КARIERA.mk како ексклузивен партнер на HR SUMMIT Skopje, со големо задоволство го најавува и првиот говорник на настанот. На 29.9.2021 со почеток во 9h во Ragusa 360 ќе се одржи долгоочекувааниот HR SUMMIT SKOPJE кој со години дава прекрасна атмосфера во светот на човечките ресурси во регионот.
 - Copy 1.jpg)
Меѓу говорниците на настанот, би сакале да го претставиме Азад Наваз од BMW кој е раководител за квалификации, обука и малопродажба во BMW AGMW за Африка и Источноевропскиот регион. Негови севкупни одговорности вклучуваат привлекување на вработени, избор и развој во малопродажната мрежа на групацијата БМВ во 36 земји низ целиот регион.
Во неговата претходна улога во БМВ, Азад беше Менаџер за обука за Азиско-пацифичкиот регион одговорен за идентификување на потребите за целиот регион.
Азад исто така е добитник на медалот „Принцот Филип“, доделен на инженер од која било националност.

На која тема ќе зборува тој на настанот?
Интерактивна работилница за ангажирање на вработените на работа по „Ковид-19“
• Учење за влијанието на „Ковид-19“ врз вашите вработени за време на пандемијата
• Како луѓето се прилагодиле на работа од дома?
• Колку беа ангажирани вашите вработени за време на пандемијата?
• Како да управувате со оние кои претпочитаат да работат од дома или оние кои копнеат да се вратат во канцеларија (Хибриден работен модел)
Придружете се на успешните тимови од HR светот и вклучете се во настанот! ТУКА погледнете ја агендата и темите на кои ќе се разговара. Билетите се во продажба и истите можете да ги купите и онлајн на следниот ЛИНК. Се гледаме на 29.9.2021 во Ragusa 360 Скопје.
Тагови: Кариера Онлајн