Промовирани огласи »

На Словенците ќе им требаат ковид потврди и за работа од дома, инаку ќе се соочат со казни. 

Министерството за труд сега појасни дека дури и оние кои работат од дома не се ослободени од обврската да поднесат потврда за вакцинација, прележан коронавирус или негативен тест, јави телевизијата Н1, пренесе Индекс.

Ако вработените што работат од дома немаат ковид потврда, тие ќе мора да се самотестираат со брз антигенски тест најмалку еднаш неделно, по што мора сертификатот да го испратат до работодавачот, а во него да бидат наведени датумот на тестирање, резултатот од тестот и потпис. Трошоците за тестирање се на товар на работодавачот.

Словенија воведе ковид сертификат за работа, за одење во трговски центри, здравствени установи, јавен превоз, освен за студентите, како и за различните услужни дејности и јавни институции. Во земјата имаше протетси против овие мерки. 

Промовирани огласи »

Третата доза вакцина против ковид 19 во Македонија се очекува да се примени наскоро, пишува Алсат.

Првично, властите планираат со третата доза да ги имунизираат лицата со загрозен имунитет и здравствените работници, додека за останатите жители во земјава сѐ уште нема дефинитивен став дали треба или не да се имунизираат со третата доза.

Директорот на Институтот за имунологија во Скопје вели дека кај нас третата доза ќе биде Фајзер, без разлика со која вакцина претходно биле имунизирани граѓаните.

Промовирани огласи »

Просечната плата во јули била 28.540 денари. 

Таа е за 4,8 отсто поголема од истиот месец лани, објави Државниот завод за статистика. Просечната месечна исплатена бруто-плата, пак, во јули изнесувала 42.627, што е за 4,9 отсто повисока од јули 2020 година.

Зголемувањето се должи, пред сѐ, на растот на просечната месечна исплатена нето-плата во секторите: Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (15.1  отсто), Уметност, забава и рекреација (14.2 отсто) и Други услужни дејности (13.5 отсто).

Но, во земјава растат и трошоците за живот. Веќе има зголемување на дел од цените на прехранбените продукти, а дел допрва ќе поскапуваат. 

Синдикалната кошница за август годинава изнесува 34.342 денари, а зголемена е за 214 денари во однос на претходниот месец јули. 

Промовирани огласи »

Секој вторник ќе може да патувате авионски на релација Санкт Петербург – Скопје.

Новата авиолинија првиот лет ќе го почне од денес кога на скопскиот аеродром треба да слета авионот на „Нордвинд Ерлајнс“ во 13:35 часот.

Информациите се дека првично летот ќе се одвива само во вторник.

Овој лет на погореспоменатата авиокомпанија следат откако во јуни стартуваа директните летови Москва - Скопје.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »