Промовирани огласи »

Apple ја заврши својата последна рунда на Iphone мобилни уреди, а Iphone 13 Pro и Pro Max се наоѓаат на врвот. Овој мобилен уред има одредени ажурирања, но сепак една карактеристика е отсутна од камерата.

Откако Apple направи прекрасен редизајн во 2020 година, овогодинешниот Iphone ќе биде една скромна надградба за сите оние кои што не го направиле тоа минатата година. Новиот модел на телефон вклучува екран ProMotion кој може да биде 120Hz при користење на навигација, малку помал израз и подобрени вештини за видеофотографија.

Iphone 13 Pro ја задржува истата тројна камера како и Iphone 12 Pro со широки, ултра широки и теле камери. Сепак една од карактеристики што недостасува во целиот опсег на Iphone 13 е камерата за зумирање за да може да биде во конкуренција со Samsung Galaxy S21 Ultra.

Да се има објектив на зумирање од највисок степен е далеку од најважниот дел од телефонот, но тоа може да доведе до голем број на разноврсности. Иако можеби недостасуваат некои исклучителни вештини за зумирање, надградбата на камерата на Iphone 13 Pro сепак е добредојдена.

 

Промовирани огласи »

Со две решенија за отпис на камати и промена на законот за извршување ќе одблокираат десетици илјади жиро сметки на граѓани. Премиерот Зоран Заев смета дека со предложените законски решенија ќе се реши горлив проблем за сиромашните граѓани.

Првото решение е каматата не може да биде поголема од главниот долг. Второто решение кое се надевам дека ќе го поддржат е застареноста да биде пресечена на 10 години, а каматите по 10 година да не се пресметуваат. Ако по 10 години продолжат да сметаат затезни камати, тоа е виртуозен круг во кој се влезени граѓаните.

Тоа е пресметан ризик и треба да го отпишат како побарување, кога по 10 години не успеале да го наплатат побарување. Реакцијата на граѓаните беше дека на сметка од 1.000 денари, стигаат по 2.000-3.000 камати, па судски и извршителки пресметки, стигаа до 20.000 денари, рече Заев.

Извор: Скопје1.мк

Промовирани огласи »

Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов, на својот фејсбук профил, соопшти дека е завршена реконструкцијата на булеварот Крсте Мисирков. 

-Со вчерашното ноќно бележење на новиот реконструиран коловоз на бул. Крсте Мисирков, овој булевар беше завршен за рекордно време од 16 дена, од потегот кај раскрсницата кај Мавровка до мостот Мајка Тереза, во близина на МАНУ. Ова е уште една потврда дека може да се работи брзо, ефикасно и квалитетно во интерес на граѓаните, порача Шилегов. 

Промовирани огласи »

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска апелираше пратениците што поскоро да го донесат законското решение за недела да биде неработен ден, што би требало да почне да се применува од 1 октомври, со цел, како што рече, на работниците да им се овозможи баланс меѓу професионалниот и приватиот живот.

Таа информираше дека денеска во второ читање по амандманите на ова законско решение расправа Комисијата за труд и социјална политика.

Апелирам до пратениците, затоа што работниците се нашиот најголем човечки капитал да се погрижиме да им овозможиме да се воспостави баланс меѓу приватниот и професионалниот живот. Верувам дека пратениците заеднички ќе го донесат ова законско решение и ќе може да се применува од 1 октомври, како што е предвидено, рече министерката Шахпаска во одговор на новинарско прашање.

За да стартува решението „недела како неработен ден“ од почетокот на наредниот месец, ќе мора претходно пратениците да ги изгласаат измените на Законот за работни односи. Измени се потребни и во законот за Законот за трговија, со кои ќе се уреди кои дејности ќе бидат исклучоци од прогласувањето на недела за слободен ден за работниците, колкава ќе биде дневницата и правата на оние што ќе работат во недела, но и како тоа прашање ќе се уреди за работењето на моловите.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »