Промовирани огласи »

Сите кои нема да можат да го докажат потеклото на имот во вредност над 30 илјади евра стекнат претходната година, тој ќе биде конфискуван, предвидува драфт верзијата на Законот за потекло на имот, кој првпат се носи во земјава.

Вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата Љупчо Николовски денеска во обраќањето на конференцијата за детектирање и намалување на сивата економија обелодени дека драфт верзијата е готова и дека ќе биде испратена во Венецијанската комисија.

Законот нема да се однесува само на функционерите, туку на сите граѓани затоа што искуството покажува дека функционерите го препишуваат незаконски стекнатиот имот на други лица, а по завршувањето на функцијата си го враќаат.

Овој закон преку граѓанска постапка за конфискација, која ја воведуваме, ќе важи за сите лица кои нема да можат во одреден законски период да го докажат потеклото на имотот. Значи ќе важи за сите лица, не само за функционерите. Постапката ќе биде граѓанска, брза, а не кривична и ќе има соодветен праг кој моментално во драфт верзијата е 30 илјади евра, рече Николовски во обраќањето на конференцијата што ја организираше УНДП и Министерството за финансии.

Промовирани огласи »

КARIERA.mk како ексклузивен партнер на HR SUMMIT Skopje, со големо задоволство го најавува и првиот говорник на настанот. На 29.9.2021 со почеток во 9h во Ragusa 360 ќе се одржи долгоочекувааниот HR SUMMIT SKOPJE кој со години дава прекрасна атмосфера во светот на човечките ресурси во регионот. 

Меѓу говорниците на настанот, би сакале да го претставиме Азад Наваз од BMW кој е раководител за квалификации, обука и малопродажба во BMW AGMW за Африка и Источноевропскиот регион. Негови севкупни одговорности вклучуваат привлекување на вработени, избор и развој во малопродажната мрежа на групацијата БМВ во 36 земји низ целиот регион.

Во неговата претходна улога во БМВ, Азад беше Менаџер за обука за Азиско-пацифичкиот регион одговорен за идентификување на потребите за целиот регион.

Азад исто така е добитник на медалот „Принцот Филип“, доделен на инженер од која било националност.

На која тема ќе зборува тој на настанот?

Интерактивна работилница за ангажирање на вработените на работа по „Ковид-19“

• Учење за влијанието на „Ковид-19“ врз вашите вработени за време на пандемијата

• Како луѓето се прилагодиле на работа од дома?

• Колку беа ангажирани вашите вработени за време на пандемијата?

• Како да управувате со оние кои претпочитаат да работат од дома или оние кои копнеат да се вратат во канцеларија (Хибриден работен модел)

Придружете се на успешните тимови од HR светот и вклучете се во настанот! ТУКА погледнете ја агендата и темите на кои ќе се разговара. Билетите се во продажба и истите можете да ги купите и онлајн на следниот ЛИНК. Се гледаме на 29.9.2021 во Ragusa 360 Скопје.

Промовирани огласи »

Владата на вчерашната седница ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за месец септември 2021 година и го задолжи Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 27.09.2021 година, со препорака деловните банки да обезбедат пензионерите да може да располагаат со септемвриските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 28.09.2021 година.

Се препорачува на деловните банки преку филијалите и експозитурите на банките да обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, во четири групи според следниот распоред составен според висината на пензијата:

  • За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 28.09.2021 година (вторник);
  • За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 29.09.2021 година (среда);
  • За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 30.09.2021 година (четврток); и
  • За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 01.10.2021 година (петок). 

Промовирани огласи »

На Словенците ќе им требаат ковид потврди и за работа од дома, инаку ќе се соочат со казни. 

Министерството за труд сега појасни дека дури и оние кои работат од дома не се ослободени од обврската да поднесат потврда за вакцинација, прележан коронавирус или негативен тест, јави телевизијата Н1, пренесе Индекс.

Ако вработените што работат од дома немаат ковид потврда, тие ќе мора да се самотестираат со брз антигенски тест најмалку еднаш неделно, по што мора сертификатот да го испратат до работодавачот, а во него да бидат наведени датумот на тестирање, резултатот од тестот и потпис. Трошоците за тестирање се на товар на работодавачот.

Словенија воведе ковид сертификат за работа, за одење во трговски центри, здравствени установи, јавен превоз, освен за студентите, како и за различните услужни дејности и јавни институции. Во земјата имаше протетси против овие мерки. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »