Промовирани огласи »

Од идната недела стартува третиот по ред циклус саеми за вработување. Потенцијалните работодавачите на едно место ќе ја презентираат понудата на работни места , лицата кои бараат работа да се информираат и да конкурираат за отворените работни места. Досега преку саемите учествувале над 700 компании, а свои биографии доставиле над 20.000 невработени лица.

Од идната недела на едно место работодавачите ќе може да ја презентираат понудата, а невработените директно да се информираат и да конкурираат за нови работни места. Стартува третиот циклус саеми за вработување. Првиот човек на Агенцијата за вработување, Влатко Поповски, апелира- младите да дојдат на саемите, како категорија со највисока стапка на невработеност.

Поповски советува младите да се запишуваат на технички науки, бидејќи поголемиот број огласи се од тие области. Вели дека за да се намали невработеноста, организираат обуки , даваат субвенции, нудат можности за практикантство, сертификати за странски јазици и за ит вештини.

Досега на саемите учествувале над 700 компании. Биографии доставиле над 20.000 невработени лица. Со работно место се стекнале околу 2.500 луѓе.

Промовирани огласи »

Македонија се наоѓа на последното место на Западен Балкан за почитување на медиумските слободи, оценува „Истражувачкиот центар на Eвропскиот парламент“, кој во мај годинава објави извештај за состојбата со слободата на говорот во земјите од Балканот, соопшти денеска Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ).

„Трендот на ерозија на слободата на медиумите е особено забележлив во Македонија, која бележи најголем пад на ранг-листите за слободата на медиумите“, се наведува во извештајот.

Во него, како главни причини за лошата медиумска клима во Македонија се наведени повеќе фактори, односно неспроведувањето на постоечките закони, медиумите во сопственост на лица блиски до власта, зголемено насилство врз новинарите, клиентелизмот, политизацијата и корупцијата, како и недостигот од политичка волја за промовирање на плурализмот во медиумите.

„Европскиот парламент повикува на проактивна улога на професионалните организации и саморегулаторни тела, подобрување на ефикасноста на судскиот систем, политичка посветеност и поголема улога на граѓанското општество, кои на долг рок сите заедно треба да придонесат за подобрување на медиумската клима“, стои во соопштението на ЗНМ.

Извор: Мета

Промовирани огласи »

Сајтот за резервации Airbnb и за пребарување на информации преку интернет Pinterest си парираат во иницијатива која има за цел да ги истакне најпосакуваните места за одмор во светот.

Анализирани се над 3 милијарди идеи за патувања во Pinterest, како и 3 милиони резервации во Airbnb во 65 000 градови во светот.

Пребарувањата на локации за патување во Pinterest пораснале до 37% од декември, велат од сајтот. А буџетските одмори се бараат со 300% повеќе од почетокот на годината.

Некои од дестинациите одбележуваат огромен раст на побарувачката- пример Исланд со 365% од јануари, или Шкотска - 430% за истиот период, забележува "Бизнеис инсајдер".

Ова се 10 дестинации избрани од милионите корисници на двата сајта:

10. Барселона, Шпанија

9. Санторини, Грција

8. Њујорк, САД

7. Бора Бора, Полинезија

6. Кјото, Јапонија

5. Рејкјавик, Исланд

4.  Шкотските високи земјишта (Хаилендс)

3. Куршевел, Франција

2. Тенерифе, Канарски Острови

1. Шарм ел Шеик, Египет

Промовирани огласи »

Швајцарската влада одлучи да воведе ограничување на издавањето работни дозволи за романските и бугарските граѓани поради порастот на имиграциите од тие земји.

Тие се повикаа на клаузулата од својот договор со Европската унија.

Таа клаузула е дел од билатералниот договор со ЕУ за слобода на движењето и овозможува на Швајцарија, која не е членка на европскиот блок, да воведе привремени квоти на работни и дозволи за престој.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »