Промовирани огласи »

Германците во текот на годината на работа поминуваат 1.370  часа. 

Ова го покажува анализата на Организацијата за економска соработка и развој. 

Најмногу работат Мексиканците по 2.250 часови, а зад нив се работниците во Костарика кои на работа се 2.230 часа годишно. 

Во Јужна Кореја се работи по 2.110 часа, во Чиле по 1.990 часа, во Русија 1.980 часа. 

Овие податоци даваат поинаква слика за тоа кои народи работат многу, а кои малку. 

Земји во кои многу се работи се Полска, Израел, Португалија и Исланд. 

Помалку работни часови имаат Холанѓаните, Данците, Французите и Белгијците. 

Во „златна средина“ се САД, Италија и Ирска. 

Промовирани огласи »

Во Хрватска еден заварувач може да заработи и до 10.000 куни, а кадар нема. 

Ова занимање важи за дефицитарно во Хрватска. 

Во странство за истата работа се заработува од 2.200 до 5.000 евра. 

Во Борско-посавската жупанија се бараат над 200 заварувачи. 

Ако се неопходни 2-3 заварувачи работодавците се снаоѓаат, но доколку се потребни 20 до 30 луѓе тогаш оди потешко и работниците од други струки не прифаќаат да работат како заварувачи. 

Експертите советуваат дека мора да се работи на преквалификација и на образување на млади кадри. 

Промовирани огласи »

Еден сребрен и три бронзени медали освои тимот на Македонската асоцијација на готвачи и шефови – ГастроМак Македонија, на годинешниот Втор меѓународен кулинарски фестивал, што се одржа во Крањска Гора, Словенија.

Како претставници на националната Асоцијација на готвачи и шефови – ГастроМак Македонија, Игор Атансов и Кристијан Китанов се натпреваруваа во категориите на традиционални и модерни јадења.

Две бронзени медали освои Игор Атанасов во подготовка на традиционално и модерно јадење, додека за истите категории, младиот и талентиран шеф Кристијан Китанов, под менторство на шеф Влатко Ѓоргиевски, освои по едно сребро и бронза. Со кулинарските вештини и креативност, двајцата македонски шефови ги задоволија и највисоките критериуми на натпреварот и ги освоија симпатиите на жирито.

Исклучително сме горди на нашите готвачи за добиените признанија и награди особено ако се има предвид дека се натпреваруваа со готвачи од асоцијации на земји кои се поискусни од нас, но и лидери во гастрономијата во светски рамки’, изјави претседателката на Асоцијацијата ГастроМак, Адријана Алачки.

Промовирани огласи »

Кои се едни од најинтелигентните личности во јавниот свет? Дознајте во продолжение...

Огромен број на личности во јавниот живот би ве изненадиле со тоа колку висок им е процентот на нивната интелигенција иако не се дел од науката. Верувале или не, многу селебрити личности имаат повисок IQ од 140 што ги прави вистински гениј.

Кои се едни од најинтелигентните личности во јавниот свет? Дознајте во продолжение...

Стив Мартин – 142 IQ

Мерил Стрип – 143 IQ

Конан Обрајан – 160 IQ

Џина Дејвис – 140 IQ

Силвестер Сталоне – 160 IQ

Синди Крафорд – 154 IQ

Шерон Стоун – 148 IQ

Дејвид Дучовни – 147 IQ

Лиса Кудроу – 154 IQ

Квентин Тарантино – 160 IQ

Алиша Кис – 154 IQ

Џуди Фостер – 132 IQ

Мет Дејмон – 160 IQ

Никол Кидман – 132 IQ

Томи Ли Џонс – 135 IQ

Мадона – 140 IQ

Џејмс Вудс – 184 IQ

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »