УНИЈА ПРЕДИЗВИК 2021 е натпревар за ученици и студенти за изработка на креативен Бизнис план за Унија за периодот 2021-2025 година. Конкурсот е отворен за поединци или групи млади луѓе на возраст од 18 до 25 години, се со цел да се запознаат со работата на модерните сметководствени компании и да стекнат посебно знаење и вештини преку практични активности.
Натпреварот ќе се организира во две фази.
Во првата фаза, учесниците ќе се натпреваруваат во својата земја и ќе имаат можност да освојат награда во вредност од 1.500 евра. Учесниците на Унија предизвикот ќе го имаат цел месец октомври да го подготват својот бизнис план.
За подобро разбирање на работата на оваа компанија, сите заинтересирани учесници ќе можат да ги посетат просториите на Унијата Смарт Акаунтинг на Отворениот ден во Октомври. Овој ден учесниците може да го искористат за запознавање со сите начини на водење бизнис и активностите на компанијата, но и за стекнување увид во модерниот начин на водење бизнис и организација во рамките на компанијата, што во голема мера ќе им го олесни правењето на бизнис планот.
Учесниците за кои членовите на Комисијата ќе одлучат дека направиле најдобри бизнис планови, 50 од нив ќе го претстават својот бизнис план во живо, на тој начин ќе покажат други потребни вештини и квалификации за деловното опкружување.

Втората фаза од натпреварот е регионален избор на најдобар бизнис план, во кој победниците од првата фаза на натпреварот „Унија Предизвик 2021“ ќе учествуваат и ќе се борат за главната награда од 5.000 евра.Оваа фаза од натпреварот ќе се одржи во Љубљана.
Овој натпревар, покрај вредната награда, нуди извонредна шанса за најдобрите учесници да работат во оваа компанијата.
Од Унија истакнуваат дека ова е единствен натпревар што им нуди можност на младите луѓе да ги изразат своите идеи, но и да се истакнат меѓу своите врсници и да бидат забележани од потенцијалните работодавачи. Со оглед на тоа дека и самата Унија е визионер и лидер во оваа индустрија, основната идеја е да се разбијат предрасудите за начинот на работа на сметководствените компании и да се покаже модерен пристап кон овој бизнис. Свесни за својата позиција, тие сакаат да изградат нови можности за младите и да инвестираат во нивното знаење и образование, верувајќи дека таквите активности се токму она што им недостасува на младите во формалното образование.
Ги покануваме сите млади, иновативни и визионерски луѓе да аплицираат за Унијата Предизвик 2021 до 30.09.2021 година и да ги достават своите Бизнис планови преку формуларот за апликација https://unija.com/mk/unija-izazov-2021-mk/
Тагови: УНИЈА СМАРТ АКАУНТИНГ ДООЕЛ Скопје