До "стотка" ќе забрзува за 1,8 секунди, со максимална брзина до 420 км/ч.
Од Кина доаѓаат вести за уште еден целосно електричен хиперавтомобил на новооснованиот произведувач - кинеската компанија "Farnova Automotive".

Othello" е претставен во фаза на прототип со неверојатни 1.835 коњски сили. Компанијата најавила производство на 200 примероци од 2022-ра година, кои ќе се продаваат по цена 1.86 милиони јуани или околу 250.000 евра.
"Othello" користи механичка основа преземена од спортскиот "Qiantu K50", што е резултат на договорот меѓу "Farnova Automotive" и "Qiantu Motors".
Освен заедничката основа, двата автомобили, што се однесува до стилот и перформансите, во целост се различни.