Промовирани огласи »

Еден компјутерски програмер во просек зема 73.805 денари плата. Толку е во август просечно исплатената нето плата за оваа работа. Инаку секторот информации и комуникации во кој спаѓа и компјутерското програмирање повторно е број еден по висината на исплатена плата, Според податоци на Државниот завод за статистика просекот во овој сектор е 54.893 денари. 

Втор на листата најплатени сектори е Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препрарати каде просечната плата е 52.353 денари, па Воздухопловен транспорт со 46.729 денари. Следуваат финансиски услужни дејности освен осигурување и пензиски фондови каде просечната плата е 46.114 и Останати стручни, научни и технички дејности со просечна плата е 44.944 денари. 

Инаку во август просечната месечна плата се зголемила за 4 отсто. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Стручни, научни и технички дејности (14.0  отсто), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (13.4 отсто) и Други услужни дејности (12.6 отсто). Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Земјоделство, шумарство и рибарство (5.5  отсто), Уметност, забава и рекреација (3.6 отсто) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (3.1 отсто).

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јули 2021 година, изнесува 28. 540 денари.

Промовирани огласи »

САД ги укинаа визите за Хрватска откако земјата ги исполни сите строги услови и повеќе нема да биде во друштво на четири земји од ЕУ на кои се уште им е потребна виза за патување.

Американската амбасада и честиташе на Хрватска на Твитер.

Ако планирате да одите во Соединетите Држави за бизнис или туризам, треба да пополните формулар за апликација ESTA на оваа страница пред да патувате, и тоа е тоа, велат тие во видеото со наслов „До Америка без виза: Хрватска е во Програмата за откажување од виза.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи во септември информираше дека е формирана работна група која ќе има задача за приклучување на Република Северна Македонија кон програмата на САД Visa Waiver, односно укинување на визите за државјаните на нашата земја.

Процесот за укинување визи за нашите државјани за влез во САД е долгорочен и комплексен процес, но со оглед на нашите заложби за зајакнување на постоечкото сојузништво, создадени се условите да го започнеме овој процес. Најголема потврда за тоа е приклучувањето на нашата земја кон НАТО Алијансата, но и напредокот постигнат на полето на безбедноста, како надополнување на нашето стратешко партнерство со САД, рече Османи.

Промовирани огласи »

Некои се согласуваат со своите шефови, а некои не. Тоа не е толку важно ако никому не му смета. Потрудете се да го запознаете добро својот шеф со цел да за да постапувате онака како што тој замислува. Така тој ќе биди добар шеф, а вие ќе бидете задоволни. Овие хороскопски знаци се најдобри шефови, па погледнете далиот вашиот надреден е еден од нив.

Близнаци

Доколку вашиот шеф е роден во знакот на Близнаци, веројатно е љубезен и може да толерира грешки а вие ништо да не забележувате. Води грижа за односите помеѓу вработените, не е строг и се може да реши лесно, доколку сака. Ако не е така тогаш нема да ги обвинува останатите за своите постапки. Тој не сака да работи, но сака да се дружи па тоа му е мотивација.

Рак

Доколку имате Рак шеф, знаете дека тој трпи изговори. Го интересира што правите пред и после работи, се додека работите фокусирано. Се грижи и за вашиот приваетн живот и доколку имате некој проблем радо би ви помогнал. Ако нешто не направите на време, може да се случи тој да го направи тоа наместо вас, а додека се случува тоа не морате да се грижите дека ќе го изгубите своето работно место.

Риби

Доколку вашиот шеф е роден во знакот на Риби, можете да се опуштите. Немојте да доцните на работа, затоа што најверојатно тоа ќе го нервира, но сепак, ако касните, останете малку подолго на работа. Најдете некој заеднички интерес со него, тоа ќе ја зголеми неговата доверба во вас. Ако ви верува, ќе бидете наградени за вашиот труд.

Промовирани огласи »

Програмерите и натаму се со највисоки плати во земјава. Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во август била 28.642 денари.

Највисоки нето плати од 73.805 денари во август зеле компјутерските програмери. Од друга страна со најнизок просек на плата од 16.404 денари се вработените во „заштитните и истражните дејности“. Малку повисок просек на плата од 16.442 денари е исплатена во кожарската индустрија. Во конфекциите, пaк, е исплатена просечна плата од 17.880 денари.

Kaко што објави Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во август 2021 година, во однос на август 2020 година, изнесува 104.0. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Стручни, научни и технички дејности (14.0  отсто), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (13.4 отсто) и Други услужни дејности (12.6 отсто). Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Земјоделство, шумарство и рибарство (5.5  отсто), Уметност, забава и рекреација (3.6 отсто) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (3.1 отсто).

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јули 2021 година, изнесува 28 540 денари.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »