Промовирани огласи »

ЈСП Скопје и годинава ќе овозможи бесплатен јавен превоз по повод одржувањето на традиционалната културна манифестација „Бела ноќ 2021“, а во функција ќе бидат и дел од ноќните линии (2, 5, 7, 22, 24, 41, 50, 57 и 65 В).

Бесплатно користење на јавниот превоз ќе биде дозволено од утре, сабота (25.09.2021 год) од 18 часот до 05 часот во недела (26.09.2021 год).

Ноќните линии ќе сообраќаат во недела (26.09.2021 год) со следниов возен ред:

ЛИНИЈА 2 (Автокоманда – Сарај) ▪️Поаѓање од Автокоманда 00.15 ч, 01.45 ч, 03.15 ч ▪️Поаѓање од Сарај 01 ч, 02.30 ч, 04 ч

ЛИНИЈА 5 (Дексион – Ново Лисиче) ▪️Поаѓање од Дексион 00.15 ч, 01.45 ч, 03.15 ч ▪️Поаѓање од Н.Лисиче 01 ч, 02.30 ч, 04 ч

ЛИНИЈА 7 (Карпош 3 – Горно Лисиче) ▪️Поаѓање од Карпош 3 00.15 ч, 01.45 ч, 03.15 ч ▪️Поаѓање од Г.Лисиче 01 ч, 02.30 ч, 04 ч ЛИНИЈА 22 (Тр.центар – Лепенец) ▪️Поаѓање од Тр.центар 00.15 ч, 02 ч, 03.15 ч ▪️Поаѓање од Лепенец 01.25 ч, 02.40 ч, 04.10 ч

ЛИНИЈА 24 (Припор – Тафталиџе 2) ▪️Поаѓање од Припор 01 ч ▪️Поаѓање од Тафталиџе 2 00.15 ч

ЛИНИЈА 41 (Тр.центар – Д.Лисиче) ▪️Поаѓање од Тр.центар 00.20 ч, 01.45 ч, 03.15 ч ▪️Поаѓање од Д.Лисиче 01 ч, 02.30 ч, 03.50 ч ЛИНИЈА 50 (Кл.центар – Хиподром) ▪️Поаѓање од Кл.центар 00 ч, 02 ч, 03 ч ▪️Поаѓање од Хиподром 01.30 ч, 2.30 ч

ЛИНИЈА 57 (Козле – Радишани) ▪️Поаѓање од Козле 00.15 ч, 01.30 ч, 03 ч ▪️Поаѓање од Радишани 00.55 ч, 02.15 ч, 03.35 ч ЛИНИЈА 65 В (Тр.центар – Стајковци) ▪️по траса на линија 5 во 00.10 ч од Рекорд до Н.Лисиче ▪️Поаѓање од Тр.центар 00.45 ч до Стајковци ▪️Поаѓање од Стајковци 01.20 ч до гаража во Автокоманда

Промовирани огласи »

УНИЈА ПРЕДИЗВИК 2021 е натпревар за ученици и студенти за изработка на креативен Бизнис план за Унија за периодот 2021-2025 година. Конкурсот е отворен за поединци или групи млади луѓе на возраст од 18 до 25 години, се со цел да се запознаат со работата на модерните сметководствени компании и да стекнат посебно знаење и вештини преку практични активности.

Натпреварот ќе се организира во две фази.

Во првата фаза, учесниците ќе се натпреваруваат во својата земја и ќе имаат можност да освојат награда во вредност од 1.500 евра. Учесниците на Унија предизвикот ќе го имаат цел месец октомври да го подготват својот бизнис план.

За подобро разбирање на работата на оваа компанија, сите заинтересирани учесници ќе можат да ги посетат просториите на Унијата Смарт Акаунтинг на Отворениот ден во Октомври. Овој ден учесниците може да го искористат за запознавање со сите начини на водење бизнис и активностите на компанијата, но и за стекнување увид во модерниот начин на водење бизнис и организација во рамките на компанијата, што во голема мера ќе им го олесни правењето на бизнис планот.

Учесниците за кои членовите на Комисијата ќе одлучат дека направиле најдобри бизнис планови, 50 од нив ќе го претстават својот бизнис план во живо, на тој начин ќе покажат други потребни вештини и квалификации за деловното опкружување.

Втората фаза од натпреварот е регионален избор на најдобар бизнис план, во кој победниците од првата фаза на натпреварот „Унија Предизвик 2021“ ќе учествуваат и ќе се борат за главната награда од 5.000 евра.Оваа фаза од натпреварот ќе се одржи во Љубљана.

Овој натпревар, покрај вредната награда, нуди извонредна шанса за најдобрите учесници да работат во оваа компанијата.

Од Унија истакнуваат дека ова е единствен натпревар што им нуди можност на младите луѓе да ги изразат своите идеи, но и да се истакнат меѓу своите врсници и да бидат забележани од потенцијалните работодавачи. Со оглед на тоа дека и  самата Унија е визионер и лидер во оваа индустрија, основната идеја е да се разбијат предрасудите за начинот на работа на сметководствените компании и да се покаже модерен пристап кон овој бизнис. Свесни за својата позиција, тие сакаат да изградат нови можности за младите и да инвестираат во нивното знаење и образование, верувајќи дека таквите активности се токму она што им недостасува на младите во формалното образование.

Ги покануваме сите млади, иновативни и визионерски луѓе да аплицираат за Унијата Предизвик 2021 до 30.09.2021 година и да ги достават своите Бизнис планови преку формуларот за апликација https://unija.com/mk/unija-izazov-2021-mk/

Промовирани огласи »

ПОВТОРНО HR светот заедно! Убаво е чувството кога се враќаме во нормала! Бидејќи вистинските врски ни се важни.

КARIERA.mk како ексклузивен партнер на HR SUMMIT Skopje, со големо задоволство ве поканува да ни се придружите на настанот! HR SUMMIT SKOPJE 2021 ќе биде одржан на 29.9.2021 со почеток во 9h во Ragusa 360.

Стекнете нова перспектива и свежо размислување од тројца извонредни говорници, меѓународни лидери за човечки ресурси од BMW, NEWIND & KA World кои на самитот ќе ви помогнат да изградите доверба со вашите вработени на работното место по COVID пандемијата. Научете како да донесувате правилни одлуки кои имаат позитивно влијание врз вашите луѓе.

Меѓу говорниците на настанот, би сакале да ги претставиме:

  • Азад Наваз од BMW со интерактивна работилница за ангажирање на вработените на работа по „Ковид-19“
  • Фрод Хваринг од NEWIND со интерактивна работилница: Усогласување на вашата нова култура со вашата нова пост Ковид стратегија
  • Анета Коробкина од KA World со интерактивна работилница: Како да останете среќни на работа во турбулентни времиња?

ТУКА погледнете ја агендата и темите на кои ќе се разговара. 

Не пропуштајте, местата се ограничени! Билетите се во продажба и истите можете да ги купите и онлајн на следниот ЛИНК. За сите резервации и информации слободно обратете се на +389 77 443 535, Ирена Петар.

Се гледаме на 29.9.2021 во Ragusa 360 Скопје.

Промовирани огласи »

Оваа сабота се организира „Бела ноќ“ по 17-ти пат, а граѓаните ќе имаат можност да уживаат во културно-забавната програма на 13 локации низ Скопје. Скопје и скопјани ќе имаат можност повторно да бидат дел  на едно уникатно културно доживување,  на веќе традиционална „Бела ноќ“.

Многубројните уметници што ќе им се претстават на граѓаните со концерти, изложби, кино проекции и други културни перформанси на 13 локации ќе го претворат  Скопје  во центар на културните случувања во државата.

Поради состојбата со пандемијата со КОВИД 19, „Бела ноќ“ и годинава, како и минатата година се одржува една недела порано од предвиденото.

Официјалната програма на „Бела ноќ“ ќе започне утре, 25 септември, сабота, во 19:00 часот и ќе трае сѐ до полноќ, а поради состојбата со коронавирусот, работното време на локалите ќе остане исто, односно нема да работат во текот на целата ноќ.

Сите настани ќе се одвиваат според протоколите предвидени од Министерството за здравство, на сите локации ќе биде поставена редарска служба и при влез во локацијата  посетителите ќе треба да покажат  потврда за вакцинација.

Повеќе детали околу програмата може да најдете на следниот линк: belanok.com

 

 

 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »