Промовирани огласи »

Транзицијата од 20 -тите во 30 -тите години е голема. За многумина од нас, одлуките што ги донесуваме во тие клучни години завршуваат со дефинирање на  остатокот од нашата кариера. Еве десетина совети што е добро да ги знаете во вашите 20ти години.

1. Изберете кариера што ви се допаѓа, а не онаа што плаќа повеќе

Ова е многу чест совет. Ако само се обидувате да бидете успешни само заради правење пари, тогаш ќе ви биде тешко да бидете среќни во кариерата. 

2. Никогаш не лажете во вашата професионална биографија (CV)

Можеби мислите дека може да се извлечете со малку украсување на CVто, но порано или подоцна, некој ќе го открие тоа.

3. Преземајте ризици

Кога сте млади, можете да си дозволите да ризикувате бидејќи имате многу време и енергија за да застанете на нозе, ако работите не функционираат. 

4. Не плашете се да аплицирате за работа што ви се допаѓа, дури и ако не ги исполнувате сите услови.

Ако аплицирате за работа и не се чувствувате премногу сигурно во врска со вашите шанси, сепак треба да аплицирате затоа што секогаш вреди да се проба.

5. Секогаш можете да ја смените кариерата 

Можеби на почетокот мислите дека ќе ве интересира професијата цел живот, но на крај да се покаже дека тоа е само фаза. Добрата работа во тоа што имате 20 -ти години е што имате многу живот пред себе и можете да си дозволите да направите некои грешки при изборот на кариерата

6. Започнете да се поврзувате со луѓе што порано

Еден од клучевите за успех е поврзувањето со вистинските луѓе. Работата е во тоа што можеби до крајот на животот не знаете која е вистинската личност која ќе ви помогне на патот, затоа е толку важно да одржувате контакт што е можно почесто. 

7. Никогаш не престанувајте да учите

Најважното нешто што треба да направите кога започнувате со нов проект или цел е да продолжите да учите. Никогаш не можете да знаете се за нешто, така што секогаш има многу простор за да научите повеќе.

8. Не дозволувајте вашата работа да ве дефинира

Многу луѓе вложуваат толку многу енергија во своите работни места што кога ќе се вратат дома навечер веќе не знаат кои се тие. Важно е да не дозволите работата да ви го троши целиот живот и идентитет. Исто така, треба да се обидете да ги доживеете работите надвор од работата.

9. Не дозволувајте вашата работа да биде единствениот извор на приход

Многу луѓе мислат дека работата е единствениот начин на кој ќе заработат за живот. Постојат тони странични приходи што можете да ги направите од речиси секаде и кои можат да се вклопат во вашиот распоред за да ви помогнат да заработите повеќе пари и да се грижите помалку за тоа што ќе се случи ако ја изгубите работата. 

10. Одвојте една или две години за да почувствувате како е да работите во друга држава

Тревата е често позелена од другата страна. Посетата на различни земји и изложеноста на различни култури, работна етика и вредности навистина ја менува вашата перспектива за животот и вашата кариера.

 

Промовирани огласи »

Марко Бислимоски, претседателот на Регулаторна во врска со тоа дали може да очекуваме поскапување на цената на електричната енергија вели:

Постои проблем со цените на електричната енергија и природен гас во цела Европа. Во наредниот период што следи може да се очекува одредени држави пред се своето домашно производство ќе го користат за свои потреби, но пак ќе има трансакции на пазарот на електрична енергија и тоа ќе функционира. Во делот на природниот гас, пак, кога ќе се зголеми испораката на присодниот гас од Русија, горе доле ќе се стабилизира цената со природниот гас, а со тоа ќе се стабилизира и цената со електричната енергија. Ова не е проблем само во нашата земја, туку во цела Европа и веќе и европската комисија и нашата влада превземаат мерки со цел да се стабилизира ситуацијата со електричната енергија и природниот гас. Во однос на цената едно е сигурно, поскапување нема да има до крајот на годината. Колку за пример за да се види како драстично се менуваат состојбите, по најавата на Путин дека ќе ја зголеми испораката на природен гас преку Украина, цената на електричната енергија на берзата во ХУПЕКС се намали на 20 проценти. Во овој момент и ЕСМ заедно со Владата превземаат активности за да се обезбеди јаглен, со цел да се стабилизира цената на електричната енерија кај нас и таа помош пред се ќе се однесува на стопанството и ќе биде распределена на најправеден начин до сите потрошувачи на слободниот пазар.

Премногу е рано да зборуваме што ќе биде од први јануари, бидејќи работите се менуваат како на филмска лента, во текот на декември ќе имаме поконкретни информации, рече тој.

Промовирани огласи »

Шпанскиот премиер Педро Санчез најави дека следната година на младите луѓе кои ќе наполнат 18 години ќе им биде доделена културна пропусница во вредност од 400 евра за трошење на културни содржини како книги, настани, билети за кино.

Санчез објасни дека мерката ќе го подобри пристапот на младите до културата, истовремено помагајќи и на шпанската културна индустрија која финансиски настрада за време на пандемијата.

Тоа е како подарок за 18-ти роденден и би ми било драго да го потрошат на опера или концерт на класична музика, објасни министерот за култура Микел Исета.

Најавата за пропусница за култура доаѓа неколку дена по објавувањето на државната програма за домување, со која на луѓето на возраст од 18 до 35 години со средни примања ќе им овозможи месечен попуст од 250 евра за нивната кирија

Промовирани огласи »

Земјите во развој ќе добијат нови даночни права што ќе им овозможат да остварат повеќе даночни приходи од најголемите и најпрофитабилните компании, вклучувајќи ги и високо дигитализираните компании. Ова го овозможува договорот за корпоративна даночна реформа, кој Република Македонија го постигнаа изминатата недела заедно со 136 други земји, информираат од Министерството за финансии.

Од таму додаваат дека реформата се состои од два столба и се однесува на оданочување на дигиталните активности на мултинационални корпорации, како и применување на минимална глобална корпоративна даночна стапка за големите мултинационални компании.

Со првиот столб од договорот се очекува реалоцирање на профитот од повеќе од 125 милијарди американски долари од 100-те најголеми и најпрофиталибилни мултинационални корпорации во земјите ширум светот, обезбедувајќи овие корпорации да го платат својот фер удел на данокот каде и да работат и генерираат профит. Со вториот столб, пак, се воведува глобална минимална стапка на корпоративен данок од 15 проценти, со што се проценува дека на глобално ниво ќе се остварат околу 150 милијарди американски долари нови приходи годишно, наведуваат од министерството.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »