Промовирани огласи »

Секој вторник ќе може да патувате авионски на релација Санкт Петербург – Скопје.

Новата авиолинија првиот лет ќе го почне од денес кога на скопскиот аеродром треба да слета авионот на „Нордвинд Ерлајнс“ во 13:35 часот.

Информациите се дека првично летот ќе се одвива само во вторник.

Овој лет на погореспоменатата авиокомпанија следат откако во јуни стартуваа директните летови Москва - Скопје.

Промовирани огласи »

193.370 лица се самопопишале а се водат во странство.

Во тек е попишувањето на лица и домаќинства а досега официјално според државниот завод за статистика, се попишани 1.037.309 лица.

Според надлежните, нема бојкот за попишувањето а не се пишуваат ниту казни.

Уште девет дена остануваат до крајот на рокот за попишување.

Промовирани огласи »

Новиот, најголем трговски центар во Македонија Ист Гејт Мол ќе се отвори во втората половина на октомври. Во него ќе има многу познати светски брендови, а како што е потврдено, светски познатиот моден магнат, Групацијата Индитекс ги носи во земјава како “деби“ на македонскиот пазар познатите „Zara Home“ и „Oysho“ . Трговскиот центар има 220 продавници, а 40 отсто од нив се нови брендови кои за прв пат влегуваат во Македонија со што го позиционираат Ист Гејт Мол како водечки центар во кој ќе има нешто ново и поразлично. Сепак веќе е јасно, дека на денот на отворањето нема да има Лидл, Мекдоналдс и познатат продавница H$M.

Игор Давков, генерален менаџер на Ист Гејт Мол денеска потврди дека се уште се разговара со H$M, но засега во овој трговски центар дефинитивно нема да има Лидл и Мекдоналдс. Како што Фактор веќе објави проблемот со синџиот на храна настаналсо имателот на франшизата, која во моментов за овој пазар ја има бугарска фирма.

Давков рече дека се подготвува систем за целсона валидација на QR кодот за вакцинација, а ќе се валидираат и вакцините кои се примени во Србија и најверојатно и Косово.

Инаку во Ист гејт мол ќе има и „Мassimo Dutti“, „Bershka“, „Pull and Bear“ и „Stradivarius“. Сите трговски марки ќе се претстават со своето целосно продуктно портфолио, а познатиот бренд „ZARA“, ќе се простира на речиси 4,600 квадратни метри со што ја прави најголемата продавница на „ZARA“ во целиот балкански регион.

Уште едно освежување за посетителите претставува и полската модна групација LPP која во Ист Гејт Мол ќе отвори пет продавници на површина од 6,500 квадратни метри и тоа „RESERVED“, „MOHITO“, „HOUSE“, „CROPP“, „SINSAY“. 

Промовирани огласи »

Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги се подготвува да објави црна листа на снабдувачи со електрична енергија кои не ги почитуваат договорите со потрошувачите на слободниот пазар - најави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторна комисија за енергетика во интервју за Утрински брифинг.

Изминативе месеци цената на електричната енергија на светските берзи е зголемена и дел од снабдувачите поради тоа ги раскинуваат договорите со некои од компаниите пред време и има обиди да фактурираат по нови цени, а тоа не е дозволиво. Ги предупредивме, ќе почнеме и постапки за одземање на лиценци, а и ги разгледуваме можностите за да се објави црна листа за да можат да знаат потрошувачите кои снабдувачи имаат лошо поведение и не ги почитуваат договорите. Снабдувачот е обврзан да му даде услуга на потрошувачот по иста цена по договорот додека трае периодот на префрлување, односно свичинг кај нов снабдувач. Дотогаш не смее да му ја промени цената од договорот, изјави Бислимоски.

Бислимоски уверува дека цената на домаќинствата е стабилна и е гарантирана од страна на РКЕ.

Во земјава во моментов има 13 активни снабдувачи, со што се позиционираме како земја со најмногу активни снабдувач во овој дел од Европа.

  

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »