Промовирани огласи »

Според најновите информации во светот младите се најголеми трансмитери на болеста иако најголем дел од нив болеста ја поминуваат без симптоми.

Според МОН, засега состојбата во училиштата е стабилна, но поради претпазливост и располагање со точни информации и сознанија во подготовка е методологија за спроведување на скрининг тестирање за учениците во основните и средните училишта.

Тестирањата на учениците ќе се прават со брзи антигенски тестови, соопшти денеска министерот за здравство д-р Венко Филипче, кој воедно истакна дека дополнително ќе бидат презентирани сите детали околу начинот на спроведување на овој скрининг.

По почетокот на школската година се забележува очекуван раст на случаите меѓу учениците. Фактот што најголем дел од младите на таа возраст ја поминуваат болеста асимптоматски, упатува на потребата од вакво тестирање да се види реалниот број на заразени во училиштата и да се процени точно ризикот. Она што е важно дека засега состојбата во училиштата е стабилна, но ваквото тестирање ќе ни даде точни информации и сознанија за понатамошен менаџмент на панде*ијата и обрзованието – кажа министерот Филипче.

Досега само општина Илинден обезбеди средства за брзи тестови за училиптата од таа општина, додека останатите училишта велат дека немаат средства за да го направат истото.

Вчера министерката за образование, Мила Царовска, истакна дека во моментов такво нешто не е потрено и дека тие постапуваат по одлуките на Комисијата која исто така до тој момент сметаше дека тестовите во училиштата не се потребни.

Промовирани огласи »

Заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски денеска изрази уверување дека многу наскоро ќе биде достапна Нацрт верзијата на законот за потекло на имот, а во моментот се останати неколку отворени прашања.

Николовски оцени дека со овој закон не ќе може да се сокрие имотот и ќе мора да се докаже неговото потекло. Тој смета дека граѓанската постапка е прифатлива и очекува максимална поддршка од сите чинители затоа што, како што нагласи овој систем се прави за бескрупулозно и неселективна борба против корупцијата.

Одговарајќи на новинарско прашање, кога ќе биде објавена Нацрт верзијата на законот и како ќе се врши конфискација на имот во граѓанска постапка, Николовски изјави дека не може да даде дополнителни информации кога ќе биде подготвена драфт верзијата, но работната група, како што подвлече, работи, по што ќе се отвори дебата во јавноста, со универзитетската публика, стручната јавност, со коморите и со сите засегнати страни, со цел што побргу да се донесе законот.

Едно од прашањата кое се отворило било границата на износот над којшто треба да се проверува потеклото на имот, односно физибилити студијата направена со Советот на Европа кажувала за искуствата на останатите земји, но и за нашата правна рамка, истакна Николовски, прашан кои се отворените прашања во врска со ова решение.

Второ спорно прашање била надлежноста, како последно што дошло од работната група. Според Николовски, првиот предлог бил формирање меѓуресорско тело на повеќе институции кое би било надлежно да ги проверува и собира сите информации и да ги иницира постапките, а државното правобранителство да ја застапува и води постапката пред граѓанските судови.

Николовски истакна дека сегашниот став е финансиската полиција да ги иницира работите, а државното правобранителство да ги застапува судските постапки. Тој смета оти прашањето поврзано со типот на постапката е затворено, со што се избегнуваат и отсрануваат слабостите на моменталниот систем и на сите законски решенија што досега сме ги имале.

Констатираме дека не функционира системот за конфискација на имот така како што сите очекуваме, дека во регионот износот на средствата над кои се проверува и не можете да докажете, пример во Србија доколу последните три години сте оствариле над 150 илјади евра приход што не ви се одданочени или имотот без објаснување на потекло, тогаш се отвора постапка. Во Британија е 50 илјади фунти. Дискутиравме за прагот над кој треба да се проверува имотот и дефиниравме или да биде 30 илјади евра или два милиони денари, што ќе ги утврдиме дека во претходната година граѓанинот ги има повеќе, а за што нема соодветно собјаснување и докази, тогаш се отвора постапка, појасни вицепремиерот Николовски, на денешната заедничка прес-конференција со министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќир откако го презентираа новиот „Електронски систем за поднесување на електронски поплаки и пријави поврзани со услугите кон јавната администрација “.

Законот, информира вицепремиерот Николовски, ќе биде испратен во Венецијанската комисија, за што министерот за правда Бојан Маричиќ разговарал во Стразбур.

Добро е што овој процес со Советот на Европа веќе го привршуваме и во најскоро време ќе излеземе во јавноста, изјави НИколовски, додавајќи оти очекува работната група да го информира дека е готова драфт верзијата и ќе се отвори дебата во јавноста.

извор: МИА

Промовирани огласи »

Македонија  e најбезбедна земја во Западен Балкан. 

Земјава годинава има напредок од 11 позиции во однос на лани и е рангирана на 40. место. Пад од три позиции, има Србија и таа се најде на 44. место и Албанија со пад од 2 позиции на 48. место, а мал скок имаат Црна Гора (51. место) и Босна и Херцеговина која е на 72. место. Косово си ја задржа својата позиција на 82. место.

Словенија е на петтото место и со скок од пет позиции, а  Хрватска е на 17.тото место односно шест позиции погоре. 

Mерењата на Институтот за економија и мир (ИЕП) покажаа дека повеќето земји во Западен Балкан имаат напредок во состојбата на мирот, безбедноста и внатрешната стабилност.

На светско ниво, прва земја и годинава е Исланд, а последното 163. место повторно го зазема  Авганистан. 

Промовирани огласи »

Животот во Европа е најскап во Швајцарија, а најевтин во Турција.

Истражувањето на Дестатис покажа дека трошоците за живот во јули 2021 година биле највисоки во Швајцарија. Скапи за живот се и Германија, Данска, Луксембург, Холандија, Белгија и Австрија.  Но, животот во Полска е 46 проценти поевтин отколку во Германија и 28 проценти во Чешка.

Македонија, заедно со земјите од регионот – Србија, Косово, Албанија, Босна и Херцеговина, е во групата на земји со ниски трошоци за живот. 

Во Бугарија, Романија и Босна и Херцеговина, трошоците за живот се околу 50 проценти пониски отколку во Германија, во Литванија и Хрватска 36 проценти, во Шпанија 13 проценти, а во Италија девет проценти.

  

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »