Промовирани огласи »

Од утринава  биткоинот е со благ раст во цената. 

Најпознатата криптовалута, скокна за 3,3 проценти во последните 24 часа и сега се тргува по цена од 43,675 долари. Етерум во изминатите 24 часа доби 4,4 проценти, и сега се тргува за 3,039 долари.

Инвеститорите кои сакаат да купат ETF(exchange traded fund) за криптовалути, не мора да избираат помеѓу биткоин (BTC) или етериум (ETH) и неговите токени наречени етер, бидејќи новиот фонд кој ги има и двете криптовалути започна со тргување денес.

Промовирани огласи »

Од утре започнува пријавувањето за остварување на правото на студентска стипендија, информира Министерството за образование и наука (МОН). Согласно условите и критериумите наведени во конкурсот за академската 2021-2022 година, крајниот рок за аплицирање е 15 октомври.

Од Министерството посочуваат дека од оваа година, постапката за аплицирање за стипендија е дигитализирана преку порталот http://e-uslugi.mon.gov.mk, а студентите кои немаат можност да аплицираат електронски, пополнуваат хартиена пријава – евидентен лист, и ја доставуваат потребната документација во Министерството за образование и наука.

МОН и Владата оваа година одлучија значително да ја променат политиката на стипендирање студенти, со цел да се излезе во пресрет на што повеќе млади, но и да добијат зголемени месечни износи со кои навистина ќе ја почувствуваат поддршката која државата им ја обезбедува во текот на образовниот процес. Па така, за најголем дел од категориите на студентски стипендии, месечните износи се зголемени, некаде и за над 80 отсто, соопштија од Министерството.

Дополнително, како што се наведува во соопштението, утре започнува и поднесувањето на документи за продолжување на правото на стипендија стекнато во некоја од изминатите академски години, за што секој корисник кој ги исполнува условите од договорот потпишан со МОН, доставува потврда за запишан нареден семестар, односно година на студирање и уверение/потврда за предвидени и положени испити со успех од претходните години и индекс на увид, како докази дека има положено 80 односно 90 отсто, зависно од типот на стипендија кој го користи од предвидените испити.

Доставата на документите се врши електронски преку http://e-uslugi.mon.gov.mk, а доколку студентот нема можност, истите ги доставува хартиено до МОН. Краен рок е 30 октомври 2021 година.МОН обезбедува поддршка при аплицирањето за секој заинтересиран кандидат за студентските стипендии преку Секторот за ученички и студентски стандард. Личните контакти на вработените во овој сектор, се наведени на следниот линк, посочуваат од Министерството.

Промовирани огласи »

Од 1 октомври 2021 започнува зимското сметање на рaботното време на јавните површини наменети за паркирање со кои стопанисува ЈП „Градски паркинг“ – Скопје.

Рабоното време во зоните ќе биде: Зона А, Б и Ц од понеделник до петок од 7:00 до 21:00 часот, сабота од 7:00 до 14:00 часот.  Зона Д – од понеделник до сабота од 7:00 до 23:00 и  за зоните Д62, Ц80 и Ц81 од понеделник до петок од 7:00 до 21:00. соопштија од ЈП „Градски паркинг“ – Скопје.

Промовирани огласи »

Тунискиот претседател Каис Саид ја назначи Најла Буден Ромдан за првата жена премиер во Тунис, а воедно и во арапскиот свет, два месеци откако ја отпушти претходната влада и превзема широки извршни овластувања. 

„ Ова е првпат во историјата на Тунис жена да раководи со Влада.“- изјави претседателот Саид, кој што исто така додаде дека тоа е чест за Тунис и тунижанките.

Родман служеше во министерството за образование во 2011 година, а ќе ја превземе функцијата на премиер во момент на криза, со демократски придобивки добиени во 2011 година под сомнеж и како голема закана за јавните финансии, иако се наметнуваат прашања колкава моќ може да имаа таа.

Во месец јули, Саид ја собори владата и ги замрзна активностите на парламентот предводени од исламистичката партија Енахда, а овој негов потег непријатели го означија како државен удар. Тој отфрли голем дел од Уставот велејќи дека може да ја контролира сам владата за време на вонредниот период.

Тунис се соочува со заканувачка криза во јавните финансии, откако долгогодишната економска стагнација беше отежната од пандемијата и политичките судири. Државните обврзници се под притисок и трошоците за осигурување од неисполнување на нивните долгови достигнаа рекордно високо ниво.

Новата влада ќе мора да побара финансиска поддршка за буџетот и отплатата на долговите, откако владата на Саид во јули ги стави во мирување преговорите со Меѓународниот монетарен фонд. По минатонеделната објава на претседателот Саид дека владата ќе биде одговорна пред претседателот и дека тој може да избере или отпушти министри од кабинетот, улогата на премиерот ќе биде помалку важна отколку во претходните администрации.

 

 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »