Промовирани огласи »

Oние што не се попишале ќе можат тоа да го сторат на одредени локации во својата општина. 

Тие граѓани ќе можат да појдат на неколку локации во нивните општини и да се попишат. Локациите ќе бидат објавени на веб страницата на Заводот за статистика наменета исклучиво за пописот.

Државниот завод за статистика од утре ќе им овозможи на граѓаните да можат да отидат на одредни локации во нивните општини и да ја завршат својата граѓанска и законска должност, со цел никој да не биде пропуштен во пописот, изјави на денешната прес-конференција Јасмина Ѓоргиева од заводот за статистика.

Оваа можност се однесува на оние граѓани кои поради некоја причина не успеале во изминатите 20 дена да остварат контакт со попишувачот, односно попишувачот не ги нашол дома или не стапил со нив во контакт.

Пописот трае до 30 септември и никој нема да биде пропуштен или изоставен од овој процес, соопштија од Владата. 

Заклучно до денеска до 12.00 часот попишани се вкупно 1 395 000 граѓани, над 435 000 домакинства и над 600 000 станови. До денеска заклучно до 12.00 часот се самопопишани 195 477 граѓани од дијаспората. 

фото ДЗС

Промовирани огласи »

Условите за влез во Грција остануваат непроменети до 1 октомври. Тие денес се продолжени. 

Влегувањето е дозволено со негативен антигенски тест на ковид-19, најмногу 48 часа пред пристигнувањето во Грција, или со негативен ПЦР-тест, направен во текот на изминатите 72 часа пред пристигнувањето.

Влезот е дозволен и во случај на целосна имунизација против коронавирусот, со потврда за вакцинација, под услов да поминале 14 дена од ревакцинацијата или со потврда дека лицето прележало ковид-19, во период од најмалку 30 и најмногу 180 дена од патувањето.

Овие обврски се однесуваат на возрасните и малолетните лица над 12 години, а сите лица (важи и за деца, без разлика на возраста) што влегуваат во Грција мора прво да пополнат електронска апликација - Формулар за локација на патници, преку веб-страница (најмалку 24 часа пред да влезете во Грција) - и при влезот да се презентира добиениот код.

Лицата што влегуваат во Грција, според важечките мерки, ќе бидат тестирани по случаен избор врз основа на здравствениот алгоритам и за сите патници, без оглед на националноста и начинот на влез, кои пристигнуваат во Грција од следниве земји: Македонија, Египет, Албанија, Аргентина, Бугарија, Бразил, Грузија, Куба, Обединетите Арапски Емирати, Индија, Кина, Либија, Мароко, Пакистан, Русија и Турција, а кои поднесуваат само негативен тест, услов за влез е негативен резултат од задолжителен ПЦР-тест и брз тест на влезните места во Грција. Задолжителното тестирање не се однесува на оние што имаат валиден сертификат за вакцинација 14 дена по втората доза или потврда дека ја прележале болеста во изминатите шест месеци. Европскиот дигитален ковид-сертификат сѐ уште е четвртата алтернативна опција за влез во земјата. 

Промовирани огласи »

На 29.9.2021 со почеток во 9h во Ragusa 360 ќе се одржи долгоочекувааниот HR SUMMIT SKOPJE кој со години дава прекрасна атмосфера во светот на човечките ресурси во регионот. P WORLD како организатор и КARIERA.mk како ексклузивен партнер на HR SUMMIT Skopje, со големо задоволство го најавува и вториот говорник на настанот. 

Ви ја претставуваме Анета Коробкина од KA WORLD, експерт во областа на лидерство и квалитет на услуги.

Анета Коробкина е меѓународен тренер и говорник која зборува за ангажманот на вработените, квалитетот на услугата и лидерство. Таа страсно го споделува своето знаење и ги инспирира компаниите да ги трансформираат своите HR способности.
Анета штотуку ја објави својата прва книга за стратегија за услуги. Нејзиното портфолио на клиенти содржи банки, клиники, хотели, малопрдажни објекти во 10 земји низ светот.

На која тема ќе зборува таа на настанот:

Интерактивна работилница: Како да останете среќни на работа во турбулентни времиња?
• 5 области на благосостојба

• Зошто среќата на работа е толку важна?

• Студија на случај: Што направивме?

• Практична работа: Што можете да направите?

Придружете се на успешните тимови од HR светот и вклучете се во настанот! ТУКА погледнете ја агендата и темите на кои ќе се разговара. Билетите се во продажба и истите можете да ги купите и онлајн на следниот ЛИНК. Се гледаме на 29.9.2021 во Ragusa 360 Скопје.

Промовирани огласи »

Западен Балкан годишно губи 5,5 милијарди евра поради иселувањето на младите. 

Oва го покажа истражувањето на Вестминстерската фондација за демократија и Институтот за развој и иновации. Загубата во областа на образованието поради заминување на младите луѓе е од 840 милиони до 2,46 милијарди евра годишно.

Западен Балкан, исто така, губи околу 3,08 милијарди од растот на БДП поради миграцијата на младите, па вкупната загуба изнесува околу 5,5 милијарди евра годишно, велат од Фондацијата Вестминстер.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »