Промовирани огласи »

Дали е подобро да се вози со спуштени прозорци или вклучен клима уред кога е топло. Судејќи според достапните податоци, возењето со климатизација ја зголемува потрошувачката на гориво во автомобил со 4 патници за 5%.

Потрошувачката на гориво во голема мера зависи и од моделот на автомобил што го возите, од вашите навики за возење и од неколку други фактори.

Употребата на климатизација ја зголемува потрошувачката на бензин, но спуштените прозорци ја зголемуваат отпорноста, затоа моторот мора да работи понапорно, а со тоа да троши повеќе гориво.

Тестот покажа дека е полошо за потрошувачка доколку возите со спуштени прозорци со брзина од 85-95 километри на час.

Со таа брзина, ефикасноста на горивото се намалува за 20 проценти, додека кога се користи климатизација, таа опаѓа за 10 проценти.

Во случај да возите под 80 километри на час, тогаш спуштените прозорци се поефикасна опција.

Со други зборови, подобро е да се вози со спуштени прозорци кога сте во град, а температурите не се пеколни. Со таа брзина, отпорот ќе биде помал и моторот ќе троши помалку бензин.

Климатизацијата е подобра опција кога возите со голема брзина, и секако, кога надвор е пеколно топло.

Сепак, важно е да запомните дека никогаш не треба да возите без климатизација кога температурите надвор се високи, бидејќи топлината може негативно да влијае на вашите возачки способности.

Промовирани огласи »

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ  („Службен весник  на  РМ„ бр.21/98 и 18/07),  28 септември 2021 година (вторник), Меѓународниот ден на Бошњацитее неработен ден за граѓаните припадници на бошњачката заедница во Република Северна Македонија.

Министерството за труд и социјална политика на граѓаните припадници на бошњачката заедница им го честита Меѓународниот ден на Бошњаците.

Во продолжение прочитајте кои се сите останати неработни години до крајот на годинава:

За сите граѓани на РМ – 11 октомври (понеделник), Ден на народното востание, 23 октомври (сабота), Ден на Македонската Револуционерна Борба, 8 декември (среда), “Св. Климент Охридски“.

За граѓаните од католичка вероисповед – 01 ноември (понеделник), Празникот на сите светци, 25 декември (сабота), првиот ден на Божик. За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ – 22 ноември (понеделник), Ден на Албанската азбука.

Промовирани огласи »

Засега нови рестриктивни мерки или некои препораки нема да има освен тоа што сега е како критериум за влез на настани, угостителски објекти и се бара најмалку една доза вакцина. Од средината на октомври ќе има мерка со која ќе може да функционираат само целосно вакцинирани граѓани, истакна министерот за здравство Венко Филипче во гостување на Канал 5 телевизија.

Посочи дека станува збор за мерка која ја воведуваат сите земји во Западна Европа и за патување, за влез на граници, настани, угостителски објекти итн.

Тоа што сега следиме и според што се водиме се препораки на меѓународни тела, искуства од некои други земји од Западна Европа, САД, Канада итн. и тука се јасни препораките дека постарите граѓани, тие кои сакаме да ги заштитиме затоа што тие имаат и најголем број хронични болести се таа категорија граѓани кои после шест месеци од примена втора доза вакцина ќе можат да примат трета вакцина. Повеќе студии во светот укажуваат на тоа дека значајно се зголемува ефикасноста односно дека е на некој начин буст на имунитетот кога ќе се прими и трета доза. Затоа сега почнуваме со граѓаните постари од 60 години, понатаму сите здравствени работници без оглед на возраста, а тоа е така поради тоа што тие се најмногу изложени на ризик да заболат и без оглед на возраста и пациентите кои имаат некаква форма на имунокомпромитација, рече Филипче.

Целта е, појасни министерот, да имаме што поголем процент на опфат со вакцинација кај нашето население, кое сега е околу 37 проценти на тоталната популација.

Граѓаните над 40 години се вакцинирани над 50 проценти, меѓутоа сега интересот е на некој начин спласнат. Можно е во следниот период согласно новите препораките така како што ќе излегуваат и од регулаторните тела и исксуствата од другите земји и од студиите кои ќе излегуваат, да препорачаме трета доза и за други категории граѓани. Вирусот се шири најмногу кај невакцинираните граѓани. Над 86 проценти од сите новодијагностицирани, тие пациенти кои се во болница се невакцинирани. Огромен број смртни случаи се кај невакцинираните. Граѓаните мора да сфатат дека ова е единствениот начин да ги нормализираме животите, да се растовари здравствениот систем, а тие да го заштитат своето здравје, истакна Филипче.

Во врска со училиштата, потенцира дека тоа што го подготвуваат е на еден начин скрининг, имајќи предвид дека можно е децата да се и асимтоматски преносители на вирусот.

И во таа смисла сега правиме план и со директорите на центрите за јавно здравје, на здравствените домови, кадарот, начинот на кој тоа ќе се направи, како да обезбедиме доволна бројка деца кои ќе се тестираат во сите училишта во сите градови, за да имаме еден пресек на состојбата врз основа на што можеби ќе пресретнеме и некој случаи кои се асимптоматски па ќе може да носиме некакви мерки и препораки. Дотогаш останува препораката дека согласно тоа дека има малку заболени деца тешко е да се каже дали има трансмисија во училиштата заради тоа што децата и после часовите често комуницираат, се дружат, одат на спортови итн, препораките остануваат исти, рече Филипче.

Во врска со незадоволството на хирурзите во Градската општа болница „8 Септември“, кои тврдат дека немале услови за работа, рече дека намален бил обемот на работа во сите јавни здравствени установи вклучувајќи ја и таа болница, заради тоа што голем дел од кадарот бил во систем на ротација се третираат пациенти со Ковид-19.

Посочи дека разговарал со директорот на ГОБ „Септември“, ги искомуницирале лекарите кај кои има незадоволство заради начинот на работа.

Дефинитивно има механизми сето тоа да се измени. Во текот на денешниот ден ги очекувам на состанок за да ги решиме сите проблеми. Верувам дека сето тоа ќе се реши и нзадоволството ќе спласне, додаде Филипче.

Промовирани огласи »

ЈСП Скопје и годинава ќе овозможи бесплатен јавен превоз по повод одржувањето на традиционалната културна манифестација „Бела ноќ 2021“, а во функција ќе бидат и дел од ноќните линии (2, 5, 7, 22, 24, 41, 50, 57 и 65 В).

Бесплатно користење на јавниот превоз ќе биде дозволено од утре, сабота (25.09.2021 год) од 18 часот до 05 часот во недела (26.09.2021 год).

Ноќните линии ќе сообраќаат во недела (26.09.2021 год) со следниов возен ред:

ЛИНИЈА 2 (Автокоманда – Сарај) ▪️Поаѓање од Автокоманда 00.15 ч, 01.45 ч, 03.15 ч ▪️Поаѓање од Сарај 01 ч, 02.30 ч, 04 ч

ЛИНИЈА 5 (Дексион – Ново Лисиче) ▪️Поаѓање од Дексион 00.15 ч, 01.45 ч, 03.15 ч ▪️Поаѓање од Н.Лисиче 01 ч, 02.30 ч, 04 ч

ЛИНИЈА 7 (Карпош 3 – Горно Лисиче) ▪️Поаѓање од Карпош 3 00.15 ч, 01.45 ч, 03.15 ч ▪️Поаѓање од Г.Лисиче 01 ч, 02.30 ч, 04 ч ЛИНИЈА 22 (Тр.центар – Лепенец) ▪️Поаѓање од Тр.центар 00.15 ч, 02 ч, 03.15 ч ▪️Поаѓање од Лепенец 01.25 ч, 02.40 ч, 04.10 ч

ЛИНИЈА 24 (Припор – Тафталиџе 2) ▪️Поаѓање од Припор 01 ч ▪️Поаѓање од Тафталиџе 2 00.15 ч

ЛИНИЈА 41 (Тр.центар – Д.Лисиче) ▪️Поаѓање од Тр.центар 00.20 ч, 01.45 ч, 03.15 ч ▪️Поаѓање од Д.Лисиче 01 ч, 02.30 ч, 03.50 ч ЛИНИЈА 50 (Кл.центар – Хиподром) ▪️Поаѓање од Кл.центар 00 ч, 02 ч, 03 ч ▪️Поаѓање од Хиподром 01.30 ч, 2.30 ч

ЛИНИЈА 57 (Козле – Радишани) ▪️Поаѓање од Козле 00.15 ч, 01.30 ч, 03 ч ▪️Поаѓање од Радишани 00.55 ч, 02.15 ч, 03.35 ч ЛИНИЈА 65 В (Тр.центар – Стајковци) ▪️по траса на линија 5 во 00.10 ч од Рекорд до Н.Лисиче ▪️Поаѓање од Тр.центар 00.45 ч до Стајковци ▪️Поаѓање од Стајковци 01.20 ч до гаража во Автокоманда

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »