Промовирани огласи »

Нафтените деривати од полноќ поскапуваат од два до два ипол денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 поскапуваат за два денари, а дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство за 2,5 денари.

Новата цена на Еуросупер БС-95 ќе биде 75,5 денари за литар, додека Еуросупер БС-98 ќе се продава по цена од 77,5 денари за литар. Дизелот од полноќ ќе чини 67,5 денари, а Екстра лесното масло за домаќинство 67 денари.

Мазутот поскапува за 1,630 денар/килограм и согласно новата одлука на РКЕ ќе чини 42,761 ден/кг.

Новото поскапување на нафтените деривати, од РКЕ го објаснуваат со зголемувањето на цените на нафтата на светските берзи во изминатите седум дена. 

Промовирани огласи »

Луис Хамилтон вели дека неговите бурни пораки до тимот на Мерцедес во финишот на Турското ГП се направени во „жештината на моментот“ и дека не е лут на одлуката на „сребрената стрела“ да го повлече во боксот за промена на гумите.

Седумкратниот светски шампион беше на третото место, кога по повеќе разменети пораки со тимот, влезе во боксот и на крајот трката ја заврши на петтото место иако инсистираше дека може да ја заврши трката без да ги смени гумите. Со второто место на Макс Ферстапен, Холанѓанецот сега има 6 поени предност на шест трки пред крајот на сезоната.

„Видов дека во медиумите се кажаа многу работи за инцидентот на вчерашната трка и одлуката да се влезе во боксот. Не е вистина дека сум лут на тимот. Како тим работиме напорно за да одбереме најдобра можна стратегија, но секогаш има многу фактори кои постојано се менуваат. Вчера ризикувавме со останувањето на патеката со надеж дека ќе биде суво, но не беше така. Сакав да ризикувал и да одам до крај, но тоа не функционираше и на крајот моравме да мислиме на безбедноста. Живееме и учиме. Победуваме и губиме како тим. Не очекувајте да бидам пристоен и смирен на радио кога се тркам, бидејќи сите сме страствени по спортот и тоа се покажува во жештината на моментот, како кај сите возачи. Моето срце и духот се на патеката, оганот ме донесе до тука и лутината бргу се заборава и се планира следната трка“, напиша Хамилтон на Инстаграм.

Промовирани огласи »

Бизнис порталот Bloomberg цени дека пред Apple е задача следната генерација на својот паметен часовник Apple Watch да го направи целосно автономен уред и образложува како би можело тоа да се постигне и што тоа би значело.

Apple неодамна претстави нова генерација на својот паметен часовник, а тоа се случи на 10. годишнината од смртта на основачот на компанијата, Стив Џобс. Неговата последна идеја за iCloud технологијата беше поврзана со паметниот часовник.

Меѓу неговите последни големи идеи беше онаа за ерата на „post-PC“ ерата или времето кога десктоп компјутерите и лаптопите ќе бидат надминати речиси во целост. Пред 2011 година, екосистемот на Apple значеше дека неговите уреди – iPhone, iPad, iPod, Apple TV и другите – добиваа содржини од Mac компјутерите. Мораше да постои синхронизација помеѓу iPhone и Mac.

Тоа се промени во 2011 година со iCloud и iOS 5, бидејќи тие станаа основа на уредите на Apple. Ова им овозможи на iPhone и iPad да функционираат речиси целосно автономно, без компјутерите – тие почнаа да преземаат содржини од iCloud технологијата, а не од Mac. Едноставно кажано, овозможено е користење на iPhone, а да не е потребно да се има и користи компјутер нa Apple.

Седум години од првата генерација на Apple Watch, овој уред функционира на ист начин. Потребно е да имате iPhone за да го активирате часовникот и да ги прилагодите неговите опции. Ова значи дека Apple Watch не се совпаѓа со визијата на Џобс, секој уред на Apple да биде автономен. Во компанијата направија неколку чекори за да го постигнат тоа, но тоа се уште не реализирано во целост.

Тоа има за последица ограничување на бројот на потенцијални купувачи на овој паметен часовник. На пример, сигурно е дека постојат оние кои сакаат да го купат, но не сакаат да истовремено да имаат iPhone.

Промовирани огласи »

Досега нема многу информации за претстојната телефонска линија „Xiaomi Redmi K50“, но благодарение на дојавувач од Кина, сега ги имаме главните спецификации за најсилниот член на ова семејство – моделот „Redmi K50 Pro +“.

Се очекува „Xiaomi Redmi K50 Pro +“ да работи со сѐ уште необјавениот чипсет „Snapdragon 898“ и ќе се напојува со батерија од 5000mAh. Екранот ќе има центрирана дупка за селфи камера и сензор за отпечатоци под екранот.

Се очекува главен сензор од 108MP во полето на камерата, заедно со телефото камера со перископ. Доколку овие информации се покажат како точни, „K50 Pro +“ ќе биде вистински премиум телефон.

Бидејќи ќе го користи чипсетот „Snapdragon 898“, не се очекува да го видиме „Xiaomi Redmi K50 Pro +“ на продажба во текот на оваа година.

„Qualcomm“ обично ги објавува своите премиум чипови на крајот на годината, а првите уреди што ги користат ќе се појават на почетокот на следната година (во овој случај, тоа ќе биде почеток на 2022-ра година).

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »