Промовирани огласи »

Битиќи: Ги поддржуваме компаниите кои инвестираат во производство и креираат работни места платени за 50% повеќе од минималната плата во државата

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи порачува дека е неопходно македонската економија да се реструктира

„Македонската економија го нема луксузот на постепено прилагодување и ќе мора брзо да се прилагоди на промените во пост-ковид периодот. Македонските бизнисмени и стопанството во оваа криза покажаа дека имаат капацитет да се прилагодат, но истовремено треба интензивно  да се работи на доближување кон вредностите на големите економии и кон зголемување на конкурентноста на македонските компании”, изјави заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи во интерјуто дадено за специјализираниот електронски портал, izvoz.mk.

Вицепремиерот посочи дека зголемувањето на конкурентноста е клучот за поинтензивен раст и развој на економијата и додаде дека Владата спроведува низа на чекори во позитивна насока.

На пример, поддржуваме воведување на нови технологии од страна на сите компании кои се во производствениот процес или кои влегуваат во производствени процеси. Во 2017 година, кога стартуваше мерката за поддршка на инвестиции преку Законот за финансиска поддршка, имаше само 12 компании кои беа поддржани во процесот на нови инвестиции. Во 2020 година веќе имаме 245 компании, за да според последните информации, годинава ја завршиме со 350 поддржани компании кои влегуваат во нови инвестициски проекти, нагласи Битиќи.

Тој објасни дека треба да се менуваме структурата на нашата економија и да се поддржуваат сектори кои создаваат додадена вредност во економијата.

Затоа ја креираме Националната развојна стратегија 2021-2041, чија цел е да ги даде правците за развој на државата во следните 20 години. Го изменивме Законот за финансиска поддршка на инвестиции, во насока на стимулирање инвестиции во помалку развиените региони, придонесувајќи кон порамномерен регионален развој. Истакнавме дека ќе ги поддржиме компаниите во креирање на нови работни места, но само ако платите кои се исплаќаат за тие работни места се минимум 50% повисоки од минималната плата во државата, подвлекува вицепремиерот.

Битиќи потсети дека во време на пандемија, Владата минатата година донесе две автономни мерки за намалување или укинување на царините на 117 суровини и репроматеријали со цел да ја зголемиме конкурентноста на компаниите, да се намалат производните трошоци и да се поттикнува извоз.

Се што правиме е во координација со бизнис секторот, според нивните потреби, со намера да креираме предвидливост и да им помогнеме да ја подобрат конкурентноста. За прв пат воспоставуваме систем за следење на државната помош и мерење на ефектите од секој еден денар дадена државна помош. Не сите средства дадени како поддршка во изминатиот период го дале ефектот и за жал не биле потрошени за да создадат нова додадена вредност.  Треба да воспоставиме економски систем кој ќе биде стабилен, предвидлив и кој ќе нуди перспектива и развој за младите и за компаниите”, потенцира во интервјуто дадено за специјализираниот електронски портал izvoz.mk, заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи.

Промовирани огласи »

Корона скрининг за 8.200 основци и средношколци, трета доза може да прими секој кој сака

Започнува корона скринингот во училиштата, ќе се бара согласнот од родителите.

Ситуацијата со пандемијата е прилично стабилна, повеќе денови имаме идентичен број на новодијагностицирани, односно од 450-500 е бројот на новозаразени. Бројот на хоспитализирани се намалува ширум болниците во државата, порача денеска на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче, информирајќи за епидемиолошката слика во нашата земја.

Филипче го најави и корона скринингот во образовните институции.

Според методологијата во следниот период ќе бидат тестирани 8.200 учениците од основното и средното образование. Оваа недела ќе се бара писмена согласнот од родителите, со цел да се види дали во училиштата има асимптоматски случаи, рече министерот кој очекува овој скрининг да заврши за 10 дена до две недели.

Другата важна одлука која ја сподели Филипче е препораката за трета доза без оглед на возраста.

Препораката од Комитетот за имунизација е освен лицата над 60 години трета доза вакцина да добијат и било кои други граѓани без оглед на возраста. Без оглед дали имаат или немаат хронични болести, доколку се под ризик поради фрекфенцијата на контакти, работното место итн, може да да се вакцинираат.

Тој информираше дека досега 789 000 граѓани се вакцинирани.

Вакцинирани се 47% од полнолетните граѓани со една доза, а 38, 2% со две дози. Има разлика до општина до општина. Најмногу вакцинирани со две дози има во Вевчани, Гевгелија, Кавадарци, Охрид, Демир Капија, а најмалку вакцинирани има во Липково, Ново Село и Македонска Каменица. Вакцини има доволно, рече Филипче.

Анализата на бројот на позитивни и хоспитализирани, како и смртни случаи ја потвдува ефикасноста на вакцината, потсети министерот, информирајќи дека околу 77 од новозаразените и 79 од новохоспитализираните се невакцинирани.

Промовирани огласи »

После лошите квалификации за првата трка, Вуков го постигна најавеното, завршна позиција во топ 5 во втората трка.

Македонскиот автомобилист Ристо Вуков овој викенд имаше тешка задача на претпоследната рунда од Porsche Cup Italia каде вози веќе втора сезона.

Имено на патеката Франчакорта тој имаше доста лоши квалификации поради проблемите со директното сонце во неговите очи кое не му дозволи да направи ниту еден добар круг. Тоа е проблем кој Вуков го има и не може да го промени, па затоа мораше да стартува од последната 17 позиција.

Првата трка тој ја заврши дури на деветтата позиција, а веќе за втората трка денес, најави завршување во топ 5. Тоа и го оствари после жестока офанзивна и дефанзивна борба, после која заврши на четвртата позиција на чекор од неговиот прв подиум, за што исто така и коментаторите беа крајно импресионирани.

Ова е најголем успех досега за нашиот натпреварувач кој дефинитивно заедно со неговиот GDL Racin Team се повеќе од среќни после овој пресврт од квалификациите на двете извозени трки.

Победник на трката беше Џорџо Амати, пред Енрико Фулџенци и Симоне Јакуинта.

Инаку трката изобилуваше со борби за позиции поради кои дури три пати безбедносниот автомобил излегуваше на патеката додека се расчисти истата, а тоа дефинитивно им го расипуваше темпото на возачите.

Промовирани огласи »

Големиот интерес за состојбата на седумкратниот светски шампион Шумахер се појави во последниве недели по објавувањето на документарниот филм на Netflix, кој го прикажува неговиот извонреден подем кон врвот, како и аспекти од семејниот живот на 52-годишниот Германец.

Говорејќи на неодамнешното доделување на наградите во Рим, Пјеро Ферари сподели неколку спомени за Шумахер пред неговата скијачка несреќа во 2013 година.

Имав задоволство да му гостувам на Шумахер и да пијам црвено вино. Тој навистина уживаше во овие моменти на интимност и мир. Тој е едноставна, јасна, прецизна личност, многу комплетна личност“, рече потпретседателот на Ферари, додавајќи:

Жал ми е што денес зборуваме за него како да е мртов. Не е мртов, тој е тука, но не може да комуницира", рече Ферари.

Да потсетиме, Шумахер се здоби со тешка повреда на главата при пад на 29 декември 2013 година во францускиот скијачки центар во близина на Мерибел, и истиот ден беше префрлен во болница и оттогаш нема многу официјални информации за неговата здравствена состојба.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »