Промовирани огласи »

Овој викенд во Дубровник се одржува последната трка од Хрватскиот шампионат на ридски патеки каде ќе се решаваат шампионски тиули во повеќе класи.

Она што е најинтересно е дека Ридската трка „Меморијал Жељко Ѓуратовиќ“ е тоа што после долгогодишното одржување на оваа трка на познатата делница Комолац-Бргат, нова патека ќе ја продолжи оваа традиција.

Новата патека се наоѓа на делницата „Мост на Фрањо Туѓман“ – Осојник, во должина од 3345 метри и ширина од 5 до 9 метри со просечен нагиб од 7.56%.

Организатор на трката е прославениот Дубровачки тим Дубровник Рејсинг, додека главен покровител е Општина Дубровник, а истата се бодува за Првенство на Хрватска за историски автомобили, Првенство на Хрватска и Првенство на Црна Гора на ридски патеки.

За трката има пријавено над 100 возачи што е големо изненадување, а истите ќе ги измерат своите способности во сабота на двата тренинзи кои стартуваат од 13:00 часот, додека во недела после официјалното отварање на трката во 10:35 часот, ќе стартуваат двете возења во 12:00 часот.

Временските услови според прогнозата во сабота би требало да дозволат сува трка со облачно време, но во недела се очекува целодневно врнење дожд.

Промовирани огласи »

Рели Финска е дефинитивно најспектакуларното рели во календарот на Светскиот рели шампионат? Зошто? Погледнете подолу. Точка.

WRC: За вистинските фанови, вистински спектакл; Рели Финска преку видео

Промовирани огласи »

BMW Serieѕ 2 Active Tourer

Премиерата очигледно се приближува, така што има се повеќе слики од новата генерација BMW Серија 2 Active Tourer…

Накратко, новиот BMW Series 2 Active Tourer, покрај помодерен изглед и по-пространа внатрешност, носи новитети и во гамата на погонски агрегати.

Понудата ќе го вклучува и BMW 230xe Active Tourer, кој исто така ќе биде најмоќниот plug-in хибрид во комплетната палета на новиот Active Tourer (фабрички ознаки U06).

Актуелниот BMW 225xe комбинира 1.5 бензински мотор со три цилиндри и електричен мотор со вкупна моќност од 224 КС, додека идниот 230xe Active Tourer најверојатно ќе комбинира 2.0-литарски бензинец со четири цилиндри, потпомогнат со турбо полнач и електричен мотор со вкупна моќ од околу 270 КС

Покрај тоа, новиот Active Tourer ќе понуди FAAR платформа, изменети димензии (подолги и пошироки од претходникот), поголеми надворешни ретровизори, повеќе внатрешен простор, подобрена функционалност, како и најнови дигитални технологии.

Промовирани огласи »

Извршниот директор на „Alfa Romeo“, Жан-Филип Импарато, објави дека неговата компанија има во план да лансира еден нов модел годишно, кој ќе трае до 2026-та година. Марката потоа ќе стане производител на целосно електрични автомобили.

Имплементацијата на овој план започнува со сериска верзија на концептуалниот компактен кросовер „Tonale“, која ќе биде претставена во март следната година. Премиерата на моделот беше одложена бидејќи на Импарато не му се допадна хибридната погонска единица и нареди да се редизајнира.

Шефот на „Alfa Romeo“ е категоричен дека од 2027-ма година сите модели на марката ќе бидат електрични. Пред тоа, сепак, компанијата ќе мора да го подобри својот деловен модел, а тоа ќе се случи со вклучување на два нови кросовери во својата гама на модели. Едниот е „Tonale“, а другиот сѐ уште нема име, но ќе биде уште покомпактен.

Импарато додаде дека „Alfa Romeo“ одлучи да се фокусира на задоволството при возењето, а не на технологијата. Тој го повтори она што го кажа пред извесно време, имено дека „не сака да продава „iPad“ со автомобил“. За таа цел, „Alfa Romeo“ ја напушта платформата „Giorgio“, која е основа на сегашните модели на брендот – „Giulia“ и „Stelvio“. Таа ќе биде заменета со „STLA-large“, кој исто така ќе го користи „Maserati“.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »