Промовирани огласи »

Азески: Струјата ќе не „дрма“ во наредниот период

Корона вирусот ни стана сопатник и него го решаваме со вакцини, но што треба да направиме за она што се најавува со струјата, прочитајте 👇

Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески смета дека порастот на цените на суровините во изминатиот период, но и порастот на влезните елементи кои ја креираат производната цена на електричната енергија се иницијалната каписла за моменталните берзански цени кои достигнуваат до 185 евра за мегават час. Во соопштението до медиумите, тој вели дека се чини дека ова што ќе ни се случи е континуитет на кризата што започна 2008 година.

Поточно кажано, таа и не престанала во изминативе 13 години бидејќи како на трака се редат проблеми еден за еден. Најновиот се вика проблем со снабдување со електричната енергија. Деновиве сум пренатрупан со писма од компаниите членки на Комората на кои им се откажуваат договорите за снабдување, уредно потпишани, навреме договорени, кои го рушат основниот принцип на нашата работа, а тоа е предвидливоста. Енормниот пораст на цените на суровините во изминатиот период, но и порастот на влезните елементи кои ја креираат производната цена на електричната енергија се иницијалната каписла за моменталните берзански цени кои достигнуваат до 185 евра за мегават час, вели Азески.

Тој посочува дека цената на електричната енергија на берзата за енергија во Будимпешта (HUDEX) за последните 12 месеци порасна, од 57 евра за мегават час на 1.01.2021 година, до 138 евра за мегават час на 27.09.2021 година.

Според сите релевантни информации со кои располагаме, причина за ова се: зелената агенда во Европа и намалувањето на енергијата произведена од јаглен; релативно ниското производство од ветерните централи во Европа; брзиот пораст на пазарите во изминатиот квартал и енормниот пораст на цената на природниот гас на светските берзи, вели Азески.

Оттука, според него, започнува и проблемот со кој веројатно ќе се занимаваме подолг период. Минатата недела и Регулаторната комисија за енергетика даде изјава дека забележува незаконско откажување на договорите за снабдување на своите клиенти, додека другите го злоупотребуваат системот за балансирање на енергија на МЕПСО, така што не ја номинираат (купуваат) потребната количина електрична енергија за своите клиенти. Азески смета дека ова може да доведе до дестабилизација на електро-енергетскиот систем во земјата. Затоа, Регулаторната комисија почна да ги одзема лиценците на снабдувачите и ги предупреди сите останати да ги исполнат своите обврски кон клиентите, при тоа не злоупотребувајќи го системот за снабдување на МЕПСО.

Според нашите внатрешни информации нема проблеми со снабдувањето со гас, бидејќи договорите важат до 1.1.2022 година што гарантира стабилност до почетокот на следната година. Инаку, цената на гасот кај нас во моментов, е 4 пати помала, од цената на гасот во Европа постигната во последните три дена на Холандската берза (TTF), вели Азески.

Тој додава дека тоа се информациите од теренот што упатува како и секогаш, дека Комората е првата институција што ги регистрира проблемите, кои во јавноста ќе се појават многу подоцна. Предвидувањата на комората се дека покрај со последиците од пандемијата, во наредните години ќе се занимава и со ова прашање 24/7.

Искуствата од досегашните вакви глобални проблеми нѐ поттикнуваат однапред да предложиме мерки кои ќе ја превенираат ситуацијата, вели Азески.

Прво, подигањето на домашното производство на електрична енергија е сигурно базичната мерка која може да изврши најголема превенција.

Второ, Регулаторната комисија за енергетика мора да биде на висина на задачата и енергично да дејствува за да се престане со манипулативното откажување на договорите со конкретни мерки, кои ќе вклучуваат јавно објавување и одземање на лиценците, не само на компаниите, туку и на сопствениците на истите, со трајна забрана на вршење на ваква дејност.

Трето, бидејќи се наоѓаме во период кога компаниите ја проектираат својата позиција за наредната година, што побрзо мора да се излезе со јасна прогноза како ќе се одвиваат работите понатаму, како би можело тоа да биде вградено и во проекциите на самите компании.

Четврто, и на обичните луѓе совршено им е јасно дека цената на енергенсите директно влијае врз цената на производот и услугата, а со неконтролираниот порастот на цените на производите и услугите, лесно може да настанат проблеми и на макроекономски план.

Петто, оваа наша иницијатива никако не смее да се сфати како некакво драматизирање на состојбите, туку како транспарентност, неопходно потребна за вакви појави кои не зависат од нас, туку од случувања, кои се надвор од нашите можности.

Шесто, искуствата од пандемијата не учат дека во вакви кризи секој се свртува кон себе и второстепена е меѓународната солидарност.

Јас можам да гарантирам дека Комората и сега, како и во пандемијата, ќе биде стопроцентно со своите членки и дека ќе ги помага и застапува во секој момент и тие треба да се сигурни дека тоа, и ќе се случи, вели Азески.

Промовирани огласи »

ПОМАЛКУ РАБОТА ВО ПЕТОК, ЗНАЧИ ЛИ И ПОМАЛКУ ПАРИ ЗА АДМИНИСТРАТИВЦИТЕ: Како ќе им се пресметува платата?

Колкава плата ќе земаат административците кои ќе имаат петок со 4 работни часа?

Ќе се намали рабаотното време, но официјална плата на административците и за тие работни часови ќе остане иста. Новиот предлог Закон за административни службеници, како што објавивме носи измени за полното работно време на вработените во државната управа кои, ако ова законско решение се усвои, ќе работат по 4 часа помалку неделно, или 16 часа помалку во месецот оти за во петок законодавецот предвидел 4 работни часа. Сепак, ако се анализира начинот на пресметка на платата може да се заклучи дека и покрај помалку сработените часови тоа нема да значи и помала плата. Имено пресметката на плата и во овој закон не е врзана со работните часови, туку со други критериуми. 

Во член 69 стои дека платата на административниот службеник се состои од два дела - основна плата и додатоци на плата. Основната плата ја сочинуваат минимална плата,  дел на плата за ниво и дел на плата за стаж. 

Минималната плата се знае однапред и важи за сите, а нивото се определува со бодови, па секоја позиција во администрацијата има повеќе или помалку бодови. Највисока е генерален секретар која носи 530 бодови, а најниска е помошно- стручен административен службеник од четврто ниво чија позиција носи 5 бода.

Целиот текст прочитајте го на Фактор.мк

Промовирани огласи »

Најгледаното видео на сите времиња, „Despacito“ продолжува да бележи нови првенци во прегледите на Јутјуб.

Песната „Despacito“ наскоро на Јутјуб ќе има поголем број прегледи отколку што има жители во светот. Имено, песната за 4 години собра повеќе од 7 милијарди и 500 милиони прегледи, а вкупниот број на жители на светот е проценет на 7 милијарди и 900 милиони луѓе.

Луис Фонси и Деди Јенки ја објавија „Despacito“ во 2017 година и истата година стана планетарен хит. Меѓутоа, нејзината популарност продолжи да расте и во наредните години.

Планетарно познатиот хит „Despacito“ наскоро со бројот на прегледи ќе го надмине бројот на жители во светот

Песната на шпански јазик, на 24-ти февруари стана првото видео на Јутјуб со 6 милијарди прегледи, а на својот врв доби 25,7 милиони прегледи за само еден ден, иако таа бројка оттогаш се врати на просечни 2,8 милиони дневни прегледи.

„Despacito“ на шпански јазик значи „полека“, но се чини дека Фонси и Јенки брзо дојдоа до огромна заработка благодарение на најголемиот хит во нивните кариери.

Луис Фонси кој ја изгради својата музичка кариера на романтични балади, пред објавата на синглот имаше 2-годишна пауза, а големото враќање со „Despacito“ му донесе популарност каква не можел ниту да замисли.

Промовирани огласи »

АКК Рено Спорт Скопје заедно со Лема Расинг денес ја одржаa првата трка од финалниот викенд на Македонското првенство „Renault Twingo CUP“ во Гробник, Хрватска.

Двајца натпреварувачи на Renault Twingo CUP се најдоа во првите десет и тоа: Марко Блажевски кој беше седми во генералниот пласман, а се покажа како најдобар во македонскиот Twingo Cup.

Второто место пак му припадна на победникот за оваа втора сезона - Давид Малинковски, додека пак трет по пласман е младиот Мартин Костовски. Пласманот на останатите Македонски возачи е по следниот редослед: Зоран Мираковски заврши 19, Ангелче Стојковски беше 21, Слободан Трајковски финишираше 22 и Емил Нацка ја заврши трката како 23, додека Владимир Тренески и Ненад Костовски не влегоа во класификацијата за бодови.

И покрај тоа што победата на брилијантниот Малинковски е сигурна, нѐ очекува уште една финална Twingo Cup трка, закажана за утре во 16:00 часот, а истата може да ја следите во живо тука:

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »