Промовирани огласи »

На 29.9.2021 со почеток во 9h во Ragusa 360 ќе се одржи долгоочекувааниот HR SUMMIT SKOPJE кој со години дава прекрасна атмосфера во светот на човечките ресурси во регионот. P WORLD како организатор и КARIERA.mk како ексклузивен партнер на HR SUMMIT Skopje, со големо задоволство го најавува и вториот говорник на настанот. 

Ви ја претставуваме Анета Коробкина од KA WORLD, експерт во областа на лидерство и квалитет на услуги.

Анета Коробкина е меѓународен тренер и говорник која зборува за ангажманот на вработените, квалитетот на услугата и лидерство. Таа страсно го споделува своето знаење и ги инспирира компаниите да ги трансформираат своите HR способности.
Анета штотуку ја објави својата прва книга за стратегија за услуги. Нејзиното портфолио на клиенти содржи банки, клиники, хотели, малопрдажни објекти во 10 земји низ светот.

На која тема ќе зборува таа на настанот:

Интерактивна работилница: Како да останете среќни на работа во турбулентни времиња?
• 5 области на благосостојба

• Зошто среќата на работа е толку важна?

• Студија на случај: Што направивме?

• Практична работа: Што можете да направите?

Придружете се на успешните тимови од HR светот и вклучете се во настанот! ТУКА погледнете ја агендата и темите на кои ќе се разговара. Билетите се во продажба и истите можете да ги купите и онлајн на следниот ЛИНК. Се гледаме на 29.9.2021 во Ragusa 360 Скопје.

Промовирани огласи »

Западен Балкан годишно губи 5,5 милијарди евра поради иселувањето на младите. 

Oва го покажа истражувањето на Вестминстерската фондација за демократија и Институтот за развој и иновации. Загубата во областа на образованието поради заминување на младите луѓе е од 840 милиони до 2,46 милијарди евра годишно.

Западен Балкан, исто така, губи околу 3,08 милијарди од растот на БДП поради миграцијата на младите, па вкупната загуба изнесува околу 5,5 милијарди евра годишно, велат од Фондацијата Вестминстер.

Промовирани огласи »

Дали е подобро да се вози со спуштени прозорци или вклучен клима уред кога е топло. Судејќи според достапните податоци, возењето со климатизација ја зголемува потрошувачката на гориво во автомобил со 4 патници за 5%.

Потрошувачката на гориво во голема мера зависи и од моделот на автомобил што го возите, од вашите навики за возење и од неколку други фактори.

Употребата на климатизација ја зголемува потрошувачката на бензин, но спуштените прозорци ја зголемуваат отпорноста, затоа моторот мора да работи понапорно, а со тоа да троши повеќе гориво.

Тестот покажа дека е полошо за потрошувачка доколку возите со спуштени прозорци со брзина од 85-95 километри на час.

Со таа брзина, ефикасноста на горивото се намалува за 20 проценти, додека кога се користи климатизација, таа опаѓа за 10 проценти.

Во случај да возите под 80 километри на час, тогаш спуштените прозорци се поефикасна опција.

Со други зборови, подобро е да се вози со спуштени прозорци кога сте во град, а температурите не се пеколни. Со таа брзина, отпорот ќе биде помал и моторот ќе троши помалку бензин.

Климатизацијата е подобра опција кога возите со голема брзина, и секако, кога надвор е пеколно топло.

Сепак, важно е да запомните дека никогаш не треба да возите без климатизација кога температурите надвор се високи, бидејќи топлината може негативно да влијае на вашите возачки способности.

Промовирани огласи »

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ  („Службен весник  на  РМ„ бр.21/98 и 18/07),  28 септември 2021 година (вторник), Меѓународниот ден на Бошњацитее неработен ден за граѓаните припадници на бошњачката заедница во Република Северна Македонија.

Министерството за труд и социјална политика на граѓаните припадници на бошњачката заедница им го честита Меѓународниот ден на Бошњаците.

Во продолжение прочитајте кои се сите останати неработни години до крајот на годинава:

За сите граѓани на РМ – 11 октомври (понеделник), Ден на народното востание, 23 октомври (сабота), Ден на Македонската Револуционерна Борба, 8 декември (среда), “Св. Климент Охридски“.

За граѓаните од католичка вероисповед – 01 ноември (понеделник), Празникот на сите светци, 25 декември (сабота), првиот ден на Божик. За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ – 22 ноември (понеделник), Ден на Албанската азбука.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »