Еве неколку совети како успешно да барате нова работа додека сте на работа.
Може да ја сакате вашата работа или не, може да не ви се допаѓа поради вашиот шеф. Без оглед на причината вие сте одлучиле дека е време за нов работен предизвик во вашиот живот. Во совршениот свет, можете едноставно да дадете отказ и да заминете на одмор на Хаваи чекајќи ја работата од соништата. Но во реалноста работите се поинакви.
Самата потрага по ново работно место е стресна и одзема време, па за да најдете баланс помеѓу овие две работи искористете ги следниве совети:
Не зборувајте во јавност. Можеби чувствувате одговорност да го известите вашиот шеф дека сте во потрага по нова работа, но тој може да ви најде замена пред да го добиете новото работно место.
Не ја занемарувајте моменталната работа. Потрагата по нова работа одзема многу време и енергија, а тоа може лошо да се рефлектира на вашата сегашна работа. Затоа внимавајте како се однесувате доколку не сакате предвреме да добиете отказ.
Побарајте дискреција. Кога сте во потрага по нова работа побарајте дискреција од потенцијалниот работодавец, колку и да звучи чудно тие ќе ве разберат.
Останете позитивни. Не им давајте причина на луѓето да се сомневаат, а тоа подразбира да не обавувате телефонски разговори додека сте на работа, да не се облекувате премногу формално, ниту пак да користите долги паузи за ручек со цел да одите на закажаното интервју.
Не го користете работното време и ресурсите на компанијата. Потрагата по нова работа на работното место е непочитување на вашиот работодавец.Обезбедете се со пребарување за работни места пред и после работа, за време на викендот или за време на пауза.
Останете професионални. Информирањето на вашиот шеф и колеги може да биде најтешкиот дел од процесот. Тие може да се чувствуваат тажно или предадени, но како ќе се справите со објавувањето на веста ќе направи разлика помеѓу напуштање во висок стил и затворена врата засекогаш.
Понудете се да помогнете во наоѓање на вашата замена и доколку е потребно и нејзино обучување.
Со ова може нема да ги усреќите премногу ,но ќе го почитуваат вашиот професионализам.