Промовирани огласи »

Европејците и натаму со летно и зимско сметање на времето

Иако Европската комисија пред три години предложи да се укине сезонското поместување на стрелката на часовникот, земјите-членки се уште не се договорија за ова, и се чини дека нема да го направат тоа во догледна иднина

Иако Европската комисија пред три години предложи да се укине сезонското поместување на стрелката на часовникот, земјите-членки се уште не се договорија за ова, и се чини дека нема да го направат тоа во догледна иднина, јавува Хина.

Во недела, на 31 октомври, ќе ја поместиме стрелката на часовникот, изјави денеска портпаролот на Еврокомисиијата Стефан Де Кирсмакер, одговарајќи на новинарско прашање за тоа што се случува со предлогот да се запре со поместување на стрелката на часовникот секоја последна недела во март и во октомври.

Различното сметање на времето требаше да престане во 2019 година, откако поранешниот претседател на ЕК Жан-Клод Јункер го предложи за целата Европска унија во 2018 година, оставајќи им на членките да одлучат дали ќе го задржат летното или зимското време.

Предлогот беше поддржан од Европскиот парламент во 2019 година, но треба да биде усвоен од земјите -членки. Во моментов нема индикации дека предлогот може да ја добие нивната поддршка.

Работата сега е во рацете на земјите-членки, рече портпаролот Де Кирсмакер.

Европските министри за транспорт во декември 2018 година одлучија да ја одложат одлуката за укинување на сезонското поместување на стрелката на часовникот до 2021 година, но оттогаш ништо не се случи.

Промовирани огласи »

Се што треба да знаете за новиот iPhone 13 PRO

Видео анализа на најдоброто од iPhone

Apple секоја година не изненадува со нови модели на iPhone. Оваа година направија неколку подобрувања на претходниот модел, а највисоката класа iPhone 13 PRO и PRO MAX се анализирани во видеото:

Се што треба да знаете за новиот iPhone 13 PRO

Тагови: iPhone

Промовирани огласи »

Со навршени 55 години дел од администрацијата ќе оди во пензија

Дел од административците ќе одат во пензиja со 55 години старост

Освен кратењето на работното време во петок дел од администрацијата ќе можат да одат во пензија со 55 години старост.

Предлог-законот за кратење на работните часови на администрацијата кој се најде на ЕНЕР и кој предизвика лавина реакции има уште еден спор член. Во него се предвидува нераспоредените државни советници да можат да одат во пензија со навршени 55 години и 15 години стаж.

Државните советници вработени до денот на започнување со примена на овој закон, за кои нема да има работни места на кои би биле распоредени може: да бидат предвремено пензионирани доколку на денот на влегување во сила на овој закон имаат навршени 55 години старост и имаат 15 години работен стаж или спогодбено да им престане работниот однос со отпремнина во износ од ___________.  Државните советници кои нема да  прифатат ниту една од можностите од став (2) на овој член ќе бидат распоредени на работно место во институцијата за кое исполнуваат услови, се вели во предлог законот.

Предлог-законот предизвика многу негативни коментари во јавноста, а премиерот Зоран Заев денеска кажа дека станува збор само за предлог даден од коалициски партнер и оти Законот е нивно предизборно ветување.

-Допрва ќе се отвора дискусија по ова прашање, граѓаните треба да го кажат своето мислење, а Владата внимателно слуша, рече Заев.

Рече дека граѓаните очекуваат администрацијата што ја плаќаат да работи поефикасно, а не помалку ефикасно.

Ги знаете моите ставови и за севкупната продуктивност на населението и севкупната продуктивност и ефикасност на администрацијата. Како народ, треба повеќе да работиме, не помалку. Но, како ветување предизборно на политичките партиципиенти во власта, тоа е ставено на ЕНЕР и допрва ќе се отвора дискусија за ова прашање. Верувам дека граѓаните ќе си кажат тоа што е реалноста во државата, а реалноста е дека сите ако сакаме швајцарски плати, треба да работиме многу повеќе – од таа продуктивност што денеска ја имаме, почнувајќи од себе, па секако, до сите работници во приватниот и во јавниот сектор. Вториот дел, ефикасноста на јавната администрација е нешто што е сериозен фокус и мора да биде фокус. Видовме дека целиот систем со 38 отсто на работа луѓе за време на брановите на пандемијата, функционираше. Тоа само по себе кажува дека постојните капацитети на администрацијата мора да бидат максимално искористени. Тоа е очекувањето на граѓаните, но кога имате нешто отворено на ЕНЕР, несоодветно е премиерот да каже кои се очекувањата на граѓаните, туку граѓаните да си ги кажат своите очекувања, истакна Заев.

Промовирани огласи »

Македонските граѓани имаат најмали плати споредено со работниците во земјите од регионот. 

Во јули највисоката просечна нето плата е забележана во Словенија, и таа изнесува скоро 1.250 евра. За разлика од нив, Хрватите земаат 940 евра (7.046 куни), а Србите 550 евра (64.731 динари) ). Нашата земја е најниско на скалата со нешто повеќе од 464 евра (28.540 денари) нето.  Просечната плата во Црна Гора без даноци и придонеси во август била 532 евра, што е за 0,4 проценти повеќе отколку во јули. Под Црна Гора во однос на нето просечната плата, освен Македонија, е БиХ со нешто повеќе од 513 евра. Со години, Словенците имаат највисоки плати од земјите од бивша Југославија. 

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »