Промовирани огласи »

Вредноста на дигиталната крипто валута Биткоин оваа недела ја надмина магичната граница од 1.500 долари.

Ова претставува голем успех на концептот на дигитални валути воопшто. Минатата недела Биткоинот пораснал над 1.400 долари што е исто така забележано како надминување на рекордот.

Промовирани огласи »

Иако барањето на работа најчесто се сведува на праќање CV често се случува одговор од работодавец да нема. Во тој случај работите треба да ги преземете во свои раце и „поактивно“ да се посветите во потрагата.

Ова се шест начини како во денешно време да се вработите:

1. Пронајдете компанија за која сакате да работите.

2. Запознајте ја таа компанија.

3.Откријте како веднаш ќе се вклопите во работата.

4. Употребете дела наместо зборови

5. Користете препорака како средство

6. Прашајте за работа

Промовирани огласи »

Многу луѓе од целиот свет се плашат својот интелектуален свет да го сведат од 9 до 5 заради тоа се повеќе одлучуваат сами да си го контролираат времето во својот живот и да работат од дома.

Бидејќи е тренд во последно време и во нашата држава истражувавме какви можности се нудат за сите вештини кои еден човек може да ги поседува. За пример - побарувачката за креативни хонорарни преведувачи никогаш не била повисока.

Според CNBC, бројот на независни преведувачи се зголеми за околу 27% повеќе од вработените на платен список во текот на изминатите 20 години. Многу од тоа е токму благодарение на оваа можност за работа од дома која одлично се усогласува со побарувачката за брзо извршување на задачи.

Маркетинг на социјалните мрежи

Социјалните медиуми станаа главни маркетинг алатки за повеќето бизниси. Како независен експерт за социјални медиуми, можете да им помогнете на компаниите користејќи ги Facebook, Twitter, Snapchat, Instagram, или други платформи за да компанијата ја постигне својата бизнис цел.

Блогирање

Ова е бизнис и забава - две во еден. Потребни ви се иновативни слики или текстови со кои ќе го привлечето вниманието на луѓето од регионот или светот а со то ада заработите одлични хонорари.

Уште подобро, можете да започнете свој блог за мода или патување и да го привлечете вниманието на многу светски компании кои ќе сакаат да ве спонзорираат или пак да ги откупуваат вашите дела. На пример, има блогови кои прават $9000 за еден месец, а некои блогерски профили минатата година биле продадени на група американски инвеститори за $280 000 минатата година.

Преведување

Многу често на компаниите им е потребна помош со брз превод за време на важен бизнис состанок или политички самит. Традиционално, толкувачите ова го вршеле лице влице меѓутоа благодарение на  онлајн групите, можете лесно да го направите ова од дома. Според Glassdoor, хонорарните преведувачи во просек се платени $ 35,43 на час.

Графички Дизајн

Графичките дизајнери се многу активни во онлајн светот. На компаниите им требаат логоа, инфографици, постови на блоговите, обработка на слики и друг услуги во секое време. Хонорарни графички дизајнери заработуваат во просек $44 109 годишно.

Патнички консалтинг

Ако сте светски патник и имате многу дестинации во вашиот пасош тогаш можете да им помагате на луѓето да го испланираат своето патување врз база на вашето искуство. Помогнете им на луѓето да го планираат својот одмор - можете да го направите ова независно или да станете експерт за резервацијии на летови на FlightFox.com

Настава

Благодарение на видео разговорите, наставата е хонорарна работа што можете да ја правите онлајн. Ако имате вештини за пишување, знаете два јазика, постојат луѓе од целиот свет кои имаат потреба од вашата помош. Многу луѓе одлично заработуваат и на овој начин особено во модерниот свет кога немаат време за посета на курсеви надвор од нивниот дом.
 

Промовирани огласи »

Сообраќајната полиција во оквирот на обележувањето на Четвртата светска недела за безбедност на сообраќајот на патиштата од денеска до 14 мај ќе ја засили контролата за брзината на движење на возилата, соопштија од Министерството за внатрешни работи на Србија.

Четвртата светска недела за безбедноста на сообраќајот на патиштата, која се спроведува под окривот на ОН, оваа година се одбележува под слоганот „Забави и сочувај ги животите“, и усмерена е кон подигнување на свеста на граѓаните дека неприлагодената брзина е еден од клучните причини за сообраќајните незгоди со загинати и повредени лица.

МУП наведе дека Управата за сообраќајната полиција во мај ја спроведува и акцијата „Блиц маратон“, во која за 24 часа непрекинато ќе бидат ангажирани сите расположливи уреди за мерење на брзината и движење и ги повика граѓаните да укажат на локацијата на која, според нивната оценка, е загрозена безбедноста на учесниците во сообраќајот поради брзината на движење на возилото.

Податоците за локациите на граѓаните можат да се испратат на адресата [email protected].

Сообраќајната полиција во текот на акцијата „Блиц маратон“, на предложените локации ќе ја мери брзината со рачни радари и уреди за мерење на брзината на возилата без обележја на полицијата „пресретници“.

Контролата на брзината на движење ќе се изврши и без запирање на возилата на местото на прекршокот.

Доколку возачот кој ќе ја пречекори дозволената брзина не биде запрен на лице место, а на сопственикот на возилото ќе му биде доставена веродостојна исправа за прекршокот, со повик да ја плати казната или да на надлежната организациона единица МУП, достави податоци за лицето кое го направило прекршокот.

МУП наведе дека во текот на претходните акции „Блиц маратон“, на 19 април на радарите ќе документира 3127 прекршоци, пишува во соопштението.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »