Промовирани огласи »

Македонија  e најбезбедна земја во Западен Балкан. 

Земјава годинава има напредок од 11 позиции во однос на лани и е рангирана на 40. место. Пад од три позиции, има Србија и таа се најде на 44. место и Албанија со пад од 2 позиции на 48. место, а мал скок имаат Црна Гора (51. место) и Босна и Херцеговина која е на 72. место. Косово си ја задржа својата позиција на 82. место.

Словенија е на петтото место и со скок од пет позиции, а  Хрватска е на 17.тото место односно шест позиции погоре. 

Mерењата на Институтот за економија и мир (ИЕП) покажаа дека повеќето земји во Западен Балкан имаат напредок во состојбата на мирот, безбедноста и внатрешната стабилност.

На светско ниво, прва земја и годинава е Исланд, а последното 163. место повторно го зазема  Авганистан. 

Промовирани огласи »

Животот во Европа е најскап во Швајцарија, а најевтин во Турција.

Истражувањето на Дестатис покажа дека трошоците за живот во јули 2021 година биле највисоки во Швајцарија. Скапи за живот се и Германија, Данска, Луксембург, Холандија, Белгија и Австрија.  Но, животот во Полска е 46 проценти поевтин отколку во Германија и 28 проценти во Чешка.

Македонија, заедно со земјите од регионот – Србија, Косово, Албанија, Босна и Херцеговина, е во групата на земји со ниски трошоци за живот. 

Во Бугарија, Романија и Босна и Херцеговина, трошоците за живот се околу 50 проценти пониски отколку во Германија, во Литванија и Хрватска 36 проценти, во Шпанија 13 проценти, а во Италија девет проценти.

  

Промовирани огласи »

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција ги соопшти новите препораки на надлежните.

Нови препораки има за трета доза на вакцина кај сите граѓани над 60 години, кај сите здравствени работници без оглед на возраста и кај сите со имунокомпромитирана состојба, рече Филипче кој појасни дека третата доза ќе биде од производителот Фајзер, а препорачливо е истата да се прими шест месеци по првите две дози.

Министерот рече дека денеска е надмината бројката на 700.000 кои се ревакцинирани против корона.

1500 -2000 лица дневно се јавуваат за прва доза вакцина. Верувам дека интересот за вакцнација нема да намалува се со цел за пократко време да стигнеме до колективен имунитет, порача Филипче.

Во однос на анализите од ИЈЗ епидемиолошка состојба во изминатите денови е со еднаков број на новодијаностицирани.

Имаме околу 500 новозаразени повеќе денови по ред што не прави притисок во болниците. Тоа значи дека имаме изедначен број на прегледи, околу 50 прегледи на ден, рече Филипче во однос на актуелната состојба.

На прес-конференцијата беше кажано и дека се очекува донација од Данска од околи 250.000 дози вакцини од производителот „Џонсон“.

Промовирани огласи »

Сите кои нема да можат да го докажат потеклото на имот во вредност над 30 илјади евра стекнат претходната година, тој ќе биде конфискуван, предвидува драфт верзијата на Законот за потекло на имот, кој првпат се носи во земјава.

Вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата Љупчо Николовски денеска во обраќањето на конференцијата за детектирање и намалување на сивата економија обелодени дека драфт верзијата е готова и дека ќе биде испратена во Венецијанската комисија.

Законот нема да се однесува само на функционерите, туку на сите граѓани затоа што искуството покажува дека функционерите го препишуваат незаконски стекнатиот имот на други лица, а по завршувањето на функцијата си го враќаат.

Овој закон преку граѓанска постапка за конфискација, која ја воведуваме, ќе важи за сите лица кои нема да можат во одреден законски период да го докажат потеклото на имотот. Значи ќе важи за сите лица, не само за функционерите. Постапката ќе биде граѓанска, брза, а не кривична и ќе има соодветен праг кој моментално во драфт верзијата е 30 илјади евра, рече Николовски во обраќањето на конференцијата што ја организираше УНДП и Министерството за финансии.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »