Промовирани огласи »

Шпанскиот премиер Педро Санчез најави дека следната година на младите луѓе кои ќе наполнат 18 години ќе им биде доделена културна пропусница во вредност од 400 евра за трошење на културни содржини како книги, настани, билети за кино.

Санчез објасни дека мерката ќе го подобри пристапот на младите до културата, истовремено помагајќи и на шпанската културна индустрија која финансиски настрада за време на пандемијата.

Тоа е како подарок за 18-ти роденден и би ми било драго да го потрошат на опера или концерт на класична музика, објасни министерот за култура Микел Исета.

Најавата за пропусница за култура доаѓа неколку дена по објавувањето на државната програма за домување, со која на луѓето на возраст од 18 до 35 години со средни примања ќе им овозможи месечен попуст од 250 евра за нивната кирија

Промовирани огласи »

Земјите во развој ќе добијат нови даночни права што ќе им овозможат да остварат повеќе даночни приходи од најголемите и најпрофитабилните компании, вклучувајќи ги и високо дигитализираните компании. Ова го овозможува договорот за корпоративна даночна реформа, кој Република Македонија го постигнаа изминатата недела заедно со 136 други земји, информираат од Министерството за финансии.

Од таму додаваат дека реформата се состои од два столба и се однесува на оданочување на дигиталните активности на мултинационални корпорации, како и применување на минимална глобална корпоративна даночна стапка за големите мултинационални компании.

Со првиот столб од договорот се очекува реалоцирање на профитот од повеќе од 125 милијарди американски долари од 100-те најголеми и најпрофиталибилни мултинационални корпорации во земјите ширум светот, обезбедувајќи овие корпорации да го платат својот фер удел на данокот каде и да работат и генерираат профит. Со вториот столб, пак, се воведува глобална минимална стапка на корпоративен данок од 15 проценти, со што се проценува дека на глобално ниво ќе се остварат околу 150 милијарди американски долари нови приходи годишно, наведуваат од министерството.

Промовирани огласи »

Нафтените деривати од полноќ поскапуваат од два до два ипол денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 поскапуваат за два денари, а дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство за 2,5 денари.

Новата цена на Еуросупер БС-95 ќе биде 75,5 денари за литар, додека Еуросупер БС-98 ќе се продава по цена од 77,5 денари за литар. Дизелот од полноќ ќе чини 67,5 денари, а Екстра лесното масло за домаќинство 67 денари.

Мазутот поскапува за 1,630 денар/килограм и согласно новата одлука на РКЕ ќе чини 42,761 ден/кг.

Новото поскапување на нафтените деривати, од РКЕ го објаснуваат со зголемувањето на цените на нафтата на светските берзи во изминатите седум дена. 

Промовирани огласи »

Луис Хамилтон вели дека неговите бурни пораки до тимот на Мерцедес во финишот на Турското ГП се направени во „жештината на моментот“ и дека не е лут на одлуката на „сребрената стрела“ да го повлече во боксот за промена на гумите.

Седумкратниот светски шампион беше на третото место, кога по повеќе разменети пораки со тимот, влезе во боксот и на крајот трката ја заврши на петтото место иако инсистираше дека може да ја заврши трката без да ги смени гумите. Со второто место на Макс Ферстапен, Холанѓанецот сега има 6 поени предност на шест трки пред крајот на сезоната.

„Видов дека во медиумите се кажаа многу работи за инцидентот на вчерашната трка и одлуката да се влезе во боксот. Не е вистина дека сум лут на тимот. Како тим работиме напорно за да одбереме најдобра можна стратегија, но секогаш има многу фактори кои постојано се менуваат. Вчера ризикувавме со останувањето на патеката со надеж дека ќе биде суво, но не беше така. Сакав да ризикувал и да одам до крај, но тоа не функционираше и на крајот моравме да мислиме на безбедноста. Живееме и учиме. Победуваме и губиме како тим. Не очекувајте да бидам пристоен и смирен на радио кога се тркам, бидејќи сите сме страствени по спортот и тоа се покажува во жештината на моментот, како кај сите возачи. Моето срце и духот се на патеката, оганот ме донесе до тука и лутината бргу се заборава и се планира следната трка“, напиша Хамилтон на Инстаграм.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »