Промовирани огласи »

Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги се подготвува да објави црна листа на снабдувачи со електрична енергија кои не ги почитуваат договорите со потрошувачите на слободниот пазар - најави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторна комисија за енергетика во интервју за Утрински брифинг.

Изминативе месеци цената на електричната енергија на светските берзи е зголемена и дел од снабдувачите поради тоа ги раскинуваат договорите со некои од компаниите пред време и има обиди да фактурираат по нови цени, а тоа не е дозволиво. Ги предупредивме, ќе почнеме и постапки за одземање на лиценци, а и ги разгледуваме можностите за да се објави црна листа за да можат да знаат потрошувачите кои снабдувачи имаат лошо поведение и не ги почитуваат договорите. Снабдувачот е обврзан да му даде услуга на потрошувачот по иста цена по договорот додека трае периодот на префрлување, односно свичинг кај нов снабдувач. Дотогаш не смее да му ја промени цената од договорот, изјави Бислимоски.

Бислимоски уверува дека цената на домаќинствата е стабилна и е гарантирана од страна на РКЕ.

Во земјава во моментов има 13 активни снабдувачи, со што се позиционираме како земја со најмногу активни снабдувач во овој дел од Европа.

  

Промовирани огласи »

Православните верници денес го одбележуваат раѓањето на Пресвета Богородица, односно празникот Мала Богородица. Овој празник е еден од поголемите празници забележани во црковниот календар.

Според народните верувања овој празник се празнува со живописни обичаи кои имаат симболика на раѓање и секако владее празнично расположение. 21 септември е денот кога се празнува раѓањето на Марија, но непознато е од кога точно се одбележува овој ден.

Ако денешниот ден биде сончев и нема облачно време, се верува дека ќе има блага зима и нема да има студени денови. Помеѓу народот се верува дека како на Мала Богородица, така и на Голема Богородица постојат работи што не треба да се прават.

На овој ден жените не би требало да ги извршуваат домашните обврски, да чистат, да перат, односно да избегнуваат обврски кои се работат со раце. Исто така, се верува дека доколку имате некои нови работи што треба да се започнат на овој ден, одложете ги за следен пат.

Промовирани огласи »

Во Соединетите Американски Држави имаат широка понуда за работа, но нема кој да работи. 

Работниците не брзаат да се вратат на работа, иако финансиската помош што ја добиваат од владата ќе заврши, а некои работодавачи нудат повисоки плати, пишува Гласот на Америка.

Во Шарлот, Северна Каролина, сопствениците на барови не можат да најдат доволно работници. Огласите за работа се насекаде низ градот, а локалната стапка на невработеност е намалена од 14 на 5 проценти.

Многу работодавци, ги зголемија стапките на работен  час, така што минималната во Амазон сега е 18 долари, а беше 15 долари. 

Економистот Метју Мезгар објасни дека федералната финансиска помош е повисока од платата што некои ја земаа пред пандемијата. Откако почна пандемијата, милиони луѓе во САД останаа без работа. Сега следи закрепнување. 

Промовирани огласи »

Apple ја заврши својата последна рунда на Iphone мобилни уреди, а Iphone 13 Pro и Pro Max се наоѓаат на врвот. Овој мобилен уред има одредени ажурирања, но сепак една карактеристика е отсутна од камерата.

Откако Apple направи прекрасен редизајн во 2020 година, овогодинешниот Iphone ќе биде една скромна надградба за сите оние кои што не го направиле тоа минатата година. Новиот модел на телефон вклучува екран ProMotion кој може да биде 120Hz при користење на навигација, малку помал израз и подобрени вештини за видеофотографија.

Iphone 13 Pro ја задржува истата тројна камера како и Iphone 12 Pro со широки, ултра широки и теле камери. Сепак една од карактеристики што недостасува во целиот опсег на Iphone 13 е камерата за зумирање за да може да биде во конкуренција со Samsung Galaxy S21 Ultra.

Да се има објектив на зумирање од највисок степен е далеку од најважниот дел од телефонот, но тоа може да доведе до голем број на разноврсности. Иако можеби недостасуваат некои исклучителни вештини за зумирање, надградбата на камерата на Iphone 13 Pro сепак е добредојдена.

 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »