МВР.

Лицето е приведено во полициска станица и по целосно документирањена случајот против него ќе бидат поднесени пријави по член 236 за „тешка кражба“ и член 235 за „кражба на електрична енергија“ од Кривичниот законик. 

Промовирани огласи »

Македонија се најде на 49 место на листата земји во светот по висината на трошоците кои граѓаните ги издвојуваат месечно за комуналните и другите услуги кои ги плаќаат. За ова, според најголемата светска база на статистички податоци Numbeo, во земјава се потребни 97 евра. На списокот на кој има ажурирани бројки, од земјите од регионот, Србија е на 32 место, а БиХ се најде на 35 место.

Статистиката подготвена од Numbeo се однесува на цените на услугите како што се електрична енергија, греење, вода, но и собирање ѓубре.

Статистиката ги опфаќа речиси сите земји во светот, а табелата се одредува врз основа на сумата на пари што треба да се распредели за трошоците за живот во стан од 85 квадратни метри.

Она што може да се забележи според објавената табела е дека областа на Европа, барем кога станува збор за просечните цени на основните услуги, е „најскапиот“ дел од светот за живеење.

Според статистиката на Numbeo, Германија е убедливо најскапата земја кога станува збор за просечната цена на основните услуги, па затоа граѓаните на оваа земја плаќаат околу 225 евра за месечни сметки.

Меѓу 10-те најскапи земји, има само две неевропски земји, односно Израел и Хонг Конг. Жителите на овие области издвојуваат 199, односно 198 евра месечно, за основните трошоци.

Во табелата на Numbeo, исто така се вклучени и земјите од регионот.

Според податоците, Србија е 32-та најскапа земја во светот кога станува збор за основните услуги. Во просек, србите треба да издвојат 129 евра за основни услуги во стан од 85 квадратни метри, што е приближно иста сума што мора да ја издвојат граѓаните на Јужна Кореја, Литванија и Босна и Херцеговина.

Кога станува збор за остатокот од регионот, убедливо најскапата земја за живеење е Словенија, која е на петтото место на оваа табела. За основните услуги во оваа земја, граѓаните треба да издвојат речиси 200 евра.

Другите земји во регионот се сместени нешто пониско на листата, па така Хрватска е на 20-то место, а според податоците во оваа земја, 159 евра треба да се издвојат за комунални услуги.

БиХ е на 35 место со трошоци за основни услуги од 124 евра, а „поевтини“ земји во регионот според овие статистики се Македонија (49 место) каде за основни трошоци потребно е да се одвојат 97 евра, Црна Гора (50 место) каде што е потребно да се одвојат 95 евра, и Албанија (63 место), каде што трошоците се околу 70 евра.

„Најевтина“ земја за живеење, барем кога станува збор за регионот, е Косово, каде што граѓаните треба да платат 54 евра за основните услуги.

Интересно е што од северниот сосед Србија, според Numbeo, некои далеку поразвиени европски земји имаат поевтини месечни трошоци, како што е на пример Шпанија, чии граѓани плаќаат 114, и Португалија со 101 евро месечни трошоци.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »